Има една финта: ги тегнеш ушите надоле, а со очите погледнуваш нагоре (ама во ист момент тоа) и ќе слушнеш Јани или Јени.
Не ги разбирам овие што прво слушале едно, а после друго, али ме потсеќаат на вработениве од работа кога се изговараат: „ама нели на минатиот состанок рековте вака, а не така, ама јас те слушнав рече до петок, а не до среда да се заврши работата...“
Лорел Го слушнав пред некое време, го слушнав кога се отвори темава, го слушнав и у меџувремену уште неколку пати, си дадов шанса да слушнам Јени - ама јок, само Лорел слушам.
Лорел води убедливо, а вие што слушате јани јени да се соберете пред ушно и да видите како понатака низ животот