Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сонувавте последно?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од EnnieFabulous, 28 јули 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сонував како одам по каллива земја и од еднаш почнав да пропаѓам и две три момчиња (појма немам кои беа) ми подаваа рака да ме извадат од калта ... :| :?:
     
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Завчера... сонував пет различни сона и сите беа некако поврзани а пак така различни.
    Сонував како сум во некоја сала и некако ме бираат мене да држам некаков говор. И супер испаднало се и другарка ми ми донела цвеќе и чоколади :lol:

    И сум сонувала како сум се карала со поштарот како може на писмото да пишува лично на рака а они ги оставаат во двор... И тука сум почнала сцени да му правам и да му ги фрлам писмата на земја (а стварно ни оставија писмо во двор што требаше лично на рака да биде дадено) :rofl:
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Вујко ми убил луѓе и ги донел кај нас во салон, ма низ цела куќа, сите смрдевме на мрша. Упм, што гаден ид сум имала... ајооооој!
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    повторно истово, но за жал сега сонував од мака и желба ;( .......ах господе те молам нека се реши пречката поради која неможам да заминам на европско
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Фустани како зборуваат и се шетаат низ мојата соба :lol:
     
  6. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    мојата мртва баба ми подарила златна алка со дијаманти и мн била убава :^)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Да ти даде нешто мртов човек е убаво, а да му дадеш не
    Ова сум слушнала од мајка ми ...

    Што значи да се сонуваш полугола ... т.е. само по долен дел купаќи нагоре ништо? Си ги криев со раце, а најтрагично беше, таква одев надвор по улици :tmi: :$ :D
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Си сонувам морбидни сонови секој ден, више навикнав наеднаш да се будам задишана во 6 и пол, 7 и тоа секој можен ден околу тоа време се будам поради глупите сонови! :^)

    Пред некој ден сонував како дечко ми објаснуваше морбидна сообраќајка на еден негов другар преку мсн, скајп или богзнае каква социјална мрежа беше.
    Вчера сонував како на 3 места околу мојата куќа сами од чиста мира се палеле огнови, еден на тараса, друг во двор, и трет позади куќа. :^)
    И денес сонував како јас и брат ми сме се спремале да одиме негдека рано сабајле, било сеуште неразденето, мртва темница и тишина, сум отишла до влезната врата да заклучам, и тогаш сум забележала сенка од човек пред вратата, побрзав да заклучам, но тој беше побрз од мене, ја отвори вратата, имаше ужано морбидна језива лута фаца и ми одеше кон фацата со вперен прст, ко да ќе ми ги извади очите! :x


    Боже, боже ама се стресов сабајле! :worried:
     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Сонував дека сум имала сексуални односи со една позната музичка ѕвезда, од мојот град .:tmi: :tmi:
    Што значи ова ?
     
  11. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Пред неколку дена сонувам сон. Во сонот бев јас и мојата најдобра другарка, јас цртав а таа ме гледаше и ја прашав сакаш ли и ти да црташ? таа рече не. Јас: Мене вака слободен цртеж ми е најинтересно да цртам а тебе? Другарката: И мене. По неколку време пак ја прашувам дали сака да црта и таа одговара: Да, јас од прееска те чекам тоа да ме прашаш.. :D :D
    а јас ја прашав :D (глуп сон) :D ?????
    Но благодарејки на соновникот на фемина видов што значи сонот :)
     
  12. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Задремав попладнево и сонував како ми се јавил дечко ми додека сум била во продавница и сум му рекла ај ке ти се јавам не те слушам ништо и ми рекол нема врска само сакав да ти кажам дека нема да моќам да дојдам после, ме боли грлото

    ...во моментот додека го сонував сонов ми ѕвони дечко ми на мобилен и ми вика јас вечер нема да можам да дојдам... :o
     
  13. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Сум се тепала со мала момичка..ама како сум ја тепала силно и со чекан по глава сум ја удрила ништо не и било...и после сум се скрила во подрум на баба ми за да не ме најде момичката и да ме изтепа!!
    Абе глуп сон ама ете тоа е. :lol:
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Како што веќе знаете секој ден сонувам и памтам.
    Денешниов беше ШОПИНГ. :inlove:
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Надвор истура од врнење.Дува ветар и има многу снег.Температура -40.А јас сум се облекла во сандали шорцеви и блуза по кратки.Излегувам надвор и не ми е ладно. :?: Сите се чудат како можам така да се облечам на сред зима ама јас ним им се чудам како не им е топло.
    Туу..ама глуп сон..Ме замисли........ :?:
     
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Сонував дека сум си ги лакирала ноктите.. После кога се видов каква сум за нигде, во разни бои, на прсти испошлапана се чудев како така лошо да се налакирам..

    Кој знае што значи ова :rofl: :rofl:
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Бившиот мувач. Ми бараше љубовен совет :o :D :D :D
    Се мислев да му кажам :D
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Едни чудни суштества(марсовци..)
    ни ја нападнале земјава.Јас сум спремала куферите да заминам во Шкотска бидејќи тие таму немале пристап,се било невидливо. :D
    Што ли значи..!??
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Денеска не запомнив многу,ама последната слика што ја `видов` беше возење коли во затворен простор..
    Во гооооооолема куќа.
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Како се качувам по скали..кои водат НЕКАДЕ.... :?: