Ајде да ве видам колку сте ‘креативни‘ додека спиете Се извинувам ако има ваква тема, слободно бришете ја. Јас последно сонував како ми се направиле стрии на рацеве..Цела бев со стрии! Гадно беше
Ени мислам дека темата треба да биде во категоријата “другата наука“. Таму има тема сонови, па може да се префрли и твојата тема таму. А инаку ретко си ги памтам соновите, ама секогаш се глупави и нереални и ретко ми се остваруваат- да не речам ич
Има ваква слична тема општо за сонови drugata-nauka/sonovi-t83/410.html инаку да одговорам постојано сонувам,но на денешниот сон воопшто не се сеќавам дали затоа што постојано се будев
Сонував училиште-можете да замислите Толки многу што ми фали па дури и го сонувам Ама еден чуден сон другарка ми се запишала во друго училиште па сме биле таму да го видиме Сме се глупирале,и на крај н доаѓа 1 септември ја гледам другарка ми пак во нашето училиште
Има тема сонови, но ако оваа тема е само да си ги искажеме глупостите што сме ги сонувале без толкувања, тогаш јас сонував многу снег, ама многу многу. Ту бре никако неможам да се сетам што сонував друго, а досега си го мислев сонот
Да не ме сфатите погрешно, темава не е за толкување на сонови. Туку споделување на сонот кој последно сте го сонувале, баш за глупостите кои сме ги сонувале
Те сфатив за што е темата и не викам дека треба да се затвори туку само да се премести во категоријата другата наука.
јас дека сум зела сведителство и сето ужас во него. само неколку предмети напишани, а јас само по македонски 5, а се друго 2 и 3 Чудна работа. И поведение 2. Оф леле Изгледа треба да тркнам до кај класната и да си го земам
Бев сама во огромна продавница со расипани производи и сум вриштела затоа што сум се плашела од сите инсекти што лазеле и летале наоколу.
Дека сум полагала матура англиски во некои бутици за облека...Тестот требало да го завршиме до 1 часот, а јас во 12 и пол не сум била готова со составот и писмото. Ме фатиле страшни паники, сите завршувале, а јас од трема сум почнала да пишувам на македонски јазик, па потоа да преведувам на англиски, па пак сум го прецртала тоа и сум почнал ана ново...Од трема дури и на земја седев и со огромни букви сум пишувалаа...Лудници И на крај се откажав и се разбудив
Леле ама сон, ме врати во детството Сонував како со еден маалски другар од мојот прозор сме виделе како кај комшиите имало цела нива огрооомна со јагоди и сме се договориле да влеземе таму и да крадеме Ја имаше во сонот и покојната мачка Ајша ( ) како претрчува цело време низ нивата. На крајот на нивата имало еден од оние кулите што ги има покрај пристаништата и тоа ни светело за да можеме да крадеме
абе оспеднати сме со форумов јас сонував дека се зачлениле уште многу такви неразбрани,лигави девојки кои го направиле форумов ЛОМ