Форумџика на годината 2020

Што сме носеле некогаш, а сега тоа ни е смешно

Дискусија во 'Мода и стил' започната од karina8, 7 јануари 2011.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.540
    Трендовите обично после неколку сезони стануваат пародија на самите себе.Кои се трендовите кои пред 2-5-10-20 години беа ултрахит, а сега се смешни :?: Постојат ли модни парчиња кои некогаш сте ги имале или силно сте ги посакувале а денес ви е смешно кога ќе се сетите на нив или ќе ги погледните старите фотографии.
    Или постоел ли некогаш некаков тренд кој вам лично ви бил одвратен и едвај сте чекале да излезе од мода за да не го гледате повеќе во вашата околина?
     
    На Kim.Kardashian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.192
    Oние греачине во дречави бои- розеви,зелени, портокалови, пластичните менѓуши исто со дречави бои, карирани суќњи, и сите сукњи од Tеранова 2003та...Tопуцине ко роботи, и оние маички ко риги, една лента дреч зелена, една бела и се така! (јак тренд беа пред 6години, немаше некоја што ги нема)

    едит заборавив

    PHARD |( |( |( |(
     

    Прикачени фајлови:

    • phard.jpg
      phard.jpg
      Големина на фајлот:
      24,1 KB
      Прегледи:
      2.579
  3. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    134
    охохоооооооо колку само такви работи имам...цццц, ми се иде да се убијам коа се сетам шо имам носено на мене :|
    се сеќавам едни фармерки ко небо со облаци имаа боја, широки не можам да опишам колку, ама ги изнаносив бе, се у нив си бев мн ги сакав (второ одделение, дамнешна 2000година негде ке дојде), потоа едни розе чизмички „топузи„ мајка ми шо вика, абе колку ги сакав, ама кутрите од шо мн убави и квалитетни, вториот месец си скинаа и иако тогаш се нервирав сеа се радувам, барем не сум се глупирала толку време со нив :| :| друго ко ке ми текни ке пишам :)
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    12.833
    Прво што ми текнува се оние популарните "топуци". Ееее колку кенкав за тие.. нозе да си скршиш.

    А инаку ми е мерак што никад не сум купила ‘‘манија‘‘ патики. Аааа колку ме нервираат. Како може да одиш у тоа, незаврзан. :^)
     
  5. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Хахахаххаахаха добра тема, кога ќе ми текне колку имам плачено за топуци..хахахахха :tmi: а ѕвонарки фармерки што имав едни доле со ѕвезди,омилени ми беа негде 2-3 одд. хахахаххахах а да не ги заборавам и блузите со гол стомак, а фармерка под пупак :D :D :D :lol:
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.296
    Најодвратно нешто......Scream топуци лелееее ужаснотии :puke: па тоа боите, па тоа моделот ......хахахаха
    Кога гледам дел од алиштата што сум ги носела, се чудам хаха
    Во секој случај ќе си ги чувам 8)
     
    На Kim.Kardashian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.884
    леле кога ке се сетам дека едно време,кога беше "мода" цревено,кога сите носеја,сите во црвено |( и јас носев,па и таа мода со точки што беше,незнам како сум го обожавала на времето :wasntme: и се секавате кога наеднаш сите носеа венчиња за коса со панделка?и јас носев :rofl: :rofl: :tmi:
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.319
    Нема да си ги заборавам dc и roxy патиките, со разни врвци колку ги сакав :D
    Ѕвонарки, топуци, монтки, панталони со висок струк.
    Во осмо одд памтам од грција мајка ми ми ги купи првите цевка фармерки со низок струк, не ги соблекував :D
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Уф, една ли грешка било. :sweat:
    :D

    Ми текнува на најраната доба и хоророт наречен - бициклистички.

    Едно време беа модерни оние тексас корсети, сукњички на шнирање, со врвки и реси, :puke: да земе човек и да се убие како од глава до пети сме се шетале во тексас.

    Ми текнува во 8мо одд. за таа фамозна полуматура нешто во мода крикнаа розево, виолетово и небесно сино и сите осамнавме во тие бои :D
    Јас од тоа време, имам едно ... палто, мантилче, како да го наречам, облечено ми е дури еднаш - тогаш и никогаш, мајка ми не сака да го џитне, мода ќе му се вратело :D
    Мхм, секако.

    Леле, ќе го сликнам сега и ќе го прикачам, сакам постов да ми е комплетен, па заеднички и јас на себе и вие да му удриме невиден СЕИР !!!
    :rofl:

    Еве сега го вадам од плакар за фоткање и татко ми се најде увреден - ми вика, колку скапо ти го платив :( , ахаа, ќе видиш ти, ќе му се врати мода!
    Мхм, се се плашам дека ќе му се врати, заборавив да го напоменам делот потпунка.

