Zvonarkite bea hit so vezeni cvetovi na niv, so monistri i trista cuda haha, ali gleam sea popoleka ke se vratat i kaj nas ima ubavi modeli samo treba dobro da se iskombiniraat
Jа превртив темата и се потсетив на детството и времето кога бев тинејџерка. Инаку модата и тоа како се враќа па повеќето од вас што никогаш нема би облекле ѕвонарки, топуци, тексак на тексас, маички со гол стомак, фармерки комбинизон (како и да се пишува зборов), наскоро ќе се појават во "Каде да купам" со муабет: Итно ми требаат ѕвонарки, каде да најдам, небитна цена во тој и тој град? Е тогаш има да има смеење, па и сега се носат кратки маички, фармерки узврат и тексас на тексас како и миле деталите. Така што не велете дека нема нешто никогаш да носите повторно. Се сомневам дека голем број на жени ќе останат фан на скини џинс по цена да бидат "демоде". Не зборам лично за некој тука или за сите вас. Општо само Убав викенд
Ѕвонарки, блузи со широки ракави и уште милион различни модни трендови кои што поминале, но во своето време биле ок и широко прифатени. Не треба на тоа да се гледа како фууууј, туку како период од животот. Верувам дека и тоа што масовно се носи денес, за неколку сезони нема да биде актуелно повеќе. Модата се движи паралелно со времето.
Мода - 1985 година... Се е со потполнки на рамената, нашиени големи џебови, машни, цветен дезен... И... да за матура „обавезно“ се носеа чипкани ракавици!!!
Јас како што приметувам се враќа модата од касните 90-ти.. висок струк, кратки маичиња, ранчиња,темни кармини и сл. ова се е одлика на модата од 90-те, а модата на секои 10 до15 години се повторува т.е одредени парчиња од минатите периоди...мене ми годи затоа што најубав период ми се 90-те.
Кошулите со ѕвонести ракави и со алти како лигарник напред,кој можеше да се носи или со тоа или без. Карирани кошули долги;на средина напред и назад подолги а странично пократки,нешто како V. Ѕвонестите панталони. Плисирани суќни. Марами какоо каубојските,па дури и кожени елеци со реси.
Најпрво што ми текна се бициклистички (имево ) Имав едни црни со зелено од страна. Па ѕвонарки едни што имав, 10 нозе собираше во нив. Па уште по дожд кога ги носев, шлап едната, шлап другата, се мафтаа натаму, наваму, абе утоп до гз се правев. Па една монтка дреч црвена, па едни бели панталони целите со светки. И еден куп плишани ствари. Особено сукњички. Па влечки, како погоре што има на сликата, такви на матура носев, бели, комбинирани со розе панталона. Абе ептен у мода сум си била.
Имаше еден смешен тренд додека бев второ или трето одделение, се носеа фармерки и некоја сукњичка одозгора над фармерките. Среќна сум што иако многу настојував, мајка ми никогаш не ми дозволи да се облечам така.
Маица по долги или кратки и врз неа по прерамки маица леле да да да..некоја девојка го пишала ова погоре и ми текна дека и јас имам носено Имам носено фармерки со такозвани трегери..или фармерки со ланци закачени на џеб да висат..Сум имала и некои си емо денови,сум носела греачи не само на нозе туку и на раце Хаос!!!
Пластични обетки. Чизми со полна пета, од оние 5 см високи напред и назад... Бљак. Лош период тинејџерство
Ни мене... Ама во замена добив од поевтините Диадора, или па некоја копија Диабора или Биадора не се сеќевам. Од оние сличните на монтка, само платнена, со две лица, едната страна окер, другата тегет, и кога ќе се смкнеа сите пердуви во долниот дел инстантно добиваш обем на колкови 180цм. Штета што не можам да најдам слика.