Што со исушеното лебче... Со суво лепче правам тост, пржени кришки со јајца или лепчето го сецкам на коцки, рендам маргарин, сирење и/или кашкавал, салама, ставам оригано и го потпекувам околу половина час, а некогаш рендам само сирење и маргарин, зависи што и колку имам дома.
Што со исушеното лебче... Исечи го на малечки парченца ,стави ги во плех,стави зејтинче, вегета,биберче,и сиренце...одозгора можеш да ставиш изматени павлака и јајца и ќе добиеш вкусно јадење
Што со исушеното лебче... Исечкај го на ситни парчиња и стави го на фолија. Со фолијата стави го на рингла за да се потпечи малку. Стави ги во чинија парчињата и стави им масло, црвен пипер и рендано сирење.Мх мх
Што со исушеното лебче... Суво лепче ќе му ставите слама, кашкавал кечап итн и ќе го ставите во рерна и сте добиле мини пицички
Што со исушеното лебче... Со исушеното лебче може да подготвите пирошки на брз и лесен начин. Подготовка: 1-сув леб(го дробиме исто како за попара)во една чинија,потоа ставаме 1 лажица сол,и рендаме сирење,салама,оригано(по ваша желба).Во чинијата ставаме 1 чаша млеко(млако).Смесата ја замесуваме исто како тесто.Потоа правиме форми(топчиња).Топчињата ги брбеламе во јајце и презла.На крај се пржат.Пробајте го овај рецепт верувајте превкусен е и не одзема многу време(а и пари)
Што со исушеното лебче... Намачкано со маргарин во микро најчесто.. Или можеш да си направиш Нафора.. Се ситни на парчиња, и се пржи со Сирење
Што со исушеното лебче... Пита од бајат леб и сирење Сирењето, јајцата, киселото млеко, јајцата и киселата вода измешајте ги и направете смеса од нив. Потоа на еден плех, наредете ги кришките леб па ставете од смесата, и повторете ја постапката така што последно ставено ќе биде смесата, но во помала количина. Одозгора ставете сусам. Печете на 200°C од 35-45 минути. Доколку сакате може да ставите и шунка или печурки. Потребни состојки: 1 векна бајат леб 300 гр сирење 1 кисело млеко 2 јајца 1 шоља зејтин 1 мала шоља кисела вода 50 гр сусам Преземено од : http://popara.mk/recepti/pita-od-bajat-leb-i-sirenje/
Што со исушеното лебче... Лепчето кое сум приметила дека се засушило, го ставам на фолија претходно премачкана со путер/маргарин и го ''стиснувам'' на тостерот. Го оставам околу 5 минутки (се опушта од путерот) и потоа го декорирам со кечап и сушен магдонос или оригано и имате мини-големи домашни бејк лепчиња
Што со исушеното лебче... Го ставам во рерна и потоа го јадам со салама, кашкавал и кечап. Ова ми е едно од највкусните јадења што си ги правам сама. Или си правам пржени кришки.
Што со исушеното лебче... Истото и јас го правам, со кашкавалче и кечап го ставам во рерна да се потпече. мммммм многу вкусно
Што со исушеното лебче... Го сечам на рибанки, потоа рибанките ги брцкам во муткани јајца и ги пржам...кога се готови ги јадам со кисело млеко или јогурт
Што со исушеното лебче... Обично правам пржени кришки, или си правам пицички од лепче, понекогаш знам да си направам и потпечени лепчиња на тостерот, а мајка ми еднаш оравеше превкусна гибаница од сув леб, иста како од кори, дури може и повкусна...
Што со исушеното лебче... Пржени кришки со јајца.. или пак ќе си го исечкам на парчиња, во едно тавче ќе си го наредам, ќе ставам кечап (по можност домашен хх), салама, сирење, оригано... и во рерна, најубаво е така кога крцка од страна хехе или пак на фолија така ќе го затоплам и решен проблем : )
Што со исушеното лебче... Пржени кришки. Не го знам точно рецептот ама вака некако е: Се загрева зејтин, а предходно се дроби лебот, и се попарува. Си ставаш што сакаш, мене најубаво ми е со сирење и салама. Уште ова! Незнам дали се правеше со бајат или со тазе леб. Моите се на гробишта, кога ќе дојдат ќе ги прашам.
Што со исушеното лебче... Исушеното лепче најчесто во фурна со путерче и сиренце рендано одозгора, плус чаша чај, милини. Или потпечено во чинговано тавче на рингла со малку маргарин и црвен пипер. Ова малце чади и умирисува ама има преубав вкус. Спојлер Ова малце ептен офтопик ама неможам! Еленко мори шо прат твоите на гробишта во 12 сато навечер?