Леле типкиве од позади со потпунки на раменици и хеланки,тенки каиши ..модава се враќа А и танцувањево хахах http://www.youtube.com/watch?v=ag46iNZU ... re=related
Аууу, кога ке ми текне на едни Spoiler ВАКВА ЗЕЛЕНА БОЈА ѕвонарки...па уште во комбинација со розова маичка дека еднаш ги носев... Па ми иде до јадрото на земјинава топка да се закопам и потрупам со кравји измет од срам. Едит: А да, и светло розови топуци со црн ѓон имав. Ех... „вкус“ и „мода“...
Бела маичка со голо стомаче а широка што да ти кажувам, на едната страна пишуваше YES а на другата NO... Розеви карирани панталони цевка (барем не беа ѕвонарки) а инаку бев ко кловн... А за фризурата немам коментар, или пуштена со "кремче" здрвено со кило гел, или реп со две мали шишки напред итн. итн. итн.
Изгледа само ја не сум носела топуци уште тогаш ми беа грди иначе иам носено едни сини сомот пантолони па ѕвонарки, некои портокалови маици... На друго не ми текнува
па ништо не ми е баш смешно се во свое време ама оние ѕвонарка панталонаа ауууу .. иначе топуците ми беа многу смешни и грди па затоа не сум носела нешто по кич здравје
Фармерки ѕвонарки со висок струк, зимно време-ролка и блуза на кратки ракави над неа (многу често со другарките се смееме за оваа комбинација оти сите така си носевме)
Фармерки ѕвонарки со висок струк ми беа хит Па мајчки во драч бои и секако гол стомак па мода сум следела Фризурата разбушавена како не исчешлана со 2-3 кел или пена на неа! Абе модааа
Монтката моја дреч портокалова ,како што носат комуналцине Капак на се ,величината одговараше на човек од метро и осумдесет ,а не беба од едвај метро и десет Од 5 километри ме познаваа кога одев за на училиште Претесни блузичиња исто така во дречливи бои ,плетени туники 3 броја поголеми ...Хеланки кои задолжително одговараат на бојата на дебелата туника ... Подвижни скечови бевме ,како си ги лечеа комплексите со нас овие мајкиве
многу ми е смешно сеа кога ќе ми текне дека сум носела само лаковани кондурчиња и никакви други само за такви плачев а тие сијаат ли сијаат исто така многу ги носев и неизбежните топуци, на пример едно девојче од класот ке купи такви и одма сите по нејзе исти такви во различни бои се секавам на едни розеви што ги имав абе колената си ги испокршив со нив. Ах кога ќе ми текне што се сум носела... хахаха
Чевлички Доктор Мартенс со тоа металното ко огледалце Spoiler (Ко во вицот со мали Ѓокица ,ко и ги гледал гаќите на учителката преку огледалцето ) Виножитните стегачи ,на се да ни одговараат Дијадорите ,мајко мила! На кој паметњакович ли им истекна таква вентијага за деца?!? Цепажи!
Хаха интересна тема. Дефинитивно хеланки ѕвонарки. Се сеќавам бев 4 одделение па пред идење у школо пола саат ги тегнев да ми бидат по ѕвонасти хаха. Исто така кога беше модата со нежните бои и розевите и лилаковите сукнички цели ликра. А за топуците немам зборови. Имав една другарка од одделението таа секогаш купуваше абе коа ке дојдеше на школо ние околу неа сите. Колку сум плачела по топуци хаха.
оуиии .. имав плишани панталони ѕвонарка розови кошула розева и топуци розеви ахахаха само кога се сетам зелена маиЧка на рески и хеланка ѕвонарка .. еднаш за една нова година шиев кратка розева сукња она сатеннн и блуза без еден ракав и топуци кафени кај иде бре тоа само кога ја погледнам сликата ми се иде да ја искинам пуста мода бее
Прво ми текнува на топуцине, во 3то имав едни чизми на топуци, а доле пред зграда имаше една продавница со апостолки на топук, и сон ми беше да ги имам, ама се големи броеви имаше, штета. Незнам за патики што светкаат, ама јас имав апостолки што светкаат, само ми се потеше ногата ама од пуста желба да се пофалам стално ги носев. Исто и едни сукњи разлетани, 3-4 пара имав од тие, многу си ги сакав.После Жаде алката, и со братучедка ми земавме шамии и игравме бели денсинг. Исто и блузи со реси, и едни алки пластични со лижавче цуцла, одкога ќе го изедеш лижавчето тоа пластичното на рака. И да, едни наочари вакви. А вакво ланче и алка ми донесоа за 12 роденден, и веќе никогаш не видеа бел ден.
Ете такви јакни како што е на сликата кај Сани,портокалови широки панталони,патики што светкаат или со триста сребрени светки,траперки ( јас не си купив овакви кога се носеа ама сите што ги познавав си купија ),панталони со реси и друго не ми текнува.
Мене ми текна на оние комплетчиња што ги носевме памучни ѕвонарки со маиче и целите шарени.Јас имав зелени со цветови леле мори мајко шарено,шарено од авион да ме видиш hock: Исто имав од оние топуци чизми хахах уште не ми е јасно како нозе не сум искршила па и колку се грди леле Некој го спомна стегачот како виножито кој беше неизбежен мислам дека немаше девојче а да нема ваков стегач. Морав да додадам,сега ми текна на фармерките во варакина што ги правевме побелени...врзи во чвор фармерката и стај во варакина и демек коку по шарени толку помодерни Ќе се убијам хахаха