Ми текнува и на ежето за коса, и на вошките (и во градчето кај што живеев порано така ги викаа) А на оној стегачот со сите бои на виножитото, па демек ќе го свртиш неколку пати околу репчето за да изгледа дека носиш 5-6 различни? А уствари, оно еден да ти бил Добро, а оние ѓердани - тетоважи, кои се прилепуваа на врат? Лила Филиповска прв пат заноси таков и после ко некоја чума се распространија.
Ги памтам. Колку непривлечни, и глупави. А нема некој што немаше таков ѓердан. А за стегачот морам едно ,изум невиден.
Јас се сеќавам кога играше филмот Касандра и имав стегач за косата како нејзиниот,еден дрвен ѓердан и прстен со слика нејзина.Абрее иста како Касандра. Ја обожавав.
Леле да и мене ми текнува на оние комплет ѓердан и нараквици како тетоважа а се сеќавате ли на налепници за нокти имаше едни се паѓаа во смоки или мастики незнам во што беше..нешто беа како кругови во разни бои,абе да те хипнотизираат ако гледаш подолго време во нив.А за фармерките со дезен,јас имав жолти со бели букви D&G на нив...тетка ми ги беше поклонила за роденден и ми беа омилени на се си ги носев..на крај дури и ги пресеков кога ми се скратија до глужд па беа долго време и куси панталонки
Аууу, да! Мислам дека на вакви мислеше (само не знам како се викаат, па не успеав да најдам некоја слика повеќе):
Мајка ми никогаш не ми купи патики што светкаат отпозади. Сите имаа, си газиш прописно со сета сила, трепкаат ли трепкаат, ко семафор, врат ќе искршиш да си ги видиш... Немав такви. Штета. Кога сме веќе кај обувки, се заборава ли ваков калап, ваков дизајн, ваква потпетица?
А хит фризура собрана коса и врз пунџата едно цело пуфесто ко со влакненца..ма имав бело, розе, зелено, исклучиво во очи вадење бои.. И комплетче сукња со елече, црна позадина со зелени или лилави кругови..
Охх уште го чувам тоа. Леее комедии. Иначе се сеќавма на оние топуците. Колку плачев за оние што беа до под колена. Ги имаше само во две бои: небесно сина и розева. Плачев со денови по нив, ама ништо не ги добив. Ама затоа па после видов едни грди (тогаш ми беа убави) розеви со бело. Имав едно комплетче црвено како елече без ракави и црвена сукња. Потоа ортопедски чевли ама бордо боја. Бре колку се грдичкии. Знам колку сакав да ги носам едни бели сандалки отворени кај прстите искомбинирано си сини тенки чорапчиња до глуждот. Ее косата. Шнолки пеперутки на федери, едни други шнолки се фаќаше праменче и се отвораше тоа како кругче беше внатре празно и се ставаше на косата. Стегач еден со едни како конци на кои имаше кругчиња во разни бои. Имаше и ластик и околу него коса во неколку бои. Перики со марама горе.
Видете што најдов? Еве го ланчето!! Незаменливо е... И овие, не знам како правилно се викаат. јас имав вакви во неколку бои. Сукња-панталони. Оваа дури е и многу модерна!! Малите ранчиња за на грб, по можност лаковани!! Дебели чорапи, спуштени надолу, во класична патика. Ми се чини тренд од америчките филмови. Тексасни здолништа. Поготово ламбадите. Старите добри ѕвонарки! Маички. И тоа кратки. За да се гледа папокот. Признајте дека ги носевте!!!
Епа тоа тоа - ЕЖЕ А и јас се сетив на стегачот шарен, имам и една слика, мора да ја побарам да ја прикачам. И признавам дека носев кратки, а широки маички (шарени под дифолт).
Леле Старфиш!!! Малите ранчиња, имав две вакви, како немав! И тие мутавите ланчиња, многу беа смотани значи а ги носевме. Па ќе ти се исповитка, па ајде одвиткувај го, ужас! Леле и чорапите!
Леле кога ги видов ранчињата се потсетив на нешто Незнам за по другите градови, ама во Велес беа хит такви мали ранчиња плетени од кесиња и целите шарени
Леле Офи ме изнасмеа. Во секакви модели се плетеа, како луди збиравме најлончиња (или кеси ). Среќа што на времето не се наплаќаа, инаку скапо ќе излезеа тие ранци.
Се' се јаде...........ама луѓе бе мокасинките и сандалите со затворени прсти со чорапи хахаха не можам да им опростам на моите . Или пак.... ви текнува на кошулите и чипканите крагњи што мораше да одат над блузата и да се гледаат хахаха Ќе се убијам !!!! Старфиш инаку пантолоните со прерамки се викаат комбинезонки хахаха (вањда вака се пишува) и ми беа омилени во 4то одд хаха
Јас имав две. Едното беше цело зелено строго исплетено со иста нијанса а другото беше шарено, незнам можеби уште ги чувам некаде, ако ги најдам ќе ги сликам и ќе ги ставам овде А се сеќавате на едни стегачи за коса, со огрооомна пеперутка целата во паринки? А оние ланчињата со приврзок како коска, таква остра? Леле кога ќе се сетам, паѓам од смеа. Последниот крик на модата. Јас уште чувам некои такви глупости, мајка ми не сака да се фрлат, ќе им се вратела модата. А монтка имав темно зелена, немав од оние што дречеа портокалово Топуци имав едни небесно сини огромни како трактори
А на овие панталони ви текнува? Мислам дека MC Hammer ги „донесе“ Шарени, никакви, широки, ама ги носеа доста луѓе Еве го познатиот „кошуља“ стил...мене ми текнува дека и фармерките ги киневме намерно. Знам ќе ме утепаа моите кога видоа Сега ми текна, не знам како вие, ама јас носев трегери стално. И одоздола повторно широка маица нели Ете и комбинезонките кои ги спомнував, секогаш вака ги носев Е темава е значи извор на непрекината смеа. Мајке ми.
А ви текнува на змиските фармерки ( звонарки, панталони ) од скај Брукааа И ониие фармерки потемни горе па ептен светли нанадоле па на крај пак темни....и од страна розе цветчиња ( кај нас нема кој не ги носеше ) хит беа!!