дека ќе почнаааам да учам?? и џабе пак се заебавав и тек од денес асално почнав ..НИКОГАШ НЕ ЕЕЕЕЕ КАСНО
•За оваа нова си ветив дека ќе ги правам работите кои сакам да ги правам и дека нема да се замарам со туѓите мислења •Во новата година си ветив дека ќе бидам потполно нова личност , ќе го заборавам минатото и ќе уживам во новиот живот •дека ќе си го обновам козметичкото катче •Помалку ќе се замарам со мислењата на другите и ќе го кажувам своето мислење и кога сум несигурна •ќе стекнам повеќе самодоверба •...дека ќе живеам по мои гледишта без да обрнувам внимание на тие што не ги бендисува она што го правам.... •прво и основно да правам мене како што ми одговара, доста замарање со туѓи проблеми, да престанам да се срамам, и да не чекам се на тацна, туку да се борам за она што го сакам. • дека нема да ме интересира мислењето на другарките(си имам свое јас) • дека повеке ке посветам време на физичкиот изглед • ќе станам плавуша <3
Дека ќе учам повеќе И за некое чудо не заџабе сум си ветила,си го исполнив тоа . Дај боже и од септември да е така
За оваа година не си ветив ништо, а најверојатно нема ни за наредната. Не треба да е нова година за да ветам нешто, туку треба нешто да се случи, нешто што ќе ме замисли и ќе ме натера да донесам одлука за нешто ново.
Си ветив дека нема да купувам веќе книги. Имам многу залиха а откако ќе ги прочитам купените, ќе продолжам со книги од библиотека. Ќе штедам пари. Си ветив дека ќе поработам на себе. Да бидам уште подобра верзија на себе од што бев оваа година.
Си ветив на сама себе дека ќе се сменам и нема толку лесно да пуштам луѓе во мојот живот. Не секој заслужува и е човек во права смисла на зборот. Годинава поостро
Си ветив дека ќе се оддалечам од сите токсични „другарки“, дека ќе се грижам само за малечково и за саканиот и дека ќе бидам силна за него/неа.
Дека повеќе ќе се завземам за себе си... Па ќе видиме ,пошто не ми е прв пат да го ветам ама некако тешко го исполнувам...
Секој ден си ветувам не само за Нова година.. Ќе ослабнам, ќе вежбам и ќе заличам на човек, а потоа ќе се погрижам за останатото. Нова работа која си ја ветив е дека ќе работам на себе и внатрешно, а не само како до сега на надворешниот изглед. Ќе почнам да медитирам, но за тоа има време, прво треба литературата да ја совладам која ја започнав.. а тоа ќе потрае.