Често имаме леб после третиот па и четвртиот ден па мора нешто да му правиме, не ни се исплаќа да го фрламе 1. Го сечам лебот на парчиња, го потопувам во изматени јајца и тоа ептен да накисне и го пржам. Испржените лепчиња јас ги сакам со кисело млеко, може и со сирење, домат.. 2. Си правам мини пици или топли сендвичи. Го мачкам лебчето со маргарин па со кечап, одозгора ставам шунка, кашкавал, малку оригано и буковец. Сето тоа го ставам во тавче и го печам. Е нареден пат ќе ги поробам кубетите, пирошките и тие ќофтињата
Пирошки со суво лепче -Една векна бајат леб -Две јајцина -Ммалку млеко -Сол,рендана салама,рендано сирење и кашкавал на коцки -Јајце и презла Го истрошуваме лебот на ситно,ми додаваме малку млеко,јајцата и мешаме,смесата да не биде многу мека ни многу цврста.Му ги додаваме саламата,сирењето,кашкавалот и солта,вадиме топчиња и секое го формираме во ќевапчеста форма,ги мрцкаме во јајце,потоа ги валаме во презла и ги пржиме на загреано масло.Ги вадиме на солвета за да им излезе вишокот масло. Се малку досадни за спремање ама ама вредат за трудот префкусни се.
Го сечкаш на коцкички и го печеш прво у рерна,као двопек го правиш.После му ставаш јајца,со некој додаток,пример печурки,кашкавал (тоа разматено во јајцата) и пржиш.
Во една тепсија ставам парчиња сув леб. Секое парче го мачкам со кечап, па врз него ставам рендана шунка и рендан кашкавал.( понекогаш печурки или чајна/кулен, зависи што ке се најди во фрижидерот, но најчесто со салама и кашкавал.) Потоа јајцата со павлаката се матат па преливам преку целата содржина. Се става оригано и зачини по свој фкус, најчесто користам + кари и лук во прав ептен малку колку за специфичен вкус и околу 15 мин во рерна на 200 степени. Па брат ми најмногу ме сака ова ко ке му го напрам .. хехехе Вака некако изгледа ..
исушеното лепче јас го користам за гибаница во еден сад матам 2јајца ставам 1пециво 1чаша јогурт и неполна чаша масло сето тоа го матам со вилушка, потоа додавам рендано сирење од прилика пола кило може и помалку тоа е по желба и салама по желба. Ставам малку оригано и во зависност од соленоста на сирењето сол или вегета. Во тоа го додавам лебот исечен на коцки (1леб) и мешам додека смесата се соедини (може да биде и посува смесата не е никаков проблем). Потоа во подмачкан плех со масло или маргарин ја ставам смесата, од горе ја премачкувам со јајце и ставам сусам. НОрмално следно се пече (никогаш не сум заприметила на време за печење бидејки кога добро ке се зацрвени гибаницата ја вадам од релна) ја сечам на коцки и многу ја обожавам со јогурт.
Исушеното лепче го пржиме во јајца и имаме готов појадок.Исто мама знае понекогаш да ни напраи домашни бејк ролс, убавини. Никогаш сме немале навика да фрламе храна, особено не леб. А имаме роднини кои редовно сувиот леб или го фрлаат или го даваат на кучето.
Пржени лепчиња. Ама со twist Две лепчиња се потопуваат во изматени јајца и се прави сендвич со салама и кашкавал што убаво се топи. Се спојуваат со чечкалица и се пржат. Мммм кога ќе се пресече лепчето тече кашкавал Или француски тост. Лепчето се натопува во слатка павлака (може да се додаде цимет и/или морско оревче по вкус) и малку екстракт од ванила. Се пржи на малку путер. Се служи со свежо овошје, најубаво со јагоди и разно шумско овошје и шеќер во прав. Или мед. И евентуално топка маскарпоне или изматен шлаг. Совршенство.
Брускети. Го сечам лепчето на кришки и ги потпекувам. а за одозгора зависи од сезоната. Правам неколку варијанти: 1. салата од патлиџан, кромид и свеж босилек или магдонос, малку масло и сол и го ставам врз лепчињата. 2. туна и маслинки 3. пинџур ( ова е за мм, јас не јадам пиперки и не знам како е )
Рендано биено сирење,јајца(едно,две,зависи за колку луѓе е),неколку капки зејтин,сето ова се меша заедно и се става врз парчиња леб,одозгора се ставаат сечени маслинки и се потпекува,абе повкусно нешто нема
^ Стави масло во тавче да се загрее, а во меѓувреме изматкај ги јајцата. Во јајцата можеш да додадеш и малку млеко, а ако јадеш посолена храна - додади и сол. Потоа потопи ги лепчињата во јајцето од двете страни и стави ги да се пржат. Додека се пржат врти ги од двете страни. Зејтинот не треба да биде премногу врел инаку ќе ти загорат, ама ако не е загреан убаво ќе се впие во лепчето и потоа ќе бидат многу мрсни. Некоја златна средина држи. Ќе познаеш по бојата на јајцето кога се готови
Сувото лепче се сече на тенки кришки, се премачкува со маргарин. Потоа се мачка ајвар домашен и над него сирење и шунка. Се пече во релна најмногу 10-15 минути. Вкусен и крцкав рецепт за доручек или вечера во комбинација со јогурт, чај, млеко или по ваша лична желба. Друг рецепт за сув леб, дело на мојата старосватица е следен: Лебот се сече на кришки и се премачкува со маргарин, потоа над него се премачкува изматено јајце. Над јајцето се става коцки шунка, кашкавал, печурки. Повторно се премачкува со изматено јајце и згора малку кечап и оригано. Се печат во релна и имаат вкус на пица.
Kога имам повеке сув леб го пржам кришки со јајца, некогаш го правам тост, некогаш го кршам на мали делчиња па му рендам малце сиренце, одозгора вагетичка и го потпекувам во релна, а и обавезно секој ден им ронам на пилињата
Денес од малку сув леб кој беше останат направив кубети за во Цезар салата.Го исецкав на коцки и во тефлонско тавче само попрскано со масло го потпеков малку и додадов зачини.
Најчесто исушениот леб го сечам на парчиња и го редам во тава. На секое парче леб ставам по малку маргарин. Потоа во сад ставам сецкана салама, кашкавал (сирење), кечап, јајце, печурки, зачини и сето тоа го редам на парчињата леб и го ставам во рерна да се пече. Многу лесно и брзо се прави и ова ми е едно од омилените јадења.
Ова ми се допаѓа, ќе пробам. Јас кога имаме сув леб го виткам во кеса и го закачувам на контењерите, го земаат оние кои буричкаат пи нив.
Јас од исушениот леб често правам двопек. Така најубаво ми e. Уште ако се стави малку оригано или рузмарин, ко брускети-марети доаѓа. Или пак испржени лепчиња, ама јас ич не ги сакам. Друѓите дома ги јадат. Исто од бајат леб понекогаш правам мини пици со: кечап, сирење и оригано. Ама јас најмногу сум по двопекот, две-три минути во микро-печка и готов е.