Последниов сон пред 2-3 дена... Значи се наоѓам во некоја просторија и најавено е крај на светот, сите ке умреме т.е. ке изгориме ке се доближи сонцето. И сега цело време сум во исчекување на тој момент, па се припремам како да си ја ублажам болката, легнувам... И тогаш почнува да ми доаѓа топлина, нешто да ме гори. Се повеќе и повеќе, се потам и многу ми е жешко, тешко ми е, како да горам во пеколот. И тука се разбудив. Верувам дека сонов има значење, само незнам какво.
хахаха еден не толку нов сон, ама ептен смешен и ептен рандом Прво сме оделе на екскурзија со одделението од основно и се возиме во автобус нели, и сме застанале во Чаир мојот класен да купи нешто и другарка ми ми рекла Ајде да се симнеме и ние да купиме нешто! И ај сме се симнале,овој се качил и баш да се качиме ни ја затвориле вратата пред нос И јас испаничувам Па сега што ќе правиме ни побегнаа, а другарка ми смирена Не се грижи ќе ги фатиме подоле! И автобусот си отишол ние пополека си одиме накај ''местото'' каде што треба да го фатиме и овој го нема! И јас пак сум паничела и сум викала Е кај ќе го фатиме сега? И другарка ми некако отишла на Бит Пазар и ми рекла таму ќе го фати а јас сум ја чекала на "местото" И чекам јас и и се јавувам на телефон изнервирана Што ќе правиме сега?! 3 илјадарки за ништо дадовме, нема да ни ги вратат! И сум му се јавила на татко ми и така... глупости! После сонував како немало место во автобусот со кој сме требале да одиме на одмор и сме морале под седиште да седиме
Дечко ми треба да е горд со мене.. Се сонував како ме поканил на вечера ни помалку ни повеќе Роџер Федерер и сум му рекла дека имам дечко. Тинејџерски патетики.
Како сум била вампир ии брат ми ме бркаше со колец и јас на мама и тато им викав дека сака да ме убие а тие ништо не ме рецкааа и сме се бркале околу маса леле!!
Како мајка ми ме буди од спиење бидејќи некој ме барал на телефон .. Се јавувам и наркомани ми зборуваат дека ке ме силуваат ке ме надрогираат .. Од страв кога се разбудив паднав од кревет
Го сонував бившиот со сегашната негова девојка. Дека сме биле негде искочени, најверојатно парк и они биле во некој летниковец кај што сме сакале ние да седнеме ама коа сме ги виделе сме се вратиле а бившиот се заглеал во мене.. така нешто
Како сум се запознала со еден другар и како сум се возела во кола и многу коли сум гледала како се удирале меѓу себе а ние сме се враќале во рикверц сме бегале
Сонував бело глувче Беше преубаво некако многу личеше на моето маче што го имав пред 2 години (исто беше како во сонот скрос бело и мало) и го зема сестра ми во раце и го галеше ама после и избега и отиде во кујна и се скри и јас го барав, го цекав да излезе ама после го оставив.
Сонував како сум работела во градинка па дошле едни деца што ги знам и сме отишле у КАМ да пазариме и имало некоја менѓуша огромна ама многу многу беше убава и Zayn (од One Direction) ми ја купил хахах абе глупости
јас на гости со мајка ми и татко ми кај тетка ми во скопје а таа бремена ама голема во стомакот. Одеднаш јас се наоѓам во училиштето од моето основно образование. Некое дете ми се приближува и почнува да ме провоцира и сака да се тепаме и ме удира силно по лицето што ме боли ама незнам каде не ме боли и јас така нервозна го претепувам што останува да лежи на под после доаѓа друго дете ама овој пат големо силно и се тепаме и со него јас пак болки ама тој избегал и најголемата шмизла од школото почнала а писка јас и неа ја претепам и си излезам ама било зима и многу се лизгало и јас си одам дома наместо во скопје и си велам лелее што сторив бе требаше во скопје јас да одам и го гледам и татко ми дома и ми вели не се грижи и мајка ти ќе си дојде сега знае ли некој што може да значи ??
Ma свашта сонувам у последно време, испревртени соништа од еден на друг, трчам, седам, се качувам по скали, плачам се смеам абре незнам веќе што не испосонив