јас пак “пица бред“ правам, го сечам лепчето или на кришки или по должина (зависи колку бајат леб останало) и врз него си ставам кечап, оригано, сусам, кашкавал, шунка и печурки.. и ги ставам во тавче (претходно премачкано со маргарин или путер) и потоа го ставам во рерна да се пече, и отприлика за едно 15ина минути имам превкусен доручек или вечера
Денес си изматив јајца и си изрендав кашкавал па ги натопив во леб и ги пржив а потоа домати и мајомез мммм преубаво испадна.
И јас како некои феминки го користам за правење на „мини пици „ . Но освен тоа , јас со исушенит леб си правам мои „ тост кришки „ . Лебот ќе го насечам на кришки ( рибанки ) , и ќе ги намачкам од двете страни со маргарин . Потоа откако ќе ги намачкам, им ставам вегета , а може и зачин , и сусам од озгoра . Исто од двете страни . Вака подготвени ги ставам на тостерот . И чекам кришките да поруменат така што ќе крцкаат . Многу ми се вкусни . А и можат да се јадат и во комбинација со други јадења намесо обичен леб .
Го редам во тавче со малку зејтин, му сечкам сланина, го потпекувам, и е многу убаво и крцкаво, а во средината и малку меко од сланината. Си го јадам со пржени јајца. Исто така и правам тост со него, а мама прави рибанчиња пржени.
Незнам дали поради воспитувањето, срце ме боли кога ќе морам да фрлам некое заостанато, скаменето лепче со кое ама баш ништо неможе да се направи. Секогаш се потсетувам дека кога бев мала, и нешто кога требало да се фрли, ќе не потсетеа дека во Африка толку деца умираат од глад... Значи, гледам да не дојде до фрлање, или ке направам брускети, или пржени лепчиња со јајца или благо: кришките бајат леб (сеа да не е мувлосано), ги редам во еден огноотпорен сад и ги поливам со засладено по вкус млеко, во кое ставам 3-4 разматени јајца, и цимет, суво гројзенце ако ми се наоѓа, ванила...Оставам да отстои некое време и го потпечувам, се добива едно убаво блакце, особено добро за зима.
Епа κога е исушено, или пρавам едно тавче топеница со него или го сечам на κρишκи, пρемачκано со маρгаρин или путеρ и одозгоρа со κашκавал и во миκρобρанова едно 20-30 сеκунди, ммм милина .
Еве интересна и вкусна идеја.Но е калорична Сепак вреди да се проба http://www.youtube.com/watch?v=CSEPRgqW6WU
трошеница незнам како го викаат ова во различни делови од мк ама овде ние така го викаме , со стар леб во тепсија на мали парченца го кршиш ставаш малку бутер да се растопи околу нив и сирење и тоа го клаваш да се потпече малку додека се испечат лепчињата и го ваѓаш и многу е вкусно .. мајками и викам кога ќе се мажам ќе правам ваквоо првата ден за ручек
Топеница , на тоа мислев κога пишав погоρе . Навистина е вκусно, а уште повκусно е κога лебот е сув , таκа да κога имате сув леб исκоρистете го за топеница! Слатκо ќе се најадете .
Пробав, ми се свиѓаат. Лепчето е внатре сочно од јајцето, а од надвор крцкаво. Само јас направив моја комбинација, затоа што не сум љубител на кашкавал. Во јајцето ставив сирење кое малку се растопи, пиперка, шунка, оригано, рузмарин, семки од тиква, сол, бибер и кечап.
Еве еден рецепт за нешто слично на пица - лепчиња, само што не се крцкави туку омекнати.. На намрсена тава се редат лепчињата. Во сад се маткаат јајца (околу 3-4, зависи колку лепчиња ќе потпекувате), кршено/рендано сирење, еден филџан (за кафе) млеко, малку путер или масло, и салама, маслинки по желба. Одозгора се става оригано. Се потпекува околу 10тина минути, и готово Друго, лепчињата поставени на намрсена тава или тефлонска, прво се мачка малку маргарин, па се става кашкавал и одозгора крукчиња виршли и зачини по вкус (оригано, кари..). Кога ќе се испечат може да се стави кечап, сенф, мајонез.. кој што сака Виршлите си се убаво пропаднати во кашкавалот... абе милина Уште една намена за бајатиот леб научив од идната свекрва.. таа го печи лебот, поточно го суши во рерна и потоа го толчи за да се добијат лебни трошки. Абе, мора сето да биде home made, нели..
Јас кога имам стар леб .. најчесто си сечам кришки од него, на нив ставам кечап, салама(за другите ) , кашкавал или сирење и оригано. И ги ставам 8 минути да се печат. Или ..ке го исечам на поситно лепчето , ке му ставам само сирење и оригано и го печам.
Исушениот леб (но не мувлосан, се разбира) може да се омекне и да стане подобар и од пресен леб на следниов начин: Во рерна намачкан со маргарин и малку да се испече, па потоа врз него црвена пипер (од таа што не е многу лута). Ова јадење посебно за на зима е вкусно. (со додатоци некои, пример ајвар, чварки и сл.)
Зависи како сум расположена и гладна Најчесто го правам на два начини. 1. Една рибанка ја сечам на половина и ја премачкувам со зејтин од двете страни и ставам одозгора зачини најчесто вегета и буковец и на тостерот притискам 5-6 мин. Летно време со краставичка, патчиџанче и сиренце е милина, зимно време со ајварче. 2. Врз рибанката ставам парчиња салама, патлиџани, печурки и многу малку кашкавал (не сум љубител на кашкавалот, го ставам колку за вкус) и зачини најчесто буковец и ги ставам во рерна на 15-20 мин. Кога е готово ставам кечап и тоа е тоа..