Како сум го начекала McSteamy на Рекорд и сум го следела, па сме направиле муабет, сме се сликале.. ќе да ми е влезен во потсвест пошто го тргнаа од Грејс Анатоми, или??
Никогаш не ми било јасно и нема да ми биде како е можно некои личности што ниту еднаш не сни помислиле на нив да ни доаѓаат на сон ? го сонував комшијата кој сега брзо се ожени,како му викам криво мие што се ожени ми беше симпатија од мала,и тој ме гушна толку силно и ме бакна што од возбуда ќе се онесвестев во сонот
Сонов што го сонував ми беше срам и да го кажувам...еден бивши муватор како дошол кај мене со роза и бомбони за бомбониве јако е и нешто ко да ми плачел на рамо нешто ме молел..после некое време ме чекал да му кажам одговор и јас со другарка сум одела накај него и на другарка ми сум и кажувала што било поминало не се навараќам на старото...имаше уште нешто ама не се сеќавам
Паѓав од небо од некаде далеку налетав на една пештера....... сешто којзае од каде сонувам вакви глупости Луѓе кои никогаш не сум ги видела ми се појавуваат на сон
Сонуев како се отворил ама буквално клон на фемина, само што содржината беше на англиски и наместо .mk имаше .uk. Па како сум пишала на администраторите, испраќајќи им го линкот и како демек тие ми одговорија ќе имало тужба против тој сајт, фала шо не` извести, ова она... Втор сон како ме бркаа некои луѓе. Како што бегав од нив, на крајот бев на под во форма на шаховска табла и овие почнаа да се смалуваат додека да дојдат до големина на шаховски фигури за на крај и да станат истите. Потоа јас само сум ги испофрлала наоколу. Чудна некоја вечер. Прво не моеше сон да ме фати до едно петстошеесседум саатот, после коа конечно заспав, глупости се изнасонував.
Овој сон не го сонував последно, но тој е последниот на кој се сеќавам. Вака баш пред поплавата во градот (СТРУМИЦА), го сонував мојот идол, како помал, некаде на мои години. Му бев на концерт, врескав и викав. Кога одеднаш моето момче (од сонот, не го ни знам ни познавам, а и single сум), му се нафрли и почна да го удира, но тој му возвраи, кога конечно бодигардите ги одделија, јас му пријдов и илјадапати му се извинував. Тогаш му ја допрев раката. Сонот беше толку реален, а неговата рака толку нежна, потоа му го допрев лицето, толку беше меко, но баш кога бев тргнала вистински да му се извинам, додека тој непрестајно повторуваше, нема проблем.... алармот ме разбуди, а телефонот доби крила и прелета. Испцујав на глас и станав да се спремам за на училиште... Толку бев занесена во сонот што ни поплавата а ни сите загрижени и пребледени лица на моите пријателки не ги забележував, си мислев, зар баш тогаш му текна да ме разбуди тој пусти аларм, требаше да го навијам после две минути.... Сеуште жалам, бидејки беше многу реално.
Сонував последно како дечкото со кој што сум заедно ( не во врска) дојде изненадно во еден кафич кај што излегуваме ( а предходно бевме скарани и не се гледавме еден период) и ми рече: Малечка ќе се омажиш ли за мене ?! И јас бев као Да бе ама не сега И после некој ден во живо имаше слична ситуација само без мажачката
Го сонував гласт на мојо симпатија иако му го имам слишнато само еднаш и тоа има кажано само 2-3 зброра.. но знам дека беше неговиот глас
Сонував многу убава жена која како да сакаше да ми каже нешто ,но нешто ми го спречи сонот и таа исчезна веднаш
Сум сонувала како Axl објавил во весник дека му е доста од забавите и од овој живот, и дека сака да оди на другиот свет. Плачев во сонот.
Го сонував бившиот. Нешто као повторно сме заедно, имаме сопствена вила,деца, тој е повисок. Толку се сеќавам, а камо и ништо да не запомтев од сонов.