Оние зимски капчиња со ѕвончиња на нив. Ама помали бевме тогаш, па сепак.. Маички во дречливи бои (зелена, жолта, портокалова...). Фармерки ѕвонарки, избелени кај колената. Имав едни со ланци, многу си ги сакав тие. Монтките ќе ги заборавев. Ехеее, нема кој нема беше работава. Јас портокалова си имав.
аууф коа ќе и текне како мала колку сум ги носела КЛОМПИТЕ за играње у двор.сега,кога ќе се сетам прснувам од смеење
Сомот. (не знам дали така се вика) Имам една сомотна сукња ја чувам уште,а само една сум ја облекла за на свадба, тогаш беше у мода.
Купаќи со војничка шара. Ах,детенце. Spoiler Но и тоа е подобро од тоа што децата го носат денеска,летоска кога бев во Струга,видов дете со танги,боже сачувај
Полошо од ѕвонарки, сомотски ѕвонарки!! Кога ќе ми текне колку се носеа ми се превртува стомакот. Сомотот беше хит материјал, затоа сега бегам кога ќе видам нешто такво.
Блузичињата со гол стомак,ллелел кога ќе ми текне пред зграда сите со такви облечени Тие едни бициклиситчки што беа,после траперките со дезени со цветчиња.. Смешки,шнолките со пеперутки,шнолите вошки. Патичињата со светкање одпозади,имав и такви едни влечки или сандалчиња гумени незнам што беа не памтам.Топузите,тие кондурите.Тананам..Лудило. Тие маичињата со рески што беа,е јас имав такво портокалово комплетче со такви кратки патолончиња,абе иста ко кловн бев. Едни кломпи во разни бои јас имав портокалови и одозгора имаа едно ремче со цветчиња во разни бои. Тие блузичињата што беа со ракавите тесни и долу широки ко траперки мал дел И уште многу многу други,што во моментов не ми текнуваат,блокирана сум Ми се спие
А се сеќавате на светките под око? Или евентуално самолепливи апликации што ги имаше.. Јас немав ѕвонарки иако очајно ги посакував. Мајка ми не ми даваше под изговор дека многу ќе ми било ладно зимоска, ама затоа имав розеви топуци и бев олсо ноун ас девојчето со топуците. А кога ми се скинаа се дупнав од плачење. Гревче.
Леле што имав едни сомотни црвени широки панталончиња - просто ги обожавав. Ама кога ќе се видам на слика се газам од смеење. Имав и едни кондури - црвено бели, како патка бев во нив
Фала богу никогаш не сум била жртва на тие хеланки. Ама затоа Phard. Оф мори мајко. Четврто одделение бев и ајде ептен ми беше мерак ми купија моите старки од Фард цели бели со црвен ситен фонт испишано phard, phard, phard. Зини земјо голтни ме. Истата година плачев дома по една маичка од Фемили Шоп. Бела, со сребрени букви по неа и на крајот од ракавите и горе кај вратот имаше грчки израз мислам и тиркизна плетка материјал беа тие. Јао.
Кога ќе ми текне само.... Трегери хаха, греачи во некои дреч бои или на риги..хеланки наместо фармерки пропаст
Топук чизма колку плачев за нив а они прави тракторки они каишите у сите бои огромни шо беа , имав и една бела кожна јакна синџирите за фармерки ,они каирани суќни како од униформи школски што се , има многу работи не ми текнуваат кога бев 15 -16 години коа се обидував да станам мома многу утки праев ама и таква беше модата хаххах
Тие глупавите топуци, Боже името само зар не ни објасни се? Ама мене сепак врв ми е кломпите. Се сеќава уште некој? Од оние со дрвено доле, а одозгора со жолт/плав/зелен/црвен/бел материјал чуден, од надворешна страна пластика од внатре некој штоф. И цветчиња имаа на ремчето и беа толку фенси што може да се носат и како папучи и како сандали. Леле колку само тропаа, во прво одделение мислиш армија шета низ ходници. Јас имав жолти да се пофалам и се сеќавам колку рикав плачев за нив. Дури еднаш мислам ја згазнав мајка ми, можам само да замислам колку ја болело. Ќе ги барам дома, жими се, да си ги ставам како декорација.