Мислам дека ќе има некој некоја добра идеја и некои рецепти,што правите со лебчево кое ви заостанало,а да не го фрлите... Еве и од мене еден рецепт Го сечеш на потенки парчиња лебчето,го намакуваш во претходно разматени посолени јајца и пржиш во добро загреано масло...Брзо,едноставно и вкусно... Па пишете,оти ми е жал да фрлам секој ден по некое парче...
Каша преубаво е го ситниш лебчето на мали парчиња и го ставаш во кисело млеко ммм исто така убави се и пржените кришки
ехее ке го намачкаш со маргарин или путер,ставаш кашкавал на лебчето али дебелко исечен, ставаш малце сечкана салама и малце кечап и оригано. и така , го ставаш у рерна( или микро) на 15 минути( за рерна) и мммм милина кашкавалот коа ке се растопи
или можес кришките дА ги ставиш на самата рингла малце да загорат па после ги мачкаш со путерче и со сиренце ммммм мерацииииии
Го сецкаш на ситни коцкички , му ставаш малку зејтинче и малку лута или балага сол ...... го ставаш во релна ке го подпечеш и кога ке го извадеш одма му рендаш сиренце и оно ке се стопи ммммм......
A можеш и да го гостиш кучето Ако го имаш ШАла на страна, јас најчесто си го печам во рерна со маргарин, сиренце рендано, лута буковска пипер и сосем малку солца. Превкусно
Проверено! И најдобро искористување на исушеното лепче Само што јас не ставам кечап, туку шунка и кашкавал со оригано
Ако правам ќофтиња и имам сув леб, го омекнувам со вода и го ставам во ќофтињата. Ама не претерано многу, парче-две најмногу. А инаку, го попрскувам со маслиново масло, на хартија за печење и му ставам чајна, сирење, маслинки, кечап и оригано... после во рерна на 200 - мини пици
Еве што направив утрово: намачкав неколку парчиња со маргарин, одозгора со зденка и на крај малце вегета и правец во загреана рерна на 200 степени едно 5 минути. Мх мх
Како дете, за доручек баба ми ги печеше на фолија на рингла, па ги мачкавме со путер и стававме сиренце и пиевме планинско свежо чајче мх мх мх. Убавини.
јас ги сакам и намачкани малку со мајонез и кечап па парчиња тенки кашкавал и кругови тенки краставица и патлиџан..ги загревам во микро печка и супер сендвичиња
кришки или пак намачкај го одозгора и одоздола со маргаринче на средина и стави го во релна не многу некои 4/5 минути ни толку и ќе биде како двопек (добро не баш двопек но тука е)