Песнава ме потсетува на правење ајвар, есен, тој период, мирисот го сеќавам кога ќе ја пуштам. Значи прејако ми е како одредени песни ме враќаат на периодот кога ги имам окапувано од слушање, некоја носталгија по некое време у кое ништо посебно не ми се дешавало. Оваа ми беше хит додека имам лупено чушки. Get sexy додека вртиме околу ајварот со саати. Sugababes ден имам, се потсетив на доста нивни хитчиња, ептен ги слушав у средно.