Ја сонував тетка ми покојна, како сме разговарале и сме се шетале секаде. Таа носела крем чизми ама не и се допагале и сум и рекла дека ке и дадам јас чизми
Сонував дека сум била во Лас Анџелес во некој трговски..огроооомен.И сум зборувала Британски акцент .Прво сум била со другарките па нешто хорор стори таму..дупки некои.Па после со мајка ми и таткоми .И со авто сме дошле од Македонија до ЛА . Сватив дека мојот сон нема смисла
Како ми се клати горен лев преден заб. Се клати , се клати, готов е ќе падне, на коренче се држи. И по 100ти пат го сонував ова. И ми е страв затоа што знам дека пак ќе го сонувам ова, да не ми падне забот во сонот (значи смрт на блсика личност )
Како сум отишла во Канада и таму сум го сретнала Џастин и сум се гушнала со него.Потоа дошле уште негови фанови и имало многу гужва и Џастин почнал да трча и сите по него.И јас некако сум стигнала пак до него,пак сум го гушнала и сме се сликале неколку пати.После вечерта мама ме изненадила и ми купила карти за концерт и сум отишла. Многу вистинит изгледаше сонот.Кога станав ги барав сликите во телефон. Еден од најубавите сонови што сум ги сонувала
Сонував каде што ме бркаат некои си чудовишта (ова беше 1 сон..се разбудив и презаспав и имав уште еден..односно овој 2) И каде што сум заминала во Америка..Калифорнија и сум се се запознала со мојот омилен пејач Ross Lynch и сме се вериле..свадба..незнам шо.. Ама секако ми ѕвона алармот и ништо од свадбата..
Јас сонував дека брат ми влегол во мојта соба и неможев да го избркам го мавам да си оди он не и се изнервирав
По глуп сон не можеше да биде.Сонував дека сум добила 3 на тестот по англиски,ама фала богу не се исполни сонот
Сонував моја пријателка од Франција,ја немам видено повеќе од 10 години,ме поканила на гости и кога сум пристигнала сум дознала дека заедно живее и се пар со еден познаник од Америка(не се познаваат во реалниот живот ).Шокирана сум била зашто никако не ми одат како пар заедно,он окорели женкарош,таа донекаде посесивна..се смееле на мојата збунетост и ми ги покажале книгите од кои моментално учам јазик -распарталени... е тука више не можев..рипнав
Многу пати по ред сонувам авиони кај што летаат околу мојата куќа.но еден од нив пајѓат во близина кај мојава кеќа, немало ни повредени ни ништо ни пожар туку куќите на мојава улица биле сите срамнати за земја....луќе немало..Све било пусто освен јас и мојата фамилија што излеговме на балкон да видиме што се дешават..Беше толку страшна гледка ..Кога се разбудив долго време неможев да се свестам зошто сонов го сонвам 5 пати во нецела година..Прв пат го сонвев на 12 јануар ова година...Ако се разбират некој во сонови ве молам помогнете ми ..
Пред некој ден сонував дека дечкоми ме побарал за жена ама сум го одбила пошто не ме побрал како што сакав. Денес сонував покрај другото дека таткоми му кажуваше на некој пред мене дека не сум можела да забременам. Ептен ми се чудни соновиве некој нека каже ако знае што значат
Сонував како татко ми ,тетин ми ,брат ми и братучед ми,се во странство и ми испратиле торбица во која имало поклони за мене а тоа биле мали обечки со ланче со црвени топчиња,една многу мала икона и еден мал крст , незнам што би значело тоа
Бившиот Од кога се скаравме секоја вечер го сонувам и ќе трае додека не го убијам , па барем ќе сменам нешто во соновите
сношти сонвев демек сум била излезена со другаркиве и гледам на моб 1-30 после полнок и порака од дечко ми Ајде помини од дома,сите сме собрани,братучедиве сакаат да те запознаат.. хахаха
Последен сон ми беше како со другарките бевме испаднати на голем одмор и врнеше и кај едни клупи беше друштвото на дечковците на другарките и се сретнавме со нив и се поздравуваме, јас се поздравувам со еден што е симпатичен и нели со џуска, а тој ме гушна и почна да ме бакнува на образот. А поминуваа друштвото на наште школски, во тое друштво е и тој што го сакам, ама во сонот не беше таму ама неговиот најдобар другар дојде и го оттргна тој што ме гушкаше. Потоа другарките ми викаа да се фатам со тој симпатичниот ама прво да го запознаат подобро. Набргу таа сцена заврши и бевме со чадори на дождот со 2 наши поранешни другарки, а потоа бевме во школото и еднаш паднав одејќи па станав и уште еднаш паднав по скали, а потоа ме задеваше едно девојче што и не го баш сакам.