    И ве молам драги другарчиња ако имате вакви антиквитети, прикачете ги да се посмееме здраво, не бидете себични и срамежливи, знам дека во сечиј плакар се крие... чудовиште.
    :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Horor.JPG
      Horor.JPG
      Големина на фајлот:
      226,8 KB
      Прегледи:
      2.551
    На teressa, MarchelineAmaru, ohoho и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.646
    Фаремрка -што пошироко во звонот тоа поубаво- :!: :puke: Ај топуците да не ги спомнувам и јас гледам сите сте ги спомнале :D Ааа и пластичниот накит во дреч бои-врвот :lol:
     
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.837
    Највише се смеам кога ќе видам една слика каде што носам Оникс топуци - бордо боја, ѕвонарка со струк до под гради и округли наочари за сонце, вакви :o
    [​IMG]

    :D :D :D
     
    На lackygirl, LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Леле какво темиште! :clap: :D

    Јас се имам зацртано во меморија како многу модерно и стилско дете. Плус нали завршив во „елитна“ гимназија каде што прашањето „од кај ти е?“ беше алфа и омега на школското секојдневие, па сеуште во главчево си викам - ма со стил сме биле ние. Ахам да! Верувале или не пред некое време ги чепкав старите фотографии од разноразни патронати и матурски, се срамев еј! Жими кривиов лакт на десната рака!

    ОК, старките т.е. конверсот кои ми беа заштитен знак, за тие до ден денес тврдам дека се патика No. 1.
    Носев многу често комбинезонки, па едната трака ја пуштав чат пат, тој стајлинг ми одговараше со Beastie Boys кои ми трештеа во walkman-от :tmi:
    Е не го разбрав моментот со фармерките кои ги дигавме до половина. Кај ли сме ги носеле? До небо ли? Не ли ме болело бре на она место?! Ауч! (тоа најдов слика од 8мо одделение со фармеркиве занесени скоро до гради) И секако во комбинација со многу кратки, широки маичиња. Ужас, бре ужас. Како оние набилдани типци кои носат исечени широки маици. :tmi:
    Не го разбрав моментот со оние широки сукњи со логото на Dirty dancing или ламбада. Ама знам дека мајка ми не ми купи таква а јас им ја завидував на сите. Абе ќе си пукнев од мака што ја немам. Ах мамо, сега одговорно тврдам - ФАЛА ти!
    Кога беше популарно Беверли Хилс сите носевме бициклистички и гледавме дали ни се вистински. Па носевме сукњи врз нив.
    Монтки!!! :rock: Диадора имав јас, од оние што се носеа од една и друга страна.

    И да - кремчиња и тулумби на косиве. Цела Македонија да ја покриеш со тоа кремчиштето истегнато. Абе Ванила Ајс стајлинг, што да ви кажам!

    И да за крај како што веќе спомна и Трендафилка - потпунки! Што момент ќе беше тоа па?! Со дупли раменици да шеташ :D

    Сигурно има уште многу модни моменти кои ми се смешни ама има и многу кои се вратија и воскреснаа. Ајде да видиме што ќе биде следно.

    Едит. Среќичке, тие се викаа ленонки ти текнува? :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Ехеее едно да е добро ќе да е. Мене дефинитвно хит ми беа waikiki маиците, ама по шо бев многу ситно едно три броја поголеми.Портокаловата ја комбинирав со зелени трициклиситчки а имав и лилава таа ми одеше демек на се :D . Па диадорите монтки, сакаш зелено сакаш лилаво...одиш и летаат перуви по тебе :lol: . А имав и едни патики што светат кога одиш..е тие ми беа шема, нема :lol: .Шо плачки имаше кога престанаа да светат..
     
    На * Zence * и machorka им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    67.901
    Прва работа на која се сетив - кремче! Што повисоко, тоа подобро. А мене таква ми е косата, па тоса кремчето така лесно ми се правеше, уште кога ќе го зацементирав со најсилниот гел, ух, тоа беше тоа!

    Умирам од смеење на сликите на брат ми кој е неколку години постар од мене. Средно, сите со бели чорапи и црни кондури. Последен хит!

    Ми текнува и на некои кондури со некое желевце од напред. Не ми е јасна сликава, ама знам дека беа апсолутен хит.

    Монтки - значи и објаснуваш на другарка ти за некој тип од школо од друга година или клас што ти се свиѓа, а она те прашува каква монтка носи. ЗНак на распознавање - боја на монтка. И им ги памтам мбоите на монтките на сите што ми се свиѓаа тие години :) Дури и некои што не ми се свиѓаа уште знам какви монтки имаа :D

    Беа погоре спомнати бициклистички под сукња. Страшна раббота.

