Незнам дали Чика мисли за истите што мислам и јас! Имаше едни алки ли беа, што ли беа, виножитни извртени... Ах, незнам како да ги најдам на гугл, немаше некој да нема таква алка! Една алка, а изгледаше како повеќе!
^ Јас па незнам кои се тие што ги збориш ... Јас овие дречлививе знам ги носевме јас и мое друштво и а се стемнеше се радувавме што светиме
Ххахаха Ми текнува на тие алките и ланчиња мислам имаше такви, црни и нешто како преплетувани жици беа и ланчињата се носеа до влат залепени Многу ни беше модерно знам тоа во друштво, тие што носеа беа фаци
За алките што кажува Офи, некоја тенка пластика, спирално вртени, јас си играв со нив, и беа во сите можни бои, ко виножито
^ Колку место ми зафаќаат во шпајзот , а си ги чувам, многу се грди, ама тогаш најубави ми беа , сиви со патент
Фармерки со струк над папок. Ѕвонарки претерано широки доле, со некој шарен дезен Пред околу 7-8 години беа на мода дречливи бои и во комбинација со црно, или па колку повеќе дречливи бои ќе ставиш на тебе толку по модерен си . Јас си комбинирав циклама со вакво сино или помаранџесто
Аууу мене ми текува кои беа тие,кога ќе престанеа да светат,демек у фрижидер се полнеа Не се истите со тоа ко виножито што е.
Аууу Мимс, цвикерите! Јас имав такви со жолто стакло и едни обични со најобично стакло, и сите ми ги крадеа, сакаа да ми ги носат у град Ама чекај па сега пак се носат, барем дечкиве ги гледам дека ги носат пак веќе барем година - две наназад. Нали и Тони Зен се појави со нив во неговиот nerd style. Се враќаат во мода :geek: Еве го A - Trak од формацијата Duck Sauce, на него ми текна одма во склоп со цвикериве. Ливинг, Fruit of the Loom немаше стварно човек кој немаше таква маица или дуксер, па уште се сеќавам на МТВ дека идеше реклама и секогаш си ја пеев. Радости, среќи! Ау! Или Ваикики маички, и се разбира сите патевме за да имаме Benetton најобична маица или дуксер ли како да го наречам. Будали деца - кутрите родители Јас знам дека се носеа исто точно овакви маици, јас имав ваква портокалова И едно време сите маиците си ги врзуваа вака Лудо, лудо време
^Ехх...Ја ги сакам цвикериве nerd style!Баш како овие што ги носи типкава на мојот аватар... Пирамитке дај и ја да ти ги украдам ( или веќе сите украддени се ) Бтв ги има сега вакви да се продаваат? :geek:
Рејбан се вратија кон овој ретро стил пред година дена ако не се лажам, по оптикиве сто посто има, не сум загледала Имам видено доста луѓе ги носат, особено такви кои тераат некој ретро стил на облекување, маици со огромни натписи, карирани тесни панталончиња, шешири, џемперчиња на закопчување и вакви цвикери. Викам јас модава се враќа постепено, она на што се смееме уште малку и повторно ќе го носиме - ако веќе не го носиме понекои Квинс морам и јас да ги пронајдам и забришам, којзнае кај се забутани
А се сеќавате ли на тие капите и шалчињата што идеа комплет ги имаше на кафено, бордо...и горе завршуваа со рески и такви ке ѕвончиња па одалеку се слуша ако идеш И шамиичките за глава што напред беа како капче а назад шамивче и се врзуваше под коса.
Тоа е тоа за кое што зборам Да, да Кели тие се Ете гледаш заборавив најбитната информација да ја кажам - дека во фрижидер ги стававме кога ќе престанеа да светат демек така ќе се наполнеле
Леле да! Имав таков бордо комплет и уште го чувам! Еднаш на еден роденден си ги помешавме со едно девојче пошто сите имавме такви комплети
Пирамитке ја за вакви зборам, не за тие nerd style што се само овие беа по правоаголни во прозорчињата
Леле вакви шноли колку имав!!!! Во сите можни бои, а имаше и различни форми! Сигурна сум дека имам уште некоја залутана по дома....
Леле да!! И двете ги имав, како ти текна Шалче и капче шарени со реси и ѕвончиња и стварно од далеку се слуша како идеш...ко Санто од Бандини И таа една шамијка имав шарена преку глава и позади се врзуваше..знам со мајка ми го викавме "Луанчето" ако добро се секавам потекнува од една серија мнооооооооооогу одамна кралот на сточарите и мислам таа типката ваљда Луана се викала, она носеше исто такво ај ако свативте нешто..