Сите пред да заспиеме мислиме на нешто било тоа да е за работата, факултет, лјубов... За што размислувате вие??? Јас конкретно постојано мислам на еден тип, го замислувам како е со мене... едноставно фантазирам и упс неусетно ке заспијам ке влезам во длабок сон! И после..во тој длабок сон нема никакви траги од него.. едноставно не се појавува
И јас мислам на еден тип и како сме заедно ова она.. Но често си мислам нешто од типот "Дај боже да се мажам во некој голем град, за богат маж па цел живот алишта да си купувам "
Често „сонувам“ додека сум буден, а особено кога е вака сончево и тивко времето... Едноставно е, палми, плажа, сино небо и море до бескрај, а јас си лежам на една лежалка, со коктел, без ниедна грижа на светот... И додека го пишував постов почнав пак да летам натаму...
Hmmm kaj mene e sekogas isto i koga spijam i koga sum budna go sonuvam samo NEGO [mod-kirilica:1ruloh33][/mod-kirilica:1ruloh33]
Охоо, за се и сешто . Фантазирам и размислиуавам и невозможни ситуации. Преовладува она со што во моментот сум преокупирана.
Пред да заспијам мислам на се и сешто....Каков ќе ми биде утрешниот ден , постојано се замислувам со еден тип си правам филмчиња и сл..и одеднаш без да почуствувам ќе заспијам...
најчесто како да си го подобрам животот, односно надокнадам тоа што ми фали и за подобар свет, свет без омраза и завист, ова сериозна сум бидејќи ми скучија сите овие немири и препукувања.
Во последно време смислуван како што ќе ми биде кога ќе ми биде прв пат ... Правам сценарија во глава, глупости.. Барем сум реална, не замислувам дека че биде ко на филмовите. Во главно мислам пто ќе правам ако имам локва крв (не дај боже) па идам на мислата кај да се деси.. Се окупирам со глупости А кога не мислам на тоа, мислам колку сакам да си го гушкам дечко ми. уф што си го сакам
I daydream a lot! Но во главно, тоа се чести секојдневни ситуации што понекогаш, чудно но ми се случуваат. Велам чудно бидејќи не зависеле од мене... Сакам да ги пуштам мислите некаде далеку, да се релаксирам и опуштам до максимум и тоа го правам при секој слободен момент
Ја претопувам таа дневна фантазија со реалноста. Обично сонувам како танцувам, пеам, плачам. И тоа го префрлувам во реалноста. Едно време бев опседната со сценичноста на изразот, и секогаш сонував како пеам, сцена, драма и театар, па си велам, дали животот нешто сака да ми каже? Дека можеби треба да се запишам на драмски или да се обидам во некој независен театар? И таа мисла и ден денес си ја повторувам и ја фантазирам секако... Можеби ќе се оствари! Храна, често сонувам Кога сум гладна! Мачки - редовен симбол во моите дневни соништа. А и си ги гледам од балкон, како се печат на сонце Денес цел ден мислам и сонувам за Кејот, точак, сладолед. Или на пикник со другарките, шопска на ќебе, јамб и тивка музика.
Како и секогаш, почнувам да си го организирам следниот ден со обврски и уште на почетокот се комирам за спиење или едноставно се опуштам и веднаш заспивам. За да можам да си фантазирам и сонувам будно треба да не сум уморна а најчесто сум уморна
Многу често знам да сонувам за нешта кои сакам да ми се лучат, па си замислувам ли си замислувам морам да признајам бујна фантазија имам ,а понекогаш кога нешто ме мачи цела нок останувам будна и само тоа ми е во главата
ммм..Најчесто фантазирам да се исселам од државава, да започнам подобар живот..Да си го завршам школото и да си најдам некој убав англичанец..
Сонувам за успешна кариера и секако за онај вистинскиот или да бидам појасна ми пишува и долу Hopeless romantic тоа навистина ме опишува British accent is sexy
Пред да заспијам обично размислувам на обврските кои ме чекаат наредниот ден, или тие денови по тој. Доколку нешто такво нема на видик, мислам на дечко ми. Се менува ситуацијата, амбиентот, времето но главната личност во тие сни е истата.