Најчесто го бакнувам пред да го фрлам. Но, не поради верски причини, туку како мал гест на почит кон луѓето кои го правеле. Или го давам на животните надвор да се нахранат, намачкан со некоја паштета или храна за мачки/кучиња. Бајат леб не можам да јадам. Ни моите дома не јадат. Кашкавал секогаш немам дома.
Во сад за матење со вилушка ги матам следниве состојќи : 2јајца 150 мл зејтин 200 мл млеко или јогурт (што имам во моментот) 1 прашок за пециво половина од целиот леб ( кој не се искористил најмногу 3 дена) кршам на ситни парчиња и додавам во садот со останатите состојќи и мешам. Се друго е по желба. Додавам суџук сечен на ситни коцки, 100 гр кашкавал,две лажици кечап, ситно сецкан жив кромид,маслинки сецкани. Смесата треба да биде ниту многу течна миту многу густа,како пире да речеме. Смесата се истура во подмачкана тава со зејтин и одозгора се посипува печен сусам. Се пече на 200 С додека не порумени (15-20 мин). Има вкус на пица и не се познава дека е од стар леб.
Ги потопувате кришките во млеко и ги редите во плех една до друга да нема празен простор потоа ставате кечап шунка(кулен, печеница) кашкавал печурки и ете вкусна домашна пица
на тостер подмачкани со кристал маргарин и ги јадам со намаз или со ручек, или кршам на мали парчиња потпечувам со сирење и јајце мешано заедно со малку млеко
Правам попара.Зовривам вода со зејтин ,сол и многу бибер внатре.Намалувам оган и ставам сечкан леб ,многу прска па треба нон стоп да се меша.Дробам сирење внатре и кршам неколку јајца.Додека е топло е превкусно .