Што со исушеното лебче... Со лебчињата можеш да направиш кубети. Исечи го лебот на коцки, зачини го со што сакаш, може и мастраф некој да се стави, и се печи додека не се крцкави.
Што со исушеното лебче... Вчера беше духовден. Се оди пред 12, а се вратија накај 2. Е сега, некои одат од сабајлето, или предходниот ден, доколку неможат вечерта. Јас прв пат пропуштив оваа година, дека сум настината.
Што со исушеното лебче... јас освен приготвување на кришки знам уште еден начин сувиот леб се сецка на ситни парчиња се става на оган со малку масло и серење по овкус...навистиа ми се допаѓа
Што со исушеното лебче... САМО СО ГИ НАПРАВИВ , А ПРВ ПАТ ПРАВАМ ПИРОШКИ И ОДЛИЧНИ СЕ ОДЛИЧЕН РЕЦЕПТ НЕ СЕ ПОЗНАВА ДЕКА СЕ ОД СУВ ЛЕБ
Што со исушеното лебче... Може да се направи како попара, а исто така и во микробранова или рерна со салама, кашкавал, кечап ... исто како обичен сендвич, само топол
Што со исушеното лебче... Си правам некогаш нафора, пица-лепчиња, или ги правам пржени лепчиња со кашкавал..
Што со исушеното лебче... Hа прозор за пилињата ! и не се шалам, најискрена сум! дури и куќички имавме направено за во зима, ама не знам кај се! Tреба да ги побарам! Aма за лебот во најголем % на прозори го редиме за пилињата
Што со исушеното лебче... Кога ми останува повеќе сув леб(а тоа најчесто е така кај мене дома), земам тава, ја намачкувам со маргарин и сиот сув леб го кршам на залчиња и го редам во тавата. Потоа одозгора ставам смеса (од неколку јајца, мало парче сирење, пилешка шунка, малку јогурт, чаша зејтин) а врз смесата ставам кечап. Сето тоа се пече некоја минута, и е толку вкусно. Како пица направена од сув леб
Што со исушеното лебче... Тавата ја мачкам со маргарин,лебот го сечам на парчња и од едната страна го потопувам во изматени јајца и го редам во тавата со страната што е со јајце свртена нагоре.Врз јајцата ставам сецкани печурки,врз нив малку кечап,па салама сечкана на парчиња и врз неа рендам кашкавал.Врз кашкавалот ставам малку оригано и потоа во рерна да се запечат.Навистина е многу вкусно.
Што со исушеното лебче... Или нафора, или одозгора редам кашкавал и печеница и оригано и во рерна, или пржени лепчиња со јајца, или во тава со сирење.
Што со исушеното лебче... Кај нас дома секогаш, ама баш секогаш мора да остане леб. Нешто што мајка ми го направи е слично ко пица. Го исече лебот на подебели кришки и го нареди во тепсија и одозгора му стави што имаше во фрижидер - сланина, кашкавал, кечап ... поточно се' што се става на пицата. Па ако немате време за да замесите или пак да купите тесто за пица, решението е суво лебче. Вкусно е.
Што со исушеното лебче... Барав нешто на интернет и случајно налетав на оваа страна. Има многу рецепти со старо лепче. http://www.coolinarika.com/tag/star-leb/?page=1
Што со исушеното лебче... od isusenoto lepce napraj si prezla dokolku nemas masinka zemi stai vo kesa isuseniot lep i kesata zatvori ja. potoa zemi tolcnik i ednostavno zdrobi go
Што со исушеното лебче... Никогаш не сакам да фрлам леб па и да е исушен.. грев ми е,или си правам тост па не се осеќа дека е исушен или пржам леб а најмногу сакам да ги хранам птиците со лебче..... а сум слушнала дека некој луѓе чекаат да се исуши па го јадат затоа што бил по здрав така..