Слушам Adele - Someone like you, нема потреба од споделување на песната. Изнервиран сум. Ова време обично заспивам со музика (многу често, иако не секоја ноќ), а тоа секогаш е радио, зашто во Македонија, нашите станици само ноќе пуштаат МК-музика. И, секогаш со уживање заспивав, кога ќе чуев некој постар хит ме враќаше години и години наназад... Од вечерва ја немам таа привилегија. Никој од нас. Забраната за емитување на МК музика во Македонија го одземува тоа право на нас, обичните смртници. Уште не ми се верува, отворив и тема на форумов. Затоа, слушам СТРАНСКА музика сакајќи да слушам МАКЕДОНСКА на радио! Во сопствената земја!