Сонував како седам на скали пред влезна врата и две мали мачиња си играат со моите нозе, ми се пентерат нагоре во скут па паѓаат доле и продолжуваат да си играат.
Се изнасмеав на сонов, како некое предвидување за иднината. Демек 10г од сега, сме биле со дм да пазариме у маркет за гости шо ќе ни дошле вечерта. И цените биле ептен покачени на све, кока кола само била 280денари, па сме правеле паралели у наше време у младост како се било поевтино у споредба со сега.
Сонував гужва насекаде, сите брзаат да купат да набават, нервозни, како да нема утре. Општа паника беше па и јас така брзав, брзав. Имав чувство дека времето се ближи, изминува, само не сфаќав во сонот дали тоа се ближеше Нова Година или крајот на светот. Се разбудив пред да дознаам.
Го сонував починатиот свекор како ми подава круша а јас потоа ја јадам . Во двор ја држам ќерка ми во раце. 20 дена како има починато
Девојче со плави очи и светла коса. Можеби е потсвесна желба за тоа дека сакам и второто дете да ми биде ќеркичка.