Јас синоќа сонував како сум барала нешто многу знаајно за мене и како сум се претворила во сирена и сум пливала во океан и било мноооогу фантстично и имало разни корали риби ѕвезди што се немало...и после некое време сум се допрела до некоја алга и ме боцнала и после тоа боцкањето дошла уше една сирена ама оваа од оние цртанине Winks и била многу пријателски настроена кон мене и така сме си пливкале у океанов неззнам кој...и после почнав да се будам...ама да знаете дека сонов како буквално да сум го живеела дури и под вода сум дишела
Јас последен сон што го сонував беше κаκо се лизгам со ρацете на една голга жица помеѓу две планини буκвално κаκо да летам, возбудлив беше сонот.
Мојот последен сон беше како се допишувам со бившиот симпатија... Хахаха, тотално нереално. Таков разговор со него никогаш не би имала, сигурно ми се измешала реалноста.
Последниот сон ми беше како наставничката по македонски дошла кај мене дома,ме разбудила и сум и ја галела косата
Го сонував Водно. Имало дури и вода, која била доста длабока и за малку ќе сум урипала во водата. Арно, некако сум се спасила. Се штрекнав од сонот и одеднаш рипнав од креветот.
Веќе на неколку наврати сонував дека сум бремена... Што би можело да биде? Не сум опседната со таа тема, не планираме деца, па затоа ми падна чудно.
Леле господи каков сон сум сонувала. Искрено сум уште во сонот и неможам да си го оттргнам паметот од него. Во сонот сум била на свадбата на братучетка ми и таа свадба ја организирал татко ми. Заедно со татко ми, кум ми и сестра ми сме отишле до една соба во нашиот дом. Во таа соба ги ставаме обично јадењата и зеленчуците. Е сега во таа соба имаше еден огромен црв. Не се смејте, црвов беше навистина језив и морничав и со огромни клешти и јас (која обично фаќа пајаци со голи раце и гуштери) бев преплашена од него. Црвов почна да се движи многу брзо кон вториот кат на нашата куќа каде што е и мојата соба. Заедно со сестра ми отидовме да го следиме. Црвот отиде и лазеше кон нашата соба, и потоа отиде под мојот кревет и по ѕидот на мојот кревет. Одеднаш ми скокна во раце а јас го искинав на две парчиња и за среќа го утепав. Но потоа почнав да плачам и на крај се разбудив. Искрено кога се разбудив помислив дека тоа беше јаве. Дека тоа се случило. Уште морници ме лазат
колку чудни сонови да сонувам...од сечење глави до замаглено време дождливо (тоа може и влијание од проколнатото лето од Сара Мејс-не ја мразам туку дај испеј еднаш СОНЦЕ СОНЦЕЕЕ...) хахаха.. ама некогаш и многу убави сонови си сонувам. Последен убав сон што сум си сонувала е како со група тинејџери, сме биле у автобус и сме иделе накај некоја плажа кај што никој не идел само рибари и како авантура ни било. Моренцево... абе шо да Ви кажувам,поубаво амин! (може океан било но нема врска )..Тиркизно,со убаво карпи од страна,еден убав песок,палми,чадори оние сламени,коктелчиња,уживанција! После тоа кај ,,шанкот" имало многу убави момци и сум фрлила око ама одма се свртело на друго-рибарите се вратиле и седеле кај чамците.Ја и некои друарки сме земале маските и под вода.А бе Немо мислам ќе го видев,преубав морски свет со корали и свакакви такви чуда. :geek: По некое време сме излегле и рибариве ја фрлиле мрежата и сите чекаме да се фати некое рипче..И толку не се сеќавам веќе,ама знам дека ми беше ПРЕЕЕУБАВОООО значи ПРЕЕЕУУББААВВОО чувството у сонот.Феминки јавете се,ми треба толкување.Позз
Сонував како сум стоела со другарките во салата за физичко и наеднаш симпатијата дошла и ме гушнала и јас сум го гушнала и така сме стоеле и разговарале. Ах, што убав сон, а јас се разбудив.
Последно што сонував беше: Сум јадела сланина заедно со кучето, и сум зборувала со на мајка ми другарката. Потоа, таа си заминала и јас сум продолжила да јадам. После некое време, сијалицата сама се изгасила и јас не сум се исплашила, па сум станала и сум притиснала, и сум тргнала да одам, но таа не се вклучила. Тогаш, сум погледнала накај мојата соба и сум видела бела силуета, премногу сум се исплашила и сум почнала да викам по мајка ми, која спиела во соседната соба, но колку и да сум се обидувала, немало никаков глас. Потоа, се разбудив и почнав да викам по мајка ми.
Во една вечер сонував повеќе сонови. Првиот беше така што јас со друштво (не се сеќавам кои беа децата) бевме на некое темно место, како у пештера да бевме, и од далеку видов едни гоолеми бубачки, но како гумени бонбони беа. Во правоаголна форма, и во повеќе бои. И сите сме бегале од нив, но мене ме стигнале и почнале да ме касаат, а јас сум вриштела во сонов, но никој не ми помогнал. А вториот беше така што се преуредувало во нашата куќа, и татко ми ми направил изненадување, ми ја преуредил собата преубаво, со луксузни работи. И многу сум била среќна. Се сеќавам дека на креветот имаше поставено зебрест покривач и креветот беше брачен.. Изгледа сме биле богати. Глупости сонувам во последно време.
Без врска... некоја жена ме пукала мене и сум истрчала на работа кај дечко ми да се спасам, гледам дека тој не работел туку се спремаше да излезе некаде, го прашувам што е работата, некоја колешка му кажала дека имало некаде убав мобилен и тој сакал да истрча во работно време да ми го купи да ме изненади ама јас му го расипав нели изненадувањето и сме излегле заедно и некој пукал и во него, па сме бегале... глупав сон што не го разбирам, ама претпоставувам тоа на јаве значи долговечност. Така да и двајцата ќе си живееме долго, јејј што повеќе да посакам.
соништа... сонував дека денски сум се сликала на гробишта од кога сум завршила на улица ме удрил камион и кога паднав се ми се стемнуваше и се разбудив се почувствував creepy ..
Јас сонував дека со другарките кога сум излегувала од училиште сум го видела симпатијата и сум отишла накај него се спречкавме нешто дојде една и ми викаше зошто сум била со нејзиниот дечко и тогаш се разбудив...