Тие последните со буквите ми се допаѓаат, баш се интересни. Незнам кога се носеле, ама сакам да се вратат во мода
Да да, такви, само дебел материјал и широки во колената Eдит: - вакви имав црни и фраерка бев Едни патика-кломпи во толку чуден модел што не можам да најдам слика на интернет. Блиску: или овие на линкот http://compare.ebay.com/like/1504706836 ... 602_309572 Може да си купиме
Јас имам уште нешто да додадам на листата..........пластичните ланчиња со цуцла та та та тамммммм, па нели главни шизики во маало бевме со нив
Токму тие, имате точен одговор Госпоѓице Трендафилка Еееее и тоа редевме по 4/5 околу врат хахах да си бидам искрена ги обожавав
Во прилог на темава морав да ги покажам моите најомилени фармерки.Си ги изнаносив на времето Нели се секси? За овие не знаев дека и другите ги носеле Имав вакви еден куп! И ланчиња и алки.Помнам еднаш ми требаа пари за лижалки и седнав на патот пред старата куќа кај што живеев и ги продавав дека ги имав многу.Заработив 30 денари Вакви имав црно и дреч портокалово! И ги обожавав,само не знам кај ми се да ги сликнам Монтките се неизбежни,имав две
... а една техника со вртење конци со помош на која си правевме ланчиња и додатоци во косата? Е Тренди уште таква слика да најдеш, јас не знам ни како да побарам. Едит: Најдов Е баш вакви: (првото) А носевме и вакви: Лелеее колку викенди и распусти сум поминувала во плетење...
Само една забелешка, ако дозволите Ја разгледувам најновата колекција на ејч&ем, и го здогледав ова А само што ги спомнав панталониве, и гледам повторно ги имаат оние кратки широки маици кои ги спомнувавме тука. Епа девојки модата од 90те повторно напаѓа!
Охооо, за тоа дека модата се враќа нема муабет. Мада, има работи кои подобро да останат закопани во минатото. Јас сум дете на 90-тите, и растев со Бритни што би се рекло. Голем хит ни беше Oops I did it again! и нејзиниот црвен аутфит. Знам дека е too much, ама едно време ми беше голема желба да имам ваков костум. А колку што памтам и на македонската естрада тоа време имаше пејачки со вакви парчиња облека. Исто така голмо влијание имав и од филмот Clueless . Сонував за ваквиот плакар. Префинет изглед, со мини здолништа, претежно карирани, високи чорапчиња, и кондурчиња. Дали воопшто треба да спомнам дека таа мода , поготово чорапите и Nerd изгледот се вратија? И секако да не заборавиме на влијанието Kurt Cobain за трендовите во 90-тите. Баш тие кошули широки,карирани, и искинати фармерки. И пак, глупаво е да се каже, зошто се гледа колку трендовите се враќаат.
Едно девојче од мојот клас и ден денес го носи Дали го заборавила на вратот, или ептен е заљубена во него не знам, ама битно типка ипол си е.Па не за друго на него и приврзок крст има закачено,
Хаххахаххахахахаахахаха, леле ме потсети кога немаше продавница за накит, каде немаше Жаде алка, колку имам плачено додека ми ја купат, а да не збориме дека со денови не ја вадев од рака, па уште со другарките баравме шамии за да играме.
Ааааа, трегери уште носат децава од школо. Само не стандардно, туку само закачени на фармерка, и им висат. А Едно девојче, елече-блуза носеше, до под гради, а од позади се заврзуваше. А под тоа, боди. Убиствена комбинација, + елеџето, или како и да се вика, портокалово беше..
Незнам за вас ама овде во Велес беше актуелно белење на фармерки со Доместос! Ги земаш фармерките, ги гужваш и ги моташ со јаже, па ги ставаш во леген ( ) со доместос и вода да отстојат некое време После тоа се перат и излегуваат шарени како облаци
Е да знаете ќе сликам дел од облеката и ќе ви ги покажувам работите што сум ги носела порано, и од тие што ми биле омилени и тие помалку омилените А кај нас пак некои типки намерно си ги кинеа фармерките на некои места .
Aу, да да и во Cкопје беше шемава! Aма ние со солна киселина ги правевме на лице место, шара ала небо ццц, кај ни бил паметот
Ajде да се потсетиме на неколку модни трендови Ви текнува на овие и исти вакви за плетенки правење Стегач каков што имало секое девојче во 90десетите!!! најјаките гаќици Патики што светкаат. Јаааао имав едни абе фраерка ипол бев, ќе убиев за нив Легендарните алки, ги удираш и ти се местат. Па цел ден се шлапаш со нив И уште еден полегендарен срегач ииии новчаниците на нашето времееееее
Росоњерка алал да ти е, кај ги ископа сликите. Тие за на рака беа најголем хит, колку само бевме воодушевени од изумот. А легендарниот стегач за коса во бои беше неизоставен дел од мојот стајлинг.
Лелеееее и јас имам такви исти гаќици дома, од тоа време биле значи дури и бојата им е иста, па јас се чудам од кого се, јас сум ги носела овие бе ? Е не можам да се сетам. Од тој стегачот или ние овде што го викаме топер, имам и сега, абе секакви врсти на топери во сите бои Ааа да имав и од тие паричниците, неизбежен аксесоар во зелена боја А знате јас кога бев мала што беше хит ? Секако Ранду и Касандра беа Собирање на сликички од касандра, барби и тие ги лепевме во албуми, утепуваје се од собирање , менување и на крај за 10 сликички албумот останал непополнет. Едит се сеќавате на овие И црвен аутфит со црвена беретка Многу сум носела шарени елечиња, нешто слични на ова , само малку подолго и не биле за пливање