Сега, не се сеќавам на цел сон за да го раскажам, само ќе кажам слики, и нормално друго оставам на багувче Значи, сум патувала со кола. По патот знам преку прозор едно време видов голем разбранет океан, ама многу беше разбранет. Стигнавме таму,и се возевме во лифт, но толку беше тесен, а долг. Се качив со него, и се симнав со него но до пола. Од пола надоле, по скали идев, онака брзо. Друго незнам. Листав една тетратка,и во тетратката слики од непознати девочиња имаше.
Е не се сеќавам можеби затоа што секогаш се успивам и штом станам цела сум збркана и трчам како луда низ дома ...како што кажав или не ги паметам или се ептен еротски а.к.а влажни сонови нив и да сакаш неможеш да ги заборавиш , а во последно време имам многу за паметење
Одеме со другарками накај градинката во моето маало Го сретнавме него (немам никаков контакт сонего во мојот живот, нити сум имала, нити ке имам, а сакам!) и застана со другарками а јас одам напред и не прашува 'каде ке одите' и другарками му кажува и тој праша дали можел да дојде! и во тој момент ми ѕвони телефонот и се изнервирав
Сонував нешто како мини војна. Била таа војна кај мене дома и сите ми биле нешто роднини, но имаше и 2/3 познанци. Испукав и јас еден куршум за да го спасам пријателот , умре и еден човек. Потоа се најдов на Филозофски кај што се компјутерите. Сонував и мали деца растрчани околу мене.
Јас па нон стоп си сонувам дека сум дома, дека идам на школо со сестра ми, дека се дружам со старите другарки , на што ли ќе е тоа?
Ве молам,соновите што ви биле интересни можете да ги оставате тука,а оние за кои ви е потребно објаснување пишете ги во темата сонови и таму ќе ги протолкувам drugata-nauka/sonovi-t83/. Поздрав
Сонував дека требало да одам некаде, со мини авионче. Аеродромот бил на плажа. И сум шетала боса, облечена во бело долго фустанче со лаптоп во раце.
Го сонував него и неговите другари нешто темно беше не ми текнува ама како во спортстката сала всушност ја сонував случката од вчера
Сонував еден другар од детство, што одеше со мене во драмско студио. Седам јас во стариот стан, (секогаш се сонувам во стариот стан а веќе 3 год сум преселена ) уклучувам телевизор, и го гледам него како игра во The Prince Of Bel Air на местото на Will Smith Го гледам, со едно црвено капче и си велам `еееј види до кај стаса, браво!` и и викам на колешка до мене ` од мали заедно пораснавме, а види го сеа у Холивуд стигнал! А баш го видов пред некое време и не ми спомна ништо, ќе го убијам` Толку беше верен сонот, што кога се разбудив незнаев дали е вистина или сум сонувала... Но откако си дојдов на место, неможам да престанам да се смеам.. Значи такви глупости знам да сонувам, не сум ни свесна од каде ми дорипуваат во глава
Ух целиот текст треба да го цензурирам, вака кратко и јасно - водев љубов со најсексиот маж за мене-мојот маж !
Вчера сонував дека имав нов дечко...Бев многу вљубена а тој беше прекрасен, совршен...(никогаш го немам видено на јаве) Бевме во некој хотел, и многу се смеевме, знам дека во себе си велев дека го пронајдов човекот на мојот живот!!! Чинам дека сега можам да му го видам ликот, да му го почувствувам мирисот...но на името не ми текнува... Да се навратам, во хотелот водевме љубов. Јас бев облечена во бело фустанче кое навистина го имам дома...По односот забележав дека целиот стомак ми е измачкан со крв (како повторно да сум изгубила невиност) Излеговме пред хотелот надвор, во паркче убаво средено, тој се задржа со некој пријател. Одеднаш почувствував дека се одвојувам од тревата. Викнав `Јас летам!` Обајцата погледнаа нагоре кон мене, бев над нив, но се насмевнаа како тоа да е нормална човечка способност, како да се лулам на лулашка Тогаш почувствувам дека имам контрола над летањето и се забавував како мало дете! Само што ветерот ми го дуваше фустанчето, и ми го креваше нагоре, па си го држев со раце за да не ми го види некој крвавиот стомак Тоа ми беше единствена пречка во летањето, останатото ми беше неверојатно задоволство, небаре навистина летав!!! Чудно е што јасно ми текнува на детали од сонот...ова ми е еден од оние луцидни сонови со суштинско значење...само да можам да го де-кодирам
Се сонував јас со мојот млад професор по математика ,како водиме љубов и јас пискам како ненормална доживувам нешто а незнам што хаха ,тој врз мене задоволен.... и се разбудив кога тој сакаше да ми каже нешто,пууу смотан аларм !
Два дена по ред кошмари сонувам леј. и од памет сум се извадила во соновите. првата ноќ не ми текнува што сонував, нешо дали ми било многу лошо, ќе сум умрела на мајка ми и викале, а тоа викаат значело добро, радост во вистински живот.ај баш ке видиме ама не верувам а ноќва сонував што знам необичен ама и страшен сон..сум била во мојот двор и како дали имало прослава, мислам ја сум осеќала дека имало прослава и си поминувале луѓе со чаши вино во рацете и сум упознала некој дечко онака на моја возраст мн беше фино детето си се смееше и прозборевме нешто и он си отиде.после помина покрај мене еден дечко ама сеа повозрасен дали едно 20 години имаше и онака имаше брада не пуштена туку како на негова возраст и ми се насмеа и почнав да идам со него да зборам нешто и ми беше пријатно.ама знаев дека е турчин нешто леле од кај ми искочило тоа незнам и дека е злобен, и потајно сум се плашела ама исто ми било пријатно и нешто ме привлекувало кон него.после сум му рекла чекај да идам од позади да влезам кај мене да земам нешто од кај баба ми и он застанал пред мој двор пред гаражата да ме чека и вика побрзо да се вратиш.и ја насмеана се затрчав кај баба ми земав тоа шо земав а незнам како во меѓувреме некој негов другар , нешто ми раскажуваше као имал некоја болест или нешто му било, и ја после тоа отидов кај бабами и он ми рече пообрзо врати се и ја уше не земав тоа шо требаше да зеам и ми вика ајдее побрзо и јас дојдов и бев на средина на дворот кога некако како очите огнени да му станаа и се раздра со пробивен глас ко на филмовите хорор шо се " ИМАМ ТЕМНИ КРУГОВИ ПОД ОЧИТЕ!!! " ама така страшно и морничаво и незнам, тоа било нешто многу страшно незнам како да објаснам и ептен се уплашив и почнав да бегам кај бабами влегов, значи ко луда трчав хахахах.и после незнам шо се деси не е ни битно не е страшно.али ова коа ми го рече се стресов во сонот и дури сеа коа се присеќавам од памет се вадам незнам зашо. П.С извинете шо ве изназамарав
Сонував како одреден дечко ми пишува на мсн дека ми се лути ненормално, а јас сум се обидувала да се одбранам. Инаку, мислам дека на јаве дечкото навистина ми се лути, два дена не ми пишува.