Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сонувавте последно?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од EnnieFabulous, 28 јули 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    И јас како Хипи сонував свадба, во нашата гаража. И тоа свадба на професорката по англиски, која што е веќе мажена. Во гаража. :D :D
     
  2. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ. сонував дека со дечко ми сме биле негде во некоја куќа или кузнај шо беше то...и тој во една соба си го заборавил телефонот. заминал на друго место со другарите и јас сум поминувала случајно покрај таа собата и сум го слушнала телефонот како ѕвони..т.е. стигнала порака. влегов во собата и го зедов телефонот и видов дека од некој непознат број доби порака. ама не ја прочитав туку ојдов кај него да му го дадам телефонот. кога му го дадов телефонот тој се стаписа и ја отвори пораката и јас ја подпрочитав малце и му го зедов телефонот од рака одвај оти не ми го даваше и прочитав љубовна порака од некое девојче и дека го сакала и дека одвај чекала за да се видат и сл.. значи цела порака ја памтев како беше дури да станам, ама сеа точно не ми текнува па затоа од прилика ви кажувам што пишуваше.и телефонскиот број го памтев ама сеа не ми текнува... и ко ја прочитав поракатА сум му го фрлила телефонот и се разбудив... ДАЛИ МОЖИ НЕКОЈ ДА МИ КАЖИ ШТО МОЖИ ДА ЗНАЧИ ОВА...... ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ АКО ЗНАЕТЕ.... :worried: :worried: ЦЕЛ ДЕН МИ Е КРШ.
     
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    сонував како летам у последно време овој сон многу ми се зачести, знае некој што би можел да значи?
     
  4. janie

    janie Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    sonuvav kako sum bila u vrska so komsijata ama on me izneveruval so bivsata i ja sum prasala sledniot den so prave uste so nea i on mi rekol deka ke i raskine...i tuka zavrsi sonot
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Јас ги сонував рекламите на А1 што ги даваат по цел ден со полицајците и новинарката што писка без причина :lol:
    смеа настрана ама претупија ептен |( |( :envy: досадни се веќе
    аман по 300 пати на ден го даваат истото
    несакам да ги гледам па не да ги сонувам :headbang:
     
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    гледам има ваква тема сонови на која да коментирам,смеат ли вака да се повторуваат теми?
     
  7. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    сонував дека денеска ќе врне снег и ќе се бакнуваме со дечко ми под снег без чадор
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    цела вечер сонував како си пишувам мислења на фемина :lol: :lol: :lol:
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сум правела муабет со „него“ на чет.
    Аплауз за девојката што прва му пиша на момчето! :clap: :D
    Ми раскажувал за некои лектири, сме свртеле добар муабет, а на крај ми рекол: „Добра ноќ, ти благодарам што ме ислуша. Јас ќе одам да читам, а ако се вратам порано ќе го продолжиме муабетот.“
    Жива среќна утрово. :rofl:

    Како и да е, соништата никогаш не се исполнуваат. :)
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Мисли позитивно Вајлд Чајлд :!:
    ќе се случи кога најмалку ќе се надеваш
    надежта последна умира ...
    ама и можеш ти да ја забрзаш работата -не е тешко да му пишеш прва нели? :$
    Мој совет:-Поработи на сонот за да ти се оствари :* ;)
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Кате првиот, а воедно и последниот пат кога сакав да го исполнам сонот „кобно“ заврши. :rofl: Така да, нека си остане само сон. :D
    А надежта можеби умира последна, ама сепак...умира. :)

    Офф топик, знам извинете.
     
  12. Glamour

    Glamour Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    42
    леле бе, дали само јас не си ги памтам соновите? :lol:
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Многу често сонувам дека има многу прејака светлина со што јас неможам да ги отворам очите и да гледам пред мене и одам со затворени очи :worried: :worried: едноставно светлината ме ослепува :worried:
     
  14. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Пред недела дена сонував како носам убав часовник на рака, со бели кожни ремчиња, и го гледам така на ракава и си викам дај да го извадам да не се расипе или упропасти. Мајка и вика дека значело бременост со мачко дете, ама бидејќи сум го извадила саатот демек ќе сум оставела за понатака во иднина, рано било:D Ако некој знае што значи нека каже ;)
     
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Синојка сонував како сум се наполнина вошки.. И од самата помислам денес цел ден се чешам ко будала :D
     
  16. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Сонував дека светот почнал да пропаѓа и како јас сум била сама дома,ми било многу страв и сум тргнала да ја барам мајка ми а нема никој во целиот град..Абе глупости живи али толку бев напната дури и кога се разбудив некаков немир имав во себе .. :fubar:
     
  17. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Пред некој ден ги сонував другарчињата од основно како сме биле собрани сите во школскиот двор и како сме имале некакво предавање :) а најинтересно е тоа што на сите имињата им ги знаев :D а основно завршив пред 6 години :$ ќе да е некаков знак :)
     
  18. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Сонував дека ме гушнал, така убаво, се стопив... :inlove:
    Толку убаво се почувствував што цел ден ми остана во глава хаха :D
    Штета што беше само на сон... :(
     
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.190
    Допаѓања:
    8.333
    Сонував дека сум била у Венеција да купиме вентилатор со НЕГО :rofl:
     
  20. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    сонував дека малото во кое живеам се распаѓало,цело било во оган а дечко ми ме испраќал и ми рекол бегај ти и како него да го потиснало нешто или пак нешто му паднало на него и го убило а јас трчав цела исплашена ниедна ламба во некој куќа не светеше така трчав и најдов една куќа со била цела расветлена ама 10000 ламби светеа во нејзе и во нејзе влегов и таму живеела некоја вештерка па јас сум влегла и сум стоела сум стоела и наеднаш зацвонил телефонот и градоначалникот ми се јавил и ми рекол дечко ти .... јас не го ислушав и почнав да викам и да плачам умрен е,умрен е и наеднаш дечко ми ми се јавил и ми рекол не сум умрен преживеав и така се разбудив (живи глупост :^) )