Во последно време сонувам толку глупи,језиви и испревртени сонову што воопшто не се ни трудам да ги толкувам. Од типот сум си го повредила окото со киселина, во тепачка во која учествувал татко ми јас сум излетала пред тој што пукал, сум му го свртела пиштолот и куршумот само ме цивнал на рака, и триста други глупости...
Сум одела на училиште ама во црвен фустан а сите други биле во бели фустани.. и сум била изненадена за тоа..
Јас има подолго време како сонувам насилство. А пред некоја вечер сонував како се наоѓам во земја во која има војна и додека поминувавме со колата осеќав бомбардирање. Ептен било возбудливо тоа, дури кога се разбудив возбудата уште ме држеше
Сум сонувала како сме оделе на шетање со него,со другарка ми Ана и дечко и,и уште двајца.Знам дека сите одеа нормално а мојот ме носење на рамо,и од горе приметив дека ме гледа едниот од тие другарите и ми се пушта. Идејќи сме решиле да се разделиме јас и другарка ми ќе сме иделе во некоја нова кинеска слаткара,сме седнале таму ние две и сме јаделе сладолед,а после пак се собравме четворицата.Натака незнам не ми текнува....
Јас сонував како дома ни влегле зомби и сме се бркале низ дома и единствен начин да сме ги запреле било да сме ги мавале со корнфлекс ..И така сум се смеела во сон на тоа како сме мавале зомби со корнфлекс и се разбудив со солзи во очите од што било толку смешно
синојк сонував како ме носат во болница во колицката и се светло гледав и свирки слусав а кога се разбудив лелелееее сто било тоа!!!
Денес сонував пожар ама изгаснат на мојата куќа. Соновников на Фемина вика дека некоја блиска личност ќе прави свадба.Навистина е така.Планирана е свадба од една моја роднина.Добро е.Се покажа точен.
Пак го сонував пожарот на мојата куќа...ама овој пат како гори.. Кој ќе ми каже што значи ако сонуваш еден ист сон ..???Ова ми се слушило и повеќе од 2 пати.. Исто така сонував и дрвото што ни е во предниот дел од дворот го исекле.Паднато беше.Но расцветано..??? И беше џиновско.Многу поголемо од што навистина е...
Сонував како сум се прејала. Сум ја прекршила многууу диетата. Сум јадела се' и сешто. Дури и во сон ми било тешко што сум го направила тоа. После тоа сонував како сум испила 2 коктела. Портокалови биле.
Како некој убав бел коњ,кај никој не сакал даиде,туку право кај мене трчал,и јас сум викала на сите дека коњот е веке мој,и сум го јавала послето ! и кога се разбуди бешемногу среќна
А едншка сонува како некој ме дига од кревето..и да ги мрднам нозете они у воздух.. беше како полузаспана некако..незнам..страшно беше..и одеднш како ме преврте и се разбуди и не можеше да викнам..однемав глас..
Ама каков глуп сон значи. Сонував дека некој ми донесол четки за шминка, Ревлон и тоа. И сега пречесто сонувам шминка, и во сонот ми текна дека е сон... и си велам-само да се разбудам, ќе ја прашам мајка ми, да се осигурам дека не е сон. И сега станувам, ја прашувам мајка ми, и вели-да, оди види ги. Јас ги зедов, ги гледам, им се радувам, ги пробувам... и се разбудив. Scumbag braiin...