Лелеее маица со реси ! Имав бре ваква, само во розева боја со дрвени топчиња на краевите од ресите и многу модерна се осеќав облечена во неа! И кошничката ја имав, само бледо се сеќавам на неа (знам дека мајка ми штипките за простирање алишта ги чуваше во неа )
Кошничката кај нас дома служеше за пазарување, и до ден денес ми е врежан во главата моментот - шуљање! Оф колку ми ги жуљаше рацете Епа ајде пак да се потсетиме како беше.
Леле кошничката Ние уште чуваме една поголема од таа, темно плава. За на гробишта ја користат моите, за задушница работите во неа ги ставаат некогаш Модерни се бе
Многу многу точно! Еве видов пред некој ден ептен добра блуза со реси у нашиве продавници. Ко овие панталонкиве има во Њујоркер и мене ми се многу шема, сакав да си купам А ова торбава ја видов на една блоггерка перфектна комбинација и ова торбичево , ако и ја најдам сликата ќе ви ја покажам. Мене ич не ми се свиџа али то е то, а и плус непрактична лабелото, сјајот ќе ми летнат Јас го чекам моментот кога на голема врата ќе се вратат ѕвонарките, мора да е тоа у следните неколку сезони. Слушајте ми го зборот
i jas si gi sakam dzvonarkite so topuk sandala mnogu jako mi stojat [mod-kirilica:1oqprvaz][/mod-kirilica:1oqprvaz]
Леле, ѕвонарки! Кај лошо ми стоеле, па и како што бев мало дебелко... Како тркалца да имав, мислиш секој момент ќе се затркалам нанапред. Ми текнува што ги имав едни избледени, ама не онака умесно, туку апла бре, како со доместос да ги прскале. И колку ми беа омилени, ги носев со едно каивче со реси, свашта! Си ветив дека на моја нога ѕвонарка веќе не влегува, нема да ѕвонам веќе НЕВЕР. Исто многу носев сомотни панталони, и за тоа ветив дека веќе никогаш нема да го облечам. Ви текнува на тој избледениот сомот - . До ден денеска не носам ништо избледено, ептен малкуцка ако е, тогаш може. ЕДИТ : А ви текнува на тие шноличките што ги викавме вошки ?? Едни ситни, мали, ноктот да си го скршиш додека го отвориш. И како цветчиња беа, се ставаа во косата... Прво одделение сум сликана наредена така низ цела коса, со ВОШКИ.
Читам и си мислам, мора ова моето алтер его да го пишувало пред еден саат. Јас не се сеќавам Леле роси те молам немој, само не ѕвонарки во мода, ауф колку ми се грди, не ги можам. Се срамам од себе што сум била модерна на времето Најбитен момент е кога носев ѕвонарки тог период, тогаш имав вакво мислење на цевка фармерки. Велев такво нешто јас на мене не облекувам Друго што сум носела, а ми е смешно е комбинација тексас со тексас и со тексас и тексас до бесконечност Комплет фармерка, палто, па и топуци имаше тексасни, и санадали. Баш така сум била на полуматура. Тексас корсет, фармерка ѕвонарка, долу доволно широка да ги облече сите голи во африка и тексас топук......и каивчер едно се врзува на страна и надолу висат реси, колку подолго - толку пофраерско
Леле сеа се читам дека сум пишала - матура Не, не, не бев ваква на матура, тоа беше ептен оддмна, на полуматура Ако може некој модератор нека поправи во предходното мислење зашто мене ми помина времето, и нека го брише ова зашто е непотребно. Фала
Широките дезенирани панталони погоре, како шалвари..... не знаете колку си искеширав за два пара такви во Космос... Што да правам, не сум имала никогаш, а ептен ми се штосни. Инаку се сеќавам на моите маички со реси, во многу бои, со такви топчиња на краевите. Плус едно шеширче-капче на глава и метак на плажа. А широките фармерки одн.ѕвонарките, баш гледам дека пак ги носат. Ми се чини дека во новата колекција на Зара има модел. А и блогеркиве ги носат, ги комбинираат со топук чевли. Јас пак не би ставила на себе такви, ама ете, доказ дека се се враќа...
Хеланки. Едно време мислев дека нема тоа никад веќе да го носам, пошто ги носев во детството имав секакви бои, лилави, розеви, зелени, шарени, што не. Сега ги носам и тоа гордо си ги носам со туники чуда и врагови. И да е само тоа. Оние елечињата исто. Тоа се носеше еднаш одамна дури мислам дека не го ни фатив времето на елечиња,или можеби тогаш не ги носев, како и да е цц ете ги пак.
Леле на што се сетив пред некој ден, се пукнав од смеење Ви текнува на периодот кога носевме цуцли? Цуцла прстен, цуцла привезок на ланче, цуцли на обетки, па што повеќе толку подобро Не ми се верува, цуцли бе Памтите?
Дааа ми текнува мене, исто имаше една случка кога со вистински цуцли дојдоа едни девојчиња во одделение, иначе тогаш 8мо бевме и ги пратија кај директорката бе
Да да и јас се сеќавам кога носев звонарки и тоа во сите бои па и оние монтките што беа зелени,жолти.Инаку порано се носеа и ептен куси маички на гол стомак мислам и сега некој ги носат но делува многу ефтино.
^^^ Леле росииии ми текнува на цуцлите онака ко низ магла, али знам хит беа, па ако не се лажам мислам дека имаше некои цуцли за лижење, со вкусови, така нешто.. а некои само за "украс" Да и голите стомаци исто... хит беше, а имаш гол стомак, згодна цура си Сега и да ме тераш не би се носела така уф, бљак, ко што рече блексуан ефтино изгледа и неаубаво Иако има сеуште девојки така што се носат но сепак, нивно си е
Чек сега дада Пирамида да ти објасни како се решава тој проблем. Си купуваш несесерче или у постоечкото си ставаш и лабело, и сјај, и све! Фино лепо - оп у торбата. Ама затоа наовчаникот глеј да не го полниш многу со пари, ташнава проѕирна, многу примамлива ќе бидеш за крадци, евентуално по некој голем камен да си ставиш за да бидеш спрема за контранапад Туку мене ми текна на уште еден момент, дали се сеќавате кога се носеа едно време, на крајот на 90те - долги фустани со кратки ракави и со капуљачи?! Ах Роси цуцливе, ах бре ах бре, зошто ти текна?
Не знам дали ви текнува, а и јас сум од помладите генерации од вас, дека-дека. Но, знам, дека кога без мала на мода беа фармерки - ѕвонарки, а на нив да има парчиња кадифе. Јас имав такви едни кои на колената имаа темно кадифе и еден пријател на татко ми секогаш ме зафркаваше „Ти се скинале фармерките, па мајка ти ти ги шијала со кадифе“. Ми текнува и на блузите со реси. сите девојчиња од маалото имавме и кога ќе си ги облечевме сите, тип-топ исти. Па, имаше мода кога се носеа налани со дрвени штиклички и само тропкаа. Затоа што многу одамна таткои ми имаше дуќан за чевли имаше околу пола вреќа такви налани и нон-стоп си ги менев. Ги скапав од носење. Па, мајка ми, баба ми на сите спавачи, комбенизони има чипка, на сите сукни од пред 20тина или 30тина година имало тантели. Еве, сега пак се враќа тоа на мода. Но, сепак, сега не ни е смешно. Ами, оние кошулите со карнери? Сега пак се вратија. Јас еднаш кога буричкав низ алиштата на мајка ми кои и останале од младоста најдов таква кошулка, со розевкаста нијанса и баш може да се најде во бутиците. Сепак, тоа не ни е смешно. А, кога ќе ми текне дека имав едно карирано фустанче, црвено со нешто темно, тоа ми беше најомилено ( ) . А, мајка ми ми ставаше и јака , знаете тие големите, што се врзуваат отпозади. ( ) . Не знам, како сум можела да ги сакам.