Размислувам за тоа , со што заслужив да се сменат работите меѓу мене и него.Постојано мислев дека ќе успееме,ама не ни оди.Џабе една година помината со него.Но јас го сакам , без разлика на се.Колку лоши работи да ми направил,знам дека сум среќна што постоел во мојот живот
Дека живеам конечно во нормален свет со грижливи и чувствителни луѓе... И барем накратко не решавам свои или туѓи проблеми во бесконечна низа... Ете, ова очигледно е најголем луксуз за мене.
. ..често кога имам слободно време сонувам со отворени очи,будна.... ...риба сум во хороскоп,ние сме фантазери,романтичари,сентиментални,сакаме да одлутаме со мислите во некој наш нереален свет...... ...најчесто сонувам будна за убави работи,што би можело,и што би било,околу љубов,работа, патувања и сл...амбициозна сум по природа и најчесто соновите ги претворам во реалност,а ако нешто не зависи од мене,престанувам да го сонвам тој сон....
Сонувам за некои си убави работи, демек на плажа, па пливам. Исто така и за „моето момче од соништата“ како би изгледал, каков карактер би сакала да има. И разни други чуда.
Мене не ми останува време да го мислам мојот "тип", затоа што постојано р'чи до мене Инаку ова сонување додека сум будна му е вистински неприајтел на сонот, понекогаш и до изгрејсонце ме држи со отворени очи... Во последно време најчесто сонувам да ја најдам работата која ми прилега според образованието, да заработувам мои, вистински пари и да ги трошам со најмилите. Размислувам како би било кога брат ми би живеел поблиску до мене. Се молам за здрајвето на моите родители и фантазирам за времињата кога јас ќе бидам родител. Правам стратегии за надминување на сопствените стравови и за подобрување на животот, помалку на мојот, повеќе на другите...
кога сум будна сонувам за совршенство,вечна среќа,вечно здравје и љубов и за се' она кое што го немам во реалниот живот!
дека ќе се омажам со богат човек и ќе имам СЕЕЕЕЕЕЕЕ, ќе живеам во прекрасна вила,ќе имам премногу облека,ќе бидам славна...
Дека сум кралица, имам огромна круна и сите ми служат верно, и секој мој збор нема кој не го почитува ах пусти соништа
Како турата во Афганистан завршила веќе Го пречекувам на аеродром и можеме да почнеме да ја планираме свадбата