Ауу каква тема Ме сетив на монтките,јас имав бела дебела до колената абе како мече бев поларна и тоа,а другарка ми имаше црвенишкава и една случка да ви раскажам,беше зима со снег абе колку ти душа сака и ќе се санкаме ние две доле на улица и сироти од монтките неможеме да се збереме и двете на една санка,јас седнам таа од позади падне,таа седне од позади, а јас од напред испаднам,умревме од смеи никако неможевме да се погодиме и моравме одделно да се санкаме,а толку мерак за заедно и ден денес се смеам на таа случка. А и јас си ја обожавав зелената,знаев да се дотерам од глава до пети како жаба,омилени ми беа едни зелени трициклисти со џебишта кај треба и кај не треба,една зелена блузичка и едни зелени квадратни кломпи,па и врв на се имав мрежести чорапчња кои ми беа хит . А траките оние дречливи за во коса си ги носев често зошто имав ептен долга коса.И многу си ги обожавав оние широки панталони,ѕвонарки ама ептен она широко јас само имав од другарките и ептен бев најсреќна,другарка ми се утепуваше дома од плачење за да и купат, а јас важна секаде си ги носев,кај ми бил паметот И се сетив и на оние мали ситни шнолички,вошки ги викавме.такви во разни бои што се прикачуваа низ косата абе како подвижна тезга бев со сите на глава.Ех старте добри модни времиња
Едни грозни чевли „ а ла Чарли Чаплин“ во боја, јас имав портокалови, другарка ми имаше дреч зелени, една имаше лилави, а најнајака беше таа со црвени со жолти цветчиња ПЛачевме да ни купат, и после сите во дрес, од 18 девојчиња во класот, 19 носевме такви После, се сеќавате на модата со кикиња во разни бои, наредени на врвот на главата ко венче, или кркмата фатена со нив, ко виножито некое Ехеееее, имало такви, безброј утки тогашни
Оф леле, кога ќе се сетам. И тоа не беше многу одамна, не знам ни како сум им давала така да ме облакаат. Една долга јакна, после колена, со една дреч виолетова боја . После едни кондури, море кондуришта црвени, високи со црни врвки, како да биле од Втора Светска Војна! Па некои безвесни, селски џемпери со пердуви на сите страни и така тоа.
Ааааа, јас имав ваквии, беличкиии, сите ми ги обожаваа и не ми ич мака што си ги купив и ги имав, ептен фрерски и тинејџерски беа
Дали се сеќавате на моментот наречен - елече? Уф, јас имав едно тексас и едно црно, т.н. келнерско, си го носев над кошулки, леле колку мислев дека се кул, А за вакви кошули да не правам муабет, не знам ни самата колку ги имав во слични карирани дезени, де беа на мене, де врзани околу половина да се влечат до земја.
Баш во темата-што никогаш не би облекле сакав да напишам дека имам толку многу модни утки низ годините! Од тексас комбилизонки, ѕвонести карирани панталони, чевли на топуци(чат-пат пак знам да облечам) чудни кошулки со потпунки како 45годишна тетка на прослава на 8ми март Во средно бенетон блузоните ни беа како задочжителна униформа, фард светлуцави патики и незамнеливите тексас јакни! Баш ми е криво што немам некое сочувно парче да го објавам на ѕидов на срамот ама од ормарот на мајка ми може да излезе една бундичка што ја носев една зима на нејзино големо задоволство и потврда на теоријата дека модата се враќа. Претпоставувам дека и нас ќе ни фаќаат сеир по 5-10 години на страите слики
Леле Ливинг ме потсети на црните кондури! Не знам зошто ама сите ги носевме Во комбинација со кошулите кои Тренди ги спомна, секако врзани околу половина! Имам тука на прозор една стара слика, имам плетено џемперче и одоздола бела кошула со крагња - пеперуга Исто носев тексас комбинезон фустан, и тие беа модерни, ако не се лажам во прва средно го носев ф’станов сеуште. Исто носев шарени фармерки, дали ви текнува на тоа? Фармерки ама со дезен, дали на риги, дали со цветови Ама моите беа најубави!
Леле шарени фармерки. Моите беа темно зелени траперки, долу на широкиот дел со портокалови недефинирани форми. На црвените кондури ги носев и овие.
Лелееее, карирани кошули еј! Често со црна ролка под нив. Па ја соблакаш кошулата и ја врзуваш околу половина. Страшно!
Јас имав Донован сиви со жолто - портокалови риги, не се зезам, стварно беа убави Инаку ми текна уште на една работа која се врати во мода, т.е. повторно се носи и не ми пречи воопшто - сукња балонка Ова стварно мора да се најдат стари фотки и да се скенираат, многу смешни работи сме носеле. И на бодито во фармерка со висок струк ми текна, оф боже
Уф памтам дека носев едни црни ЛАКИРАНИ чевлички, ама така јако светеа - можев комотно да си се огледам на нив
Некоја од вас ги спомна венчињата од шноличките на главата.. Со тоа на главата сум била многу смешна, зошто сум имала две влакна на косата и како секое девојче и јас сум имала по сто шнолички на главата, разнобојни строго и сега кога ќе видам некоја слика таква се смеам многу .. ако можам да најдам ќе ви покажам. И за лакованите црни чизмички, уште ми стојат и имат врвца низ нив.. како идиотче сум била во нив.
А дали ви текнува на едни хеланки кои не беа тесни, малце така пошироки, истегнати надолу со ластик кој се ставаше над чорапите? Не знам како да објаснам... Напред имаа црта . Е многу ги носевме.
Знаете ли мене што ми беше омилено? Оние бициклистички, во горниот дел споени со сукњичка. Нешто како сукња панталони. И имав такви комплетчиња полн плакар. Е нешто вака, во сите бои, дезени , шари итн. Исто, обожавав и ламбада сукњи, и имав две тексасни. Ги скапав од носење. И тоа во комплет со тексас јакна. Целата во тексас!! Ѕвнарките еден париод се носеа многу, па дури и смешно ни беше кога почнаа цевка панталони да се носат. Памтам дека се заколнав дека нема никогаш да облечам цевка!! А сега....кога ќе помислам на ѕвонарка ми доаѓа да рикнам во смеа. Розевата боја исто така, ми беше омилена. Пола плакар во розево, па што и да облечеш нема да утнеш. Тие светлите бои доминираа, што сега не е случај кај мене.
Леле се сетив на нешто ми доаѓа да умрам од смеење. Се сеќавате на ежињата? Се правеше пунџа на косата па се ставаше тоа чудото - ЕЖЕ бе. Во сите бои имав и ги усогласував со облеката.
Мене не ми текнува на еже! Ама затоа памтам дека се носеа оние мали ситни шнолички во разни бои, и се редеа на секој прамен поединечно. Ептен беа малечки, во фоми на цветче, кругче, пеперутче итн... А да, и оние шнолите како пеперутки. Со крилца од пеперутка на федери. И кога одиш тие крилцата се тресат. Леле какви глупости постоеле!!