Кога бев мала не обрнував многу внимание на тоа што ќе носам, моите ме облекуваа, но сега кога ги гледам сликите сфаќам дека и на моите не им било битно. Многу брзо се менува модата денешно време не можеш да ја стигнеш ! Па сее е смешно од пред 5-6 години...
Точно така. Се сеќавам на оние сомотните ѕвонарки од тетка ми за роденден. Си ги носев секој ден на училиште (во прво одд.).
И јас ја почитував оваа комбинација. Имав еден елек/ блузон со вонземјанец, на него пишуваше take me to you DEALER! Значи не LEADER туку DEALER (ама покасно моите го забележаа натписот...многу покасно ) -а јас 6то или 7мо одделение И под него обавезно маичка на риги со долги ракави. Звонарки, аууу ко се појавив у школо со едни тексас као искинати па штепувани главна звезда бев И топуци на нозете ама едни имав два пара, зелен и портокалов неон исто со марсовец, како боцки имаа на тоа гумата... Леле ко ќе ми текне само
И јас кога бев мала мама ме облекуваше, и пред неколку месеца другарка ми објави слика од 5то одделение.. Леле луѓе која брука Јас таа слика не ни знаев дека постои.. Значи сум носела темно розеви чорапчиња, црвени патики со бело, темно виолетови панталони кои ми биле нешто подолги од три четврт а пократки од обични панталони(од оние со светкав материјал, сомот или како се викаа), светло виолетова кратка блуза и жолта шнола И како помала носев широки фармерки кои и ден денес ми се широки
Секогаш кога ке ги отворам старите албуми,преполни со прашина ..копнеам по тоа да ги отворам и да почнамда разгледувам каква сум била како мала. И секогаш кога ги отварам се гледам како ме облекувале.Во тоа време најмодерно,а сега веке заостанато. Но се се врти во круг,така да тоа мислам дека ке дојде повторн на мода. Како што се случувало и понапред ..
Се приклучувам и јас, звонарките во сите можни бои и материјали А оние високите чорапи на линии, леле кога ќе ми текне Надвор топло, ама ние во чорапи до колена. Абе мода ли беше, што ли беше тогаш
Ах таа Елена Ристевска, ја облече цела Македонија( вклучувајќи ме и мене ) во доколенки на риги Нешто што денес не би облекла па макар и милион долари да ми дадат се маичките со гол стомак, кога ќе се видам на слики ми иде да се прснам од смеење.
Уште од мала сама си одбирав облека, но имам некои утки што сега ми се смешни - темно ЦРВЕНИ чорапи со пупина, розово фустанче ( ко балон бев во него ) и ПОРТОКАЛОВА шнола - зелени бермуди, розова блуза, портокалова шнола ( ако не ја ставев, не излегував од дома ) и црвени пупина со дебели црвени чорапи имам уште неколку вакви "комбинации" што кога ќе се видам на слики ми иди да се закопам в земја
Ја никогаш нема да си го опростам "кремчето" на шишката,не е облека ама тоа најмногу ме погаѓа кога ги гледам сликите од "тоа"време
Уште како мала сум обожавала фустани го памтам едно фустанче кое никој не смееше да ми го чепни,кога некој ќе ми чепнел на сиот глас сум пискала и викала:Аааа фустааанооттт немоојјј!!! Како бубамара бев во него црвено со бели дамки и црвени чевлички
Лелеее звонарките ги обожавав порано,ми иде да се убијам сега кога ќе помислам на нив и на уште многу глупави парчиња облека кои јас ги сметав за најголема мода...Божее хаха
Ѕвонарки како прво. Тоа е за мене најголема утка, толку грди никакви. Фуј Ама сепак тогаш и баш сме немале право на избор поради тоа што мајките не облекувале. Е сега кога видам некој со ѕвонарки ми доаѓа да земам една ножица и да ги исечам, искрено. Па за*би тоа ѕвонарки панталони. Имав и една таква блуза, како ѕвонарки на ракавите. Циркузи... Не знам како се викаат таквите блузи ама ми се подеднакво грди како и ѕвонарките. А ѕвонарки и таква блуза е комбинација из снова.