Ноќеска сонував дека сум правела тест по математика- ми требало лењири и шестар, а јас сум немала понекогаш....... сум голем дебил
Не знам што сонувам. Се будам уплашена секое утро, и колку и да се трудам да ми текне што ме уплашило, ма нема шанса бре не се сеќавам... Се надевам дека е период, а инаку што последно сонував... Не памтам кога последен пат сонував.
Сонував дека некој ми ја дознал лозинката на Фемина,си сменил аватар и пишувал глупости од мое име. Леле како бев нервозна...Можам да замислам како сум клоцала во кревет.
Сонував последно како цепам дрва.. арно што се разбудив за на факултет сигурно ќе требаше и да ги редам. Да не можиш и кога спиеш асално да се одмориш пааа
Сонував како сме се тепале со камења со Кинезите па сме им правеле замки .. Само посебе си доаѓа ништо не смислив јас
Бифшиот...Секоја вечер ми иди на сон и ми вика да се смириме и се будам..Незнам што сака?! Нарает да не те остат душманиве да си поспијаш
Ај сега мене да ми помогне некој, поими како поими ми се јасни што значат, ама многу испреплетен сон.Па би замолила некого малце да ми го разјасни: Сонувам како слушам зурли и тапани, излагам на терасата од мојата соба и гледам две 3 различни ора, 3 групи на луѓе, и сваќам дека 3 различни свадби се.Исто така гледам и 3 накитени автомобили,ама од тие старите: виолетов,црн и сив Потоа слушам музика од другата страна на зградата, истрчувам на другата тераса,која гледа на спротивната страна и гледам уште една свадба,ама овие влагаат во мојата зграда,а претходните 3 беа т.е. играа оро пред згрдата до мојата. Потоа се симнав да ја видам невестата, и и испадна чевелот слегувајќи,јас пријдов и и го подадов,а он се насмеа и ми вика благодара (во ликот беше бела нежна,црна коса,црвен кармин) си изиграа оро и си заминаа.Враќајќи се накај дома,во влезот наоѓам мобилен телефон,многу убав бел со златно.Потоа влегувам во лифтот и сум си седела во лифтот 2-3 саати не сум сакала да излезам, откако излегов,во моментот кога влагав во станот се разбудив. Е ај сеа help me,ретко сонувам вакви бистри реални и големи сонови (во темата сонови пишете)
нонстоп еден ист сон сонувам,само скали по кои се качувам и симнувам и пак се качувам,во различни нови и стари куќи и згради. често ја сонувам баба м и која е веќе три години почината сигурно зошто ми недостиа,синоќа со неа во воз сме оделе за србија,словенија и германија смешки бевме што би можело ова да значи,или е само мојата потсвест?
Можам да кажам чуден сон многу емотивен и чуден јас ќе сум живеела кај него и ќе сме биле многу среќни... ќе сме се галеле и јас ќе сум го шминкала него ( има и многу бакнежи) и возење со мојот автомобил и сега си викам WTF зошто сум те шминкала
Последниве неколку дена, сонувам многу чудни работи.Една вечер сонував дека сум се грижела за бебиња оставени во градинка (а не сум голем бејби фан) и супер сум се снаоѓала во тоа.Потоа сонував дека целото мое друштво и мене не бркала полиција во некоја зграда, па ние сме бегале и сме се криеле меѓу катовите.Ноќеска сонував нешто лудо, исто така, ама не се сеќавам...
Многу измешан сон... Сум сонувала како требало да идеме на некој пуст остров, ама тој бил блиску, и јас не сум го знаела точниот пат и сум прашувала некого како е правилниот пат до таму.. Таму било ептен убаво, имало едно местенце во форма на срце и таму некој (не се сеќавам кој) ама некој што го познавам, побарал некоја си за жена... Па после сум сонувала во истиот сон како вујна ми, ми дала некои тестови решени, пошто она е професорка у Јахја, и јас сум ги земала нешто, и сум излегла надвор, и дошла една типка, и рекла а мене ќе ми дадете тестовите, ќе ми кажете што како... А јас на тошо сум се правела
Е јас ноќеска сонував дека праам муабет со бившиот. И ми кажува дека уствари сме раскинале бидејќи он додека идел со мене си ја нашол правата љубАв. Лидија мислам дека се викаше, така ми ја кажа. И така јас жигосана целата си станав од спиење, и ево уште му се лутам оти ме лажел, џубре едно.
последно сонував како сум била бремена и тоа 9 месец пред пораѓање и влегувам во лифт,целата испаничена бидејки ми кажувале дека многу боли, а мајка ми цело време ме замара за тоа што сум мислела кога сум го правела детето Иначе јас кога и да ја изнервирам и велам што си мислела кога си ме правела
Девојки кажете ми што значи да сонуваш да истеруваш духови од домот. Ноќеска сонував дека јас и другарка ми сме живееле сами кај мене дома, и било ноќ и сме истерувале духови со темјан. Што значи??
Секогаш си сонувам интересни сончиња..И секогаш ги памтам.. А инаку последно сонував баш денес. Јас како излегувам на улица облечена во бел мантил со црни копчиња до колена и само така зачудена стојам и се прашувам што правам јас тука.И така зачудена тргнав некаде(незнев ни јас каде)Правам неколку чекори и наеднаш заврнува дожд (ама не обичен) туку од злато.. хаха
Како сум земала медал на европско првенство знам дека е пуста психа и желба, ама ајјјј може е и визија
Султанот и во сон ми се појавува. Само што овој пат султанот беше бивш ми. А јас бев Махидебран. Хурем беше како слуга на султанот, таа убиваше секој што му застануваше на патот. Ги заведуваше и ги убиваше со магии некои. Султанот требаше тој да ја помине ноќта со некоја робинка, но тој сфатил дека таа е иста прича со таа Александра (со сини очи и црна коса), и ја уби нејзе. А јас се мислев дека таа ја одбила. И му велам-аууу баш ми е жал. Сон бр. 2 Очекувам одговор за преводи нешто. И сега на тоа се мислев пред да заспијам, и си го сонував одговорот. Еве како беше... Хахахахаха... Јас и колегите се изнасмеавме од твојот превод. Хахаха Толку. А сеуште немам одговор, не знам како ќе се стрпам.
Се спремав за некаде...Матен ми е сонот.Не се сеќавам многу. Знам само дека стоев пред еден стар плакар и гледав фустани,ама фустаните беа чудни Од оние постарите...Како да објаснам незнам...Како корсет одзгоре и надоле е широко има...Како се нервирам не можам да објаснам убаво Исто и штикли,накит гледав...Немам си поима зошто сонував такво нешто Ако некој има објаснување на сонот нека пиши