Ќе умрам жими се ја имав ваква виолетова, ја чуваме уште, мајка со неа искача до подрум у зимно време и до балкон кога пече костени И се вадат и ракавите уствари, со копчиња се такви, прелоша.
КОЛКУ ТРЕБА, ДА СЕ ПЛАТИ, ЗА ДА БИДЕ УТРЕ МОЈА? Неисполнета желба ми беше виолетова монтка, но моите ги мразеа дречавите бои. Добив многу, многу поубава јакна на изглед, ама тогаш со тој детски памет не го разбирав тоа.
Mишелке за тебе кајче бесплатно, ќе ти ја пратам по брза пошта, само да не ја носи веќе. Ама она упорно ја носи, она ко си ја платил и маста и ја вадиш додека не се скине. Луѓе не е скината уште мислам сега е само без ракавите затоа и влага на мајка ми, ама се закопчува што е најтрагично, не знам како, изгледа тогаш било хит три броја поголеми јакни да се купуваат. Туку на темава, кога сум веќе тука. Хев ју мет Шелдон Купер ака Шели? Ja иам познаник што се облекува исто ко него,сега во денешницата
^Мојот прв дечко имаше тегет монтка и по потреба си ги вадеше ракавите хахаха Ама уште тогаш ми беше неверојатно грда.
И дечко ми уште носи вака маичка по кратки врз маица по долги. (Фејспалм) Штета што немам толку слободно време во животов да му направам зафрканција за ова, не ми текнало. ОК, ми текнало ама и онака повеќе го гледам соблечен него ли облечен, ми е гајле што го глуми Купер во слободно време.
Бев во хеви-метал-мерлин-менсон--пубертетско-никој-не-ме-разбира-емо фаза, а модните бисери ми беа: (И не, на ја извлеков од вратот на локалниот пит бул) Иииии.... wait for it..... Не ми одеа со целиот стил на подземен гробиштољубител, ама пусти мерак.
Мене во сеќавање ми е гардеробата која секогаш ни ја купуваа во поголем број. Порано мислам немаше машки/ женски фармерки некако се исто беше. Знам едни фармерки Мави Џинс на времето имаше и толку мерак имав за нив и ми ги купија а тие од горе до доле ногавицата иста ширина. Јас ги подвиткав и така цепав. Инаку модата се враќа, порано носевме маици со гол стомак, сеа пак почнаа, гледам и звонарките и траперките се враќаат во мода. Панталони во висок струк и мн др работи.
некои дречливи бои,жолти зелени кога ме облекувала мајка ми но од кога знам за себе не се облекувам повеќе така си сакам темни бои
Топуци, шпицки токму за заглавување помеѓу дупките на некоја канализација, сатен маички и миничи, сомотни панталони, ѕвонарки и сето тоа во строго розева боја претежно се купуваа дека женски налик барби биле.
ахахаааа колку слатко се изнасмеав на темава иако не можев да ги видам сите слики коишто се постирани. Да се пофалам дека и јас сум била во тек со модата: бициклистички цветни ѕвонарки, ѕвонарки, ѕвонарки маици со гол стомак ланче тетоважа топуци хеланки со стегачи на стапалата оние пластичните марсовски прстени и за крај ама нај битната ствар- фамозните монтки- 10 броја поголеми ц ц ц брее што мода ќе беше што чудо
^ Потпис на мислењето на @Ariel Чевлите се викаа broski а ние во нашиот град,поточно во нашата гимназија стававме и часовник напред на врвците од десната нога(тоа беше заштитен знак наш и ептем cool си се замислувавме а и богами си се препознававме меѓу средношколците).Монтката беше задолжителна и со фармерки на кои намерно од страната им шиевме трака од друг дезен, во цела должина.Машки карирани кошули и 501 Levisсо висок кутел,чанти во стилот на денешните поштари..