Имам право да знам колку години има овој град, во кој ти си сам. Сега улиците се празни, никого не гледаат, а јас имам желба да те допрам... Само сакам да знам дали ќе останеш сам, или посакуваш јас да бидам крај тебе... Имам право да знам како да ги спуштам ангелите на овој град, да ја вратат гордоста и сјајот. И нека секој од нас по еден ангел за љубов и за својот град носи во градите...