Не можев да замислам дека песнава е всушност метафора за пазарот на трагедии и лажната загриженост. Doom-scrolling и читање „црни хроники“, како пополнување на егзистенцијална празнина додека некој профитира од тоа и ти ја засилува анксиозноста, и некој друг потоа, „голем политички спасител“ ја „жнее“ твојата анксиозност, ветува стабилен систем во нестабилниот свет, те избавува од самиот тебе додека те спасува од другите, Евреите, црнците, муслиманите, пе*ерите, тие што ќе ти ја украдат работата, политичарите од другата партија, милијардерите, Рептилите, масоните, биг фарма, науката, итн, итн... Профетски. А, сѐ почна од таму што ми се допаѓаа нивните ритам машини, и сѐ уште ги слушам. Каква иронија.
Се сеќавам на онаа (не)славна изјава на Марк Алмонд (веројатно и д-то се чита) дека Нуман ќе биде заборавен до следниот албум, еве го сѐ уште звучи свежо, сѐ уште звучи како „иднината“. Но, да бидам фер и кон Марк. Има интересни работи.