Бидејќи не можам поинаку , ќе морам да споделам со скриншот и име на артистите и песната Madam Piano ft. Franco Masi - Ethernal love Па знаете ли вие која потрага беше по песнава , значи и ЦИА и ФБИ и сите останати тајни служби би останале подзинати , јутјуб го превртев десет милоини пати , чет џпт беше тотално занемен и збунет , а спотифај се блокира . Никој од наведениве не би ја нашол , зашто јас не паметев што и како се пее , паметев мелодија , милозвучни гласови , девојка со црна долга коса и дечко со плава кратка коса . На крај , случајно ја најдов , само затоа што видов дека Мадам Пиано е балканска пејачка и дека ако не се повлечела од јавната сцена , денес би била светски позната личност . И верувам со оглед на нејзиниот глас .