Не ни можете да претпоставите колку бев среќна кога ми купи вакви мајка ми. Секое сабајле ја терав да ми прави пунџи. Ептен шема беа кај мене во клас! И да, кубеа многу, ама за жал јас не дочекав да ја имам и новата верзија
Волфче ја вакви идентични имам само хулахопки, и ден денес ги носам.... кога е ладно под панталони се разбира!
Лелеееее женски повеке ме натаживте одошто ме насмеавте.. колку и да сум била лошо или кичасто или како и да е облечена порано, не се каам, тоа ми го обележува детството.. Знам дека сликите се повторувани али мерак ми беше..се навратив на детството - И ежињта за коса!!!!!! накај 7-8 ги имав во сите можни бои и која боја сум облечена обавезно еже во таа боја
Зошто бе мене не ми текнува за тие ежињата во коса? Затуцана сум била ор ват? Де прикажете материјал Мож не е до затуцаноста, мож не ми држи умот
Бројче се трудев да најдам слика уште кога ми текна на нив, ама не успеав. А да ги видиш гарант ќе се сетиш, само кај вас изгледа не се викале ежиња едит: Бројче замисли го ова во најразлични бои - правиш пунџа и тоа ежето го местиш над неа
http://www.youtube.com/watch?v=Syi_1luPB8A Погледнете ги девојкиве во спотот, посебно девојката во розеви ѕвонарки и балонка горе! Ова да не не е мода случајно? Неможев да најдам слики затоа го ставив видеово. Друго... ви текнува на оние цвикерчиња правоаголна форма со жолто стакло хит еј, и онаа комбинација карирано пантолонче го пупак кренато, горе маичка од позади прерамките у икс и секако кратка за да се гледа амлце мешето А на флуросцентните силиконски прерамки за прслук а а а хит бев во кабрио
Majkooooo moja Мимс хахахахахаха леле колку ја имам барано песнава аааааааааааааа смешки хахаха Подобар пребарувач си и од Гугл
Еве ги шнолитеееееееееееееее, морав да ги сликнам хахахаххахахха ги чувам уште, за наследство на мојте де!
Лаковани кондурчиња И тоа црвени.Сукњички црвени до колена и бела хулахопка.Класика беше комбинацијава во градинка. Оние патикине што светкаа Цело време сум се вртела да си ги гледам како ми светат! Топуци!!!!! Тие беа врвот /\ ! Колку сум среќна што не сум носела такви Ми беа смешни дека беа од некаков чуден материјал,мислиш тоа доле ѓонот ќе ти се изренда од асфалт! Памтам како мала имав едни сандалчиња за на плажа ми цивкаа Ги носев во комбинација со розев едноделен купаќ (доле имаше нешто како карнерчиња) и со цвикери розеви во форма на цвет! Меѓу најјаките сум била на плажа,а можда и најјаката
Фармерки, ѕвонарки со синџири имав еден синџир и на сите фармерки го ставав, а сонував да имам многу синџири... Редактирам да ставам некоја слика...
Лелеее вакви синџирчиња колку имав и што повеќе да имаш на себе обесено, тоа беше шемата А утре да знаете ќе сликнам некои парчиња од мојата облека што сум ја носела порано, и ќе ја ставам овдека да се посмееме Па јас уште знам да ја исфрлам шнолата Баш ми одговара со тетоважата (тетоважата ми е 10000 пати поубава, да се разбериме, се зезам ) Ама летно време знам да се уфрлам со неа
Викториа, овие пантолончињата да не ти се од хепенинг? Имав исти вакви, кремови и војничко зелени..маста му ја извадив од носење, ни тие попуштаја, ни јас
Значи од никаде ми текна на маичкиве. Ги имаше во бела и црна боја и беа кратки а широки.... Од предната страна ти пишува YES, а од позади NO....WTF?? Се убив од барање на google ама не ги најдов,ете нешто слично може ќе ви текни
А ви текнува на едни пластични алки што ги носевме, беа флуоросцентни ги имаше во повеќе бои, т.е да појаснам беа како цефка и требаше да ја свиткаш и тогаш почнуваше да свети и ги спојувавме и како алки ги носевме и навечер поготово кој немаше не беше фраер Вакви беа вака светеа навечер Spoiler И едни ланчиња исто светкаа во такви некои дречливи бои Еве ги
Леле Мимс, јас ги имав неколку, кој од кој поцигански!!! Таман еден ќе купев, па ќе налетав на некој пошарен и морав да го купам! И се правев фраерка во маало, зошто во школо не смеевме да ги носиме