Незнам дали ги имаме спомнато, али сигурно се секавате на тие стегачите за коса со листови, како цвет, ги имав во сите бои зелена, жолта, розева, сина... а жолтата ми беше омилената, колку прекрасно и дотерано се чувствував кога го носев стегачот Инаку мислчам дека сеуште ги чувам тие..
Ташни со дрвена рачка и во цветни бои там даааааам! И левис фармерки 501 или нивна имитација.... и најјакиот дел вокмени со касети од спајс грл иф ју вона би мај лавр хахахахахахаха
Ѕвонаркиииии јаоооо Јас имав едни темен тексас,и доле каде што беа најшироки(не знам како не сум се заплеткала и да си искршам глава со нив) имаа како парчиња мислиш шлиц од светло син сомот!!!!!!!!!! Ау колку ми биле омилени! И имав омилена жолта маичка со гол стомак! Среќа не сум го пратела трендот со топуците,никогаш не сум носела!
Се сеќавате ли на едни пеперутки како шнолчиња? Значи цел Охрид го пребарав и морам да најдам такво нешто, буквално бев заљубена во нив !
Леле колку слатки спомени во темава. Јас се разнежнив гледајќи ги сликите. Речиси се што е постирано носев. А некои работи би ги носела и сега или на пр карирани кошули си носам и многу ми се убави и многу си ги сакам исто како и старките. И не верувам дека некогаш ќе го променам мислењето за нив. Инаку со задоволство би играла и сега со тоа како федер пластичен што беше во боите на виножитото. А додека ја разгледував темата се сетив на едни патики тегет боја со бела гума и сите носевме такви и машки и женски. Не знам дали ќе се сетите. Се продаваа во „Орка“. Па едно време носевме пантолончиња кратки со елече комплет џинс во жолта,зелена,црвена боја. И едни цветни хеланки. Ех...времиња
Вакви патичиња, шема бев И онака по цел ден бев надвор, барем навечер ме гледаше мајка ми каде сум, светкав како драчевски голф-2
Овие на ремче и со 2 до 4 прозорчиња напред... Лелееее, душата им` извадив, тегет имав и на бело чорапче превиткано, .
^ eee да имам детуле сега пак би му купила вакви. Зашто баш се убавки и слатки. Тоа е детско чевличе за све времена
Морам да признаам дека од тогаш само старките би ги носела, да не беа прастари и скинати Се друго е за во некое најскриено ќоше, некаде каде што ни јас самата нема да сакам да ѕирнам а да не потонам од срам Ми текнува дека едно време се носеа потпунки на блузи, маички......леле колку смешно сме изгледале во нив, толку малецки Врв на се ми се бициклистичките црни, обавезно со дреч трака од страна. И нормално, кратките маички беа the highlight
Не можам да престанам да се смеам! Е ова сме носеле! Добро бе, не ли не болел Spoiler клиторисот со вакво дигање на фармерка до груда?
Тие огромни палта и монтки, кои собираат уште еден човек до тебе во нив. Сега да ги облечам ми се преголеми, а тогаш... И да, Маниа топуците Се чудам тогаш на што личев?!?!
Бициклистички на прво место, во сите бои ги имав....лелеле....коа ќе ми текне колку ги обожавав ме пука смеа Монтки, кошулчиња со потпунки, патичиња што светкаат итн.
А ви текнува ли на едни зелени сакоа и виолетови кошули ?? На сите свадби сите се со тие бои испосликани, вери стајлиш биле. Или па виолетова основа, а одозгора испошлакано со други бои. Сигурно знаете за што викам, се отепав од слика барање а нема. Најтрагично ми е кога некој уште си носи такви работи, и сликан е со нив на првиот роденден на детето, па на вториот и на крај сликан е со истата кошула на матура на детево. И таква шарена машна, плус мустаќи плус фризура Гоце Арнаудов - џигерица стајл.
ахаххахаххахаххаха да да, ова е врвот ! инаку никогаш не би носела ѕвонарки фармерки, иако сега гледам по модниве сајтови повторно ке дојдат во мода !