Веќе неколку дена, а и сега тоа што го слушам е како дождот капка по капка паѓа и удира по капаците од дрвените ролетни, како удира по ќерамидите и течат низ олуците на бетонот. Вировите направени од тие капки плискаат со секоја помината кола со секој поминат човек и сето тоа магично ме смирува и заспивам.