„Нова година, нов(а) јас“ е фраза што често ја слушаме на први јануари. Нормално е да си поставиме цели кои планираме да ги исполниме во новата година, да се потрудиме да бидеме подобри личности, најпрво за самите себе, а потоа и за нашите најблиски. Мислам дека поставување на одредени цели за новата година се одлична идеја да им се даде на луѓето мотивација да направат нешто добро за себе. Кога многу други луѓе исто така имаат своја цел и се стремат кон исполнување на истата, тоа ви помага и на вас да се држите до својата. Еве јас на пример, претходната година одлучив да не јадам многу чоколадо, избегнувам брза храна, возам велосипед колку што е можно повеќе, а оваа година ќе се зачленам во теретана. А нешто што сакам да променам е бојата на косата, но ќе видиме. И тетоважа сакам by the way.
Дека ќе живеам во моментот и ќе поминувам многу повеќе време со домашните и блиските. Претходнава година на сите не научи многу важна лекција, а тоа е ништо да не земаме здраво за готово.
Овојпат не си ветувам ништо затоа што нема потреба од промени, на вистинскиот пат сум, се' ми е добро, полно, рамно. Само да си ги задржам добрите навики и се' ова што го имам.
Немам што да менувам, немам што да си ветам. Само виша сила може да помогне да си дојдат работите на своето.
Ништо не ветувам, немам никакви планови. Претходните се што сум планирала, се заминало по вода. Сфатив ако биде-биде, ако не биде, пак океј.