Сонував како сум немала пари, а еден другар ми вакаше да купам јагоди и да ги однесам на неговите деца (ми наредуваше) Сега што значи ова? Ќе имам пари и нема да ги трошам на јагоди?
Сонував дека сум бремена. Дознавам дека сум бремена и така си го галам стомакот легната на кревет.Му се јавувам на дечкоми,он жив будала радосен. После неповрзано се наоѓам на прослава,па дознавам дека прославата е за тоа што сум бремена,па си плачев и се разбудив..Некој знае шо би значел сонов?
ПбиОбичмо Обично ако сонуваш некој кој ти починал треба да одиш да го посетиш на гробот.Јас така секогаш правам
Баш ноќеска сонував многу чудни работи,прво како поминувам покрај една зграда со неколку деца и видовме еден стан така се се гледаше внатре ама морничаво делуваше,после пред нас се појави капут кој беше крвав онака закачен на нешто и после дојде едно девојче што вчера на аква парк ја сретнав, порано ми беше другарка, сега веќе не и она носеше ист капут како тој што беше крвав и закачен,и кога виде она почна да плаче.После некако неповрзано се најдов кај мене во двор и требало да преспијам таму вечерта,и тоа на лавабо од тоалет,и како што бев напикана во тоа едно прилично страшно човече со минијатурен точак онака наведнато некако притоа мрдајќи со глава онака како да е мрднато ми поминуваше на патеката пред мојата куќа, натака-навака одеше,кога се разбудив од памет се извадив
Сонував дека сум се сретнала со бившиот со кого, нормално, веќе не се замарам, дошол тој до мене и почнал да ми прави муабет а јас онака од култура му зборував. И влегува и тој со мене во зградата (студентски дом ама не знам кој дом беше, мислам дека во реалноста не постои таков) и појдовме кај една заедничка пријателка а на враќање нешто се заглави лифтот, бевме на 1 спрат и требаше да се качиме на 2 ама лифтот замина на 5 и се откачи, почна да паѓа надолу. Ние се испаничивме и се гушнавме ама не умревме, излеговме од лифтот живи и здрави.
Сонував дека сум бремена со голем стомак се гледав во огледало и не бев јас туку некој друг има некој сонувано ваков сон?? Не ми е прв пат да сонувам вака
Сум тргнала по еден широк пат до една институција за која и во реалност сонувам, кога има земјотрес и асфалтот од патот ми се распука пред моите нозе, таму каде што требаше да стапнам се одвои, се отвори земјата. На глас сум си рекла каде сега да згазнам за да не пропаднам.Ги пречекорив тие пукнаини, кога се завртев зад мене патот беше цел, но како идев напред повторно асфалтот се отвораше па пак прерипував преку пукнатина и се разбудив. На арно нека ми е сонот, белким ќе стасам дотаму каде што сум тргнала.
Еј, како нарачана темава. Јас многу сонувам, цело лето се` и свашта. И тоа дооооооообро сонување, како филмови да гледав хахаха со различни тематики. Се навикнав. Обично откако ќе се разбудам насабајле веќе не ми текнува на сонот, ама понекогаш ќе ми светне во глава и ќе ми стане интересно да го враќам филмот. Така прееска, одам во маркет и гледам Киндер Јајца донесуваат нови со Finding Dory фигурички, и во тој момент БААААААААМ во глава ми текнува дека синоќа сонував како отворам голееееееми огромни киндер јајца. Сите ги протресувам, провеувам кое е потешко и во кое има поголема играчка демек, ама очекувам да ми се падне нешто многу битно, не ќе да беше ви прашање играчка... И ем си реков да си купам од маркетот киндер јајце - заборавив, сега ми текна коа ја прочитав темата ))) Ај утре ќе си купам, може ќе ми се паднат пари ахахахахах.
Сум се искарал со некој многу ме повредил сум почнал да плачам и сум викал дека ми се смачило од животот не сум можел да издржам повеќе,и врвот на сонот излагам од дома гледам полуотворен гепек ми ги украле звучниците од колата,за арно нека е само
Си ја сонував сопствената смрт . Бевме некаде 4 девојки , јас возев а 3-те другарки седеа 2 на задно и 1 на совозачко седиште . Враќајки се од излегување ( според облеката како да сме биле во кафиќ ) во рани зори ( околу 4-5 наутро ) не удри огромен шлепер ... Неповрзано се најдов излетана од колата , цела во крв .. од девојките немаше ниту една со мене .. одев наоколу целата со крв и ги барав другарките , потоа се сетив да одам до местото на несреќата , а таму гледам другарките собрани на куп , сите плачат , полиција си брка работа , брза помош исто така .. го слушам дежурниот полицаец им вели : дали имате број од некој нејзин близок да известите ... отиднав да видам за кого се работи .. и се видов себе си .. целата во крв .. Некој да знае што значи ова ?
Сонував дека неколку ѓаволи почнале да пустошат на земјата и ме зеле мене во пеколот (сеуште жива). Но после им избегав и се сретнав со дечко ми а тој прстен ми подари (мислам дека беше само подарок а не запросување).
Ноќеска сонував како од сите страни ми фрлаат помали и поголеми камења. Ме болеше и се бранев, безброј камења. Денес влегов во еден трговски до ДМ. Гужва, се чекаше ред, од најмладо до најстаро, си реков ова е сонот, како влегов така и излегов со брзина на светлината. Предновогодишна гужва во странство ме потсеќа на бомбаш самоубиец.