    Ау да, како можев да ги заборавам испокинатите фармерки! Купуваш нови, и ги кинеш. Што ли сме мислеле тогаш???

    Ленонки. Кој нема - не е фраер!

    Сега ќе земам да разгледувам по стари фотографии, ме фати носталгија :D
     
    На MarchelineAmaru, machorka, slobodka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.060
    Пол:
    Женски
    Проѕирни сандали - на нашки.Чинам никогаш нема да преболам , сум шетала во такви !
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Ама дали приметувате дека многу од работите и сега се во мода само во видеоизменето издание.

    -Хеланки и сега се аааааапсолутен хит. (само не во дречливи бои :lol: )
    - Потпунки не се носат, ама затоа блузи и јакни со подигнати ракави и тоа како се носат. Слично е, само сега се шијат поинаку, без потпунки ама ефектот е речиси тој.
    - Монтки не се носат такви широки долги, ама се носат потесни струкирани.
    - Оваа година пак се вратија во мода грејачите (добро во малку понормални не дречливи бои :lol: )
    - Чипката и тоа како се врати во мода пак
    - Звонарки не се носат до толку изразени, ама пак се модерни.
    - Оној неубав висок струк на фармерки и панталони е заменет со струкиран висок струк
    - Топуци чат пат пак знаат да носат. Еве ви ја носата колекција на Кензо
    [​IMG]
    Си ги вративте мемориите :rofl:
    - и за крај среќа пак не се во мода голите стомаци сеуште!!!! :rofl:
     
    На presiosaP, MarchelineAmaru, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    Росонерче не го заборавај и коланот на половина. И тој бил хит порано и сега се носи, само поинаков :)
    Исто и наочари што ги викавме Тегли :lol: Ете сега пак се на мода гледам,такви како што носеше Тони Зен :)
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.298
    Пол:
    Женски
    [​IMG] никогаш не сум имала вакви но знам едно време многу сакав да имам вакви,каде ми бил паметот :?: но :!: сум се свестила не сум си купила.
    Btw пред еден месец една моја сокласничка што сеуште носе ѕвонарки фармерки дојде со вакви на школо само плави :puke: кога ја видов свест ми се заврте :lol:
    Боди и фармерка со висок струк :puke:
    [​IMG]
    Портокалов џинс... :lol:
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.540
    Се сеќавам кога беше на мода зелено и жолто |( Па сите зелено и жолто носеа, незнам колку се сеќавате на тој период :?: :lol: Јас често инспирирана од модерните ми друшки знаев да си запеам зелено-жути свет :D

    И да се навратам во ранато ми детство кога се носеаа оние монтки, како поларна мечка бев во таа што ја имав :tmi: Па имаше некои и со две лица, и ракавите се вадеа елек се правеа исто.Абе практична работа имаш две различни јакни, а плус и елек :lol: Е сега чудете се зошто е криза, па кога не правам такви практични парчиња мора многу повеќе да купуваме и да се трошиме :wasntme:

    А за овие топуци, уште се смеам.А имам една професорка до ден денес носи..и освен со такви нема шанси да ја видите во други обувки.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    53.598
    Пол:
    Женски
    Лелеее имав една монтка лилава (колку се радував што ми беше оригинал со пердуви :D ) едно два-триесет броја поголема. До колена беше бре. А се носеа подвиткани :D . Е тоа барем не го правев - среќа, зашто ќе бев прав балон. Со другарка ми искинавме по едни фармерки, ставивме мали шарпи на глава (ви текнува, како триаголник се носеа подврзани назад), тексас јакни, ленонки, стартки (од на пазар) - и така одевме на англиски. :rofl: Мислевме дека многу јаки типки сме.
    Трендафилке и јас имам слично такво мантилче, само црно и со дебела постава. Демек кожно, ама кај што се превиткуваше му остануваа црти. :D
    А тие кондурите со желевца што беа погоре спомнати, се викаа петсто кец (501)
    Е вака нешто беа само со железо напред:
    [​IMG]
    Eeee, не беше шала да носиш петсто кец.
    Имав црвени фармерки што ги носев со црвени кондури. :tmi:
    Ако случајно ги најдам кондурите во плакар, прво ќе си ги удрам од глава, па ќе ги сликам да ви ги покажам. :D
    Се надевам дека се фрлени, ама не можам и да знам, зашто јас кога ќе фрлев нешто порано, баба ми пак го прибираше :tmi:
     
    На crazylady, MarchelineAmaru и senza.parole им се допаѓа ова.