исто и ние, премногу е вкусно А мајка ми, понекогаш и пржи кришки. Ги сече на кришки, ги натопува во јајце и после ги пржи.. Мммм со чаша јогурт, превкусно е ми се пријаде ...
najcesto zaostanatiot leb go przam so jajca iako nesum golem ljubitel na jajca i imam alergija od niv sepak przeni ribanki ubavi mi se so sirenje ili jogurt
Мх мајка ми што прави едни ќофтиња,ама никако да ја натерам да направи повторно,деновиве сукам ракави,купувам повеќе леб ден претходно и... Е вака,го дробите лепчето ситно,и го замесувате со млеко,колку да прими лебот,не премногу. сецкате кашкавал или сирење,што имате,и салама и ја мешате со смесата од лебот и млекото. Обликувате топчиња како ќофтиња и ги пржите.Превкусни се,само брзо ги снемува
i jas isto ili kriski, ili mini pici ili pak na parcinja odgore rendam margarin , vegeta ,bukovec mozei lukce vo prav i pecam , dur ne porumeni , pa vadam i rendam sirenje
Еве уште еден предлог што со исушеното лепче... Пирошки од старо лепче - 500 гр стар леб - 100 гр кашкавал - 100 гр врат или шунка - 100 гр лебни трошки - 1 морков - 3 кисели краставички - 1 јајце - зачин ____________________ - 150 гр брашно - 2 јајца - лебни трошки - зејтин Лебот го натопуваме со вода и го умесуваме. Кашкавалот и морковот ги рендаме, а краставичките и вратот (шунката) ги сецкаме ситно. Го соединуваме лебот со кашкавалот, вратот, морковот, киселите краставички, јајцето, лебните трошки. Зачинуваме по вкус и месиме за да добиеме хомогена смеса. Од припреманата смеса, со намрсени раце ги обликуваме пирошките. Ги увалкуваме во брашното, па во јајцата, па во лебните трошки и пржиме во врел зејтин додека не поруменат.
Или пак мене мајка ми ме научи со сувото лепче да го здробиш попара, со млака вода шеќер, малку киселина колку да закисели малку мешаш и јадиш вкусно е ако има и шеќер и киселина Или сечеш кришки, малку масло, сирење, ги потпекуваш во рерна 4-5 мин и јадиш
Јас лебот го ставам во печка за леб(мислам дека така се вика ) еве слика да ви стане појасно и откога ќе ми се испече му ставам малце путер и вегета и е ммммммм...многу вкусно
Што со исушеното лебче... Пред некој ден си направив вкусно јадење со стар леб... Прво лебот го сечете на кришки, па на половинки, четвртинки или како сакате, може и цели. Потоа ги мачкате со малку паргарин од сите страни и ги ставате во загреана рерна неколку минути, колку да станат крцкави. Во меѓувреме, во помала земјена тава (како оние за лазањи) ставате малку маргарин, ја ставате во рерна да се растопи маргаринот, и потоа ставате дробено сирење. Врз сирењето кечап (по вкус), и врз кечапот рендан кашкавал, и ставате во рерна некои 10-15 мин, додека кашкавалот и сирењето се стопат. Премногу вкусно!!!
Што со исушеното лебче... Јас сега баш го употребив старото лебче (морав да се снаоѓам, сум заборавила да купам ново) го исеков на кришки, нив ги намачкав со маргарин по едно парченце кашкавал и оригано. Во тањир и во микробранова 2 минути...чаша јогурт и вечерата е сервирана
Што со исушеното лебче... Потопи го во изматени јајца, и испржи го и ете имаш француски тост....или по нашки речено, пржени лепчиња со јајца!
Што со исушеното лебче... Лебот се дроби на поситни парчиња, во него се кршат 2-4 јајца (зависи од количината на леб), се става дробено сирење, малку масло и сол, и се меша ама да не се намокри целиот леб (така лабаво). Се става во тавче и се пече. Може да се додаде сецкана шунка или кашкавал, ама мене ми е поубаво само со сирење. Може и сусам одозгора.
Што со исушеното лебче... Исецкан на коцки лебот го ставате во тавче, пропрскувате со зејтинче или малку путерче, исецкано ситно сирење и печете. Интересен вкус, лепчето биднува крцкаво а сирењето подзапечено му дава фантастичен вкус
Што со исушеното лебче... секогаш кога ке ми остане суво лепце го сечам на парчиња, па секое го мачкам со маргарин, а потоа со кечап, над то ставам саламче, па рендам кашкавал ставам малку оригано и печам во загреана рерна некоја минутка додека се стопи кашкавалот и имам мн вкусни мини пици
Што со исушеното лебче... 1. Можете да ги испечете како двопек и да ги ставите во хартиена кеса, па да си ги користите. 2. Може да си направите кубети, така што кришките ќе ги исечете на помали парченца, а потоа ќе ги премачкате со маслинов зејтин, ќе им ставите зачини по избор, јас им ставам лукче во прав, вегета, босилок, оригано... што ми дојде, потоа ги печете на тивко во рерна. 3. Порано правев еден рецепт за брза пита со кришки лепче наместо брашно, но го иамм заборавено. Многу беше вкусно. Едноставен беше рецептот, класична брза пита со јајца, јогурт/млеко, додатоци (сирење, спанаќ(или како што го викав како мала спањак ) или друго по желба), лепчињата исецкани на мноогу ситни парченца - издробени и сето тоа се меша и пече додека не се запече убаво и не добие убава светло кафена боја.
Што со исушеното лебче... јас го сечам на коцки во караванче го попрскувам со малку вода, масло, сол, буковска и в рерна .... ептен е вкусно
Што со исушеното лебче... Ај ако некој го знае рецептов со брзава пита нека ми каже колку количински идат состојките отприлика. Имам слушнато дека вкусна била питава па може да ја направам некој ден