Во секој сон мора да ја има другарка ми. и сите сонови се како нешто на неа лошо и се случува, како изчезнува и такви работи баш синојќа повторно ја сонував како сме се шеткале низ трговскиот, додека јас сум пишувала порака на мобилниот неа ја снемало. во сонот се обидував да и вртам на мобилен да видам каде е ама никој не одговараше. се разбудив расплачена
Сум била на одмор со фамилијата,а на телефон се скарав со дечко ми.Потоа отидов да прошетам малку низ шеталиштето и се застанувам на една клупа со син на едни пријатели кој го знам само од слика...Чудно?! И си правиме муабет за врските што ги имаме едно друго..Наеднаш тој се претвора во дечко ми и ми вели дека му е брат близнак на него.Јас се зачудувам многу,почнувам да истражувам како што се случило и дознавам дека мајката на дечко ми родила близнаци чиј татко е таткото на дечкото кој е син на пријателите. Колку безвезе сон...
Благе , јас тебе те сонував Како си паднала од тераса на 2 спрат .. и ништо не ти било , сум се симнала и си станала ..
Ени,олесување,решавање на проблеми. Сонував како лудо се возам на скии на вода...хах! Додржав,ниеднаш не паднав!Дури и кога застануваше глисерот,сила човек бе.
Прво,сонував како се разбудувам со кратка коса(тоа во сонот) и сум плачела дека додека сум спиела ми ја скратиле.. Потоа знам дека го сонував основното школо, па како се љуљам на љуљашка, и се спремаме за David Guetta концерт
Сонував една пријателка ми подарила ташна, ама кога видов тоа било светло кафеаво ранче (не спортско), какво што имав за излегување многу одамна. Кој знае што значи тоа?
Последниве денови секоја вечер сонувам и тоа некои ситници што ми се случиле или сум ги мислела дента . Последно сонував како сум пробувала фармерки во Теранова , како дечко ми работел на каса и како доле кај соблекувалната тоа имало како кантина нешто и се јадело .. и сум видела многу деца од генерација од основно .
Премногу чуден сон! Со бившиот( може да се каже дека ми е бифш ) дошол кај мене дома. Било некаде 1/2 и сакал да ме баци. Сме лежеле еден до друг и насилно ме бацил.. Ја врз него сум седнала и кога во тој момент сум ја слушнала мајками како иде навака, и сум му рекла да се скрие под некоја столица, но он не се скрил таму туку до креветот.. Мајками го видела, седнала во дневна и рекла додека не си иде не си легнувам... и тој земал јакната и истрчал надвор. Сеуште неможам да се освестам дека сонував ваква глупост.
Сонував како едно машко го претепаа (не му го видов лицето, беше легнат со стомакот на земја). Му ги искршија ребрата и ’рбетот... лежеше така и јас со некој (не се сеќавам со кого бев) се стрчавме кај него за да викнеме брза помош откако си заминаа тие што го тепаа. Кога стигнавме до него, машково наеднаш исчезна. Се собраа сите мои соседи и зборувавме каде може да биде исчезнато... наеднаш застана тука еден џип и од него излегоа маж и жена, што побараа пари за тоа што тие го однесле во болница и една од сосетките изваде пари и на жената и даде две по 500 денари. Што можи да значи? Од кога се разбудив ми се мотка низ глава...
Леле многу лоши сонови имам во последно време, дури се и кошмари Се плашам да не се оствари нешто од тоа бидејќи стварно незнам што би правела
сум била излезена во кафич со некој непознати фаци...а таму симпатијата а јас дупка пијана играм ко нездрава.....и незнам што бидна ми се откопча патентот на сукњата....па ко нездрава играм и се закопчувам додека црвенеам од погледите на симпатијата....што значи да почувствуваш срам? и додека спиев осетив вжештени обравчиња
Парите се зборови...можеби ке слушнеш нешто убаво од две жени..за неке машко што тебе ти значи или во скоро време си го запознала....мое мислење и од она што знам и имам слушано...не верувам дека нешто лошо ке слушнеш...сигурно ДОБРИ ЗБОРОВИ..
Мислам дека или другарката има некој работи да ти каже кој и лежат на душа и и претставуваат товар..или пак обратно ти имаш нешто да и се изјасниш на дргарката
ммм велат убаво било да се видиш шишана со кратка коса....ке ти олесне нешто некоја тежина што те мачела во последно време некој бриги....и тоа што си плачела е среќа
Сонував дека сум била насред океан и имало само една даска и на неа сум се држела и околу мене имало ајкули и едната ме гризнала и потоа некако сум се довлечкала до еден остров и таму имало лекари кои ми ја ампутирале ногата.