Сонувам за мојата иднина со Него. За нашите мали дечиња кои кога ке ги имаме, ке ги гледаме како очите на главата. Сонувам за се што ме чека. Знам дека ќе имам проблеми но барем нема да се соочувам со нив сама. Тој е овде. Ете тоа го сонувам
Обожавам daydreaming..Јас сум чест daydreamer ..Најчесто сонувам за мојата иднина, ја разработувам и до најситни детали
Јас си фантазирам случки со симпатијата како у некоја „шпанска сапуница“... 3 години размислувам и ништо не се исполнило..
Јас си фантазирам дека ќе бидам одлична деловна жена, ќе работам на проекти и ќе имам добра плата.. хи хи хи хи. Само тоа ми е во ум, ни дечко, ни маж, ни љубов. Сакам само да успеам на тоа поле!
Постојано сонувам.... сакам да сонувам... уживам додека сонувам.... и нормално сонувам за иднината.... блескава и успешна
Сонувам дека мојот сакан си ја променил лошата особина која ја има, сонувам дека конечно ја добивам мојата работа од соништата,сонувам дека конечно го добивам моето мало сонце.....Ах, сонови.....што би правеле без нив? Надежта последна умира...имав таква тема по македонски во средно...што ли тогаш сум сонувала??!
Сонувам среќа, мир, хармонија во домот. Натамошен успех, цврсто стоење на свои нозе. Самостојност во голема мера. Вистинска љубов, да ја осетам конечно. Потребата да бидеш со некој постојано, да не можеш да живееш без некој.. да сакаш некој со сета сила. Горе долу, секој сон се врти околу ова.. Си ги сакам соновите, ме интересира многу дали ќе се исполнат..
Еве ова истово цц . Едноставно разбудена сум а мисливе летаат со 200 на саат. Некогаш знам и толку добро филмче да си изрежирам и доколку е со тажна содржина ми надоаѓаат солзи ко реална да е ситуацијата (ова и на факс ми се случи, па колешките се испаничија, што ми се случило така одеднаш)
охххх па неможам да се разбудам од него уште 100века...... а да почнам со што не сонувам,би била далеку далеку пократка
Сонувам за подобро утре, убедена сум дека ке бидам подобро од денес, дека ке имам повеќе среќа и пари и некој што ке ме сака...искрено.. Сонувам како го поминувам времето со типот кој го сакам највише..