во прво одд запнав за оние кондури кои своевремено беа хит левис 501 со желевце напред ко сегашниве работнички кондури за градежништво од хтз опрема Времето 91-92 год беше хит сукња-пантолони и прво и второ одд сум сликана на групната слика во нив пошто се знаеше дека се свечена облека а за сликање мора да си дотеран Се сеќавате ли на оние фармерки кои ги носевме како деца на едната ногавица имаше патика со врвки секој трет ги имаше.Да не се повторувам за ламбадите,бициклистичките,монтките и сл.Времето кога актуелни беа Backstreet Boys сите носевме комбинизонки.Да не ги заборавиме и сукњите на преклоп која мода беа ееејјј хахахахаха Од поновово време и да не зборувам за phard се тепаа девојчиња да стигнат до посакуваното парче облека барем јас знам неколку примери.Училишните ранци со една прерамка ууууфффф само колку ги имаше.Качкети-колку само беа модерни имав и јас еден таков во 5 одд си го купив на еден црковен празник од тезги хахахахах
Ах, кај ме потсети на желевцата! Не ги вадев од нозе, мислам дека толку ги сакав што сакав и да спијам со кондури. Пред некое време си најдов слика од првиот школски ден. Облечена во црвено костумче со потпунка до образ. Ах, мамо ма, биваше ли така да ме облечеш.
Пред месец дена при една реконструкција на настани се смеевме со другарките на ОНИЕ САКОАТА ШТО ИМАА ПОСТАВА НА РАКАВИТЕ...ПА ОНАКА ПРЕВРТЕНИ РАКАВЧИЊА...ПА ВО ЏЕПЧЕТО МАРАМЧЕ ... ОНИЕ БРЕ КРАТКИТЕ ... хихии и кога тадааам ЗЛОСТОРНИКОТ ПО СИТЕ ИЗЛОЗИ НАРЕДЕН аууу
Имаше еден период хит, панталончиња до коленици уз тело(таков материјал што се растегнува) а доле на крајот со малце чипка розови лила нормално во сите можни бои, и ги комбиниравме со сандалчиња во иста боја на топук пола црн пола иста боја со сандалата....јас имав со две прозирни ленти кај прстите и со лепенка околу глуждот. И сите носеа такви. и оние маички со отвор од градите па надоле ^ -вака некако, нормално напред подолги. Кломпи на така наречен топук. Уф не ми текнува што уште не.
мислиш на бициклисти така се викат ги имаше во повеке верзии јас имав црни со зелено од страните и од оние со чипка ама нема што беа хит тогаш и многу модерни се носеа со долги маици кога ке се сетам на нив само сега ни за по дома не облекуваме такви а и за потпунките колку беа модерни ама јас никогаш не сум носела и нема да носам ме нервират а и да спомнам во оној период кога јас бев полуматурантка актуелни беа зелената и портокалова боја ама оние драч нијанси и така бев облечена во зеленка комбинација што да се прави таков беше изборот низ дуканите
Хеланки со ластици на стапалата, кошули со големи чипкани јаки, лаковани сандали со панделка на прстите, еден куп шноли во косата и задолжително една поголема, дали со цвеќе, или со чипка, ама да се истакнува од другите, таа беше „главната“ шнола.
^ Трициклистички, или три-четврти како што милувавме да си ги кажеме Имаше и со шлиц на надворешната страна од коленото
ШТИКЛИТЕ ОД МАТУРА !!! луѓе никогаш немам купено нешто погрдо а тогаш ги сакав највеќе на свет . И пред некое ги пробувам и се изнасмеав сама на себе инаку напред се шпиц и ко сандали се , високи 2/3 сантиметри ( и стапалата ме болеа до смрт ) а сега највеќе на мразам таа височина зашто сега обожавам висоооки штикли , секое купување нови ми се повисоки и повисоки
Лелееееееее коа ќе ми текне на тие Ѕвонарките како фустани беа хахахаха Аа и топуците леле 2 пара имам дома хаха И оние блузите за во зима со различни бои(едниот ракав ваков, другиот таков ) И јакнине шушкави до земја ( по можност у жута боја ) И првото место припаѓа нааааа...
Hахаха...ее кога носевме фармерки широки широки сеа да ти се стемни Па и оние со високиот струг шо се до папак и куси маички. леле леле... незнам уште шо ти не друго....
фармерки и пантолони широки,траерки па се сеќавам еди кремови имав пантолони од кадифе цели светеа....и нормално топуците чизмите црни имав и розеви и многу си ги сакав, ама сега ко ќе ми текни....
Ахахах тие ѕвонарки и јас ги имав и сите ме прашуваа од каде ми се. И широки маици во дреч жолта боја ау ау и под маица со долги ракави се носеа блузи со крагњи
Sвонарки во сите можни бои, маички со гол стомак, фармерки со висок струк, широки фармерки, топуци...
Идиотски блузон Бенетон у џиш портокалово, па башка три броја поголем, панталони скејтерки и уште поидиотски патики Аир Најк, со воздушно перниче, па недајбоже да ти го дупнат на физичко, ќе плачеш цела недела! Хит по родендени ми беа мартинките, бела хАлахопка, карирана суќња и кошула со карнер, ко гроф. А, да и бициклистички со маица Генерација М, и старки една розева, друга сива. Мизерии
Она што сме носеле некогаш, денес ни е смешно - и ОП новите колекции се повторно полни со истите тие работи на кои се смееме Шпартајќи по една актуелна летна колекција, погледнете што најдов. Познато ви е?
Хехе малку ли алишта имаме што се смееме на нив некои ѕвонарки блуза со широки ракави со ресички панталони со многу џепови
Токму затоа јас одамна и престанав да се смеам бидејќи сфатив дека прашање на време е кога она што е најисмевано во еден ќе биде најактуелното во друг период и со гордост ќе се носи, .
еј да бе не да ми е позната секое одење во грчка купувавме од тие маичките со реси, а пластичната торбичка е моментот