Што со исушеното лебче... Ги мачкам со маргарин, малку сол врз него па буковска. Потоа ги сечам на парченца, по желба...па ги ставам во тепсија па во загреана рерна, малку, колку да го снема маргаринот, доколку се сака покрцкави се оставаат малце повеќе во рерна. Само ова има една лоша страна, толку се вкусни што се губи чувство колку се јади...
Што со исушеното лебче... Најчесто од него правиме пржени лепчиња или пак го потпекуваме во рерна, одозгора со црвен пипер, малце зејтинче и вегета.. А многу ретко го правам како попара со млекце благо.
Што со исушеното лебче... Прво го мачкам со путер па ставам врз него сирење, кашкавал, шунка, кечап, мајонез и некои зачини на пример јас ставам оригано. Потоа го ставам во рерна и го вадам лебчето за 15 мин. Убаво е многу, пробајте.
Што со исушеното лебче... - пржено лепче ч - го сечам лебот на кришки и врз секоја ставам доматно пире, рендам сиренце, салама и ги ставам да се печат со по едно парче кристал маргарин врз секоја кришка - макам путер, ставам вегета и на печење, така крцкави како двопек се вкусни со сиренце или салама, јогурт, доматка, краставичка вкуснооооо
Што со исушеното лебче... Најчесто го пржиме. Некогаш го печам во рерна, ставам на лебот кашкавал, печеница исл. (што и да има во фрижидер) Може и да се направат тостови од него, или само лебот да се испече на тостерот, па да се стави одозгора нешто по желба.
Што со исушеното лебче... Презла Кога ќе се исуши стариот леб се меле и нема потреба да купувате презла
Што со исушеното лебче... Или тост, или премачкано со маргаринче и на тостер печено, и потоа го јадам со кајмак или крем сир
Што со исушеното лебче... Со оглед на тоа дека количински малку јадеме секогаш ни останува леб, па затоа најчесто правам пржени или пица лепчиња.
Што со исушеното лебче... Или го пржам со јајца или пак го мачкам со маргарин или зденка, му ставам парче кашкавал одзгора и го топлам во микробранова. Е тоа ми е незаменливо вкусно...
Што со исушеното лебче... Го ставам в рерна и врз него ставам маргарин салама кашкавал кечап или пак го давам на кучињата!
Што со исушеното лебче... Понекогаш со кремсир и кашкавал го топлам во рерна за појадок, или пак се јаде кога има манџа (ама обично се топли во рерна не мора со кашкавал со што и да е ) .
Што со исушеното лебче... Сувиот леб исечете го на коцки, и ставете го во подмачкан плех. Изматете неколку јајца, во зависност од количината на леб, и внатре можете да ставите што ви е ќеиф, шунка, сирење, кашкавал, што и да имате во фрижидер, и млеко,околу 300 грама. Може и јогурт, малку разреден. Печете 10-тина минути, и влезете и на тавата!
Што со исушеното лебче... најчесто правам тост со сирење мммммммм , исто пржени кришки, или во релна потпечени со се и сешто на нив како пица
Што со исушеното лебче... зимаш тавче за палачинки,или пак ако немаш на ринглата од шпоретот ставаш фолија за печење што е. ако правиш со тавче намачкај го со маргарин одоздола,а ако е со фолија дирекно стави ги кришките на неа..после тоа кје ги свртиш да се испечат и од другата страна и ги ставаш на тањир. ги јадеш со што сакаш..јас практикувам мармалад од кајсии(домашен) или пак кашкавалче со шунка и кечап..ии оригано малце. наздравје. :Д
Што со исушеното лебче... Го сечам лебот на парчиња, секое парче го мачкам со малку маргарин на краевите а врз него со кечап. Ставам еден лист кашкавал и еден лист обично врат и со претходно намачканата тавка со маргарин правец рерна. Пица лепче си ги викаме ние дома Другата варијанта е во тавка и исто во рерна ама суви да се лепчињата. Откако ќе ги извадам ги мачкам со путер или маргарин, што има и ги јадам со варено јајце и чај. Евентуално некогаш наместо јајце, мачкам мармалад.
Доколку е насечкан на парчиња добро, ако не, го сечете на подебели кришки. Во сад кршите јајца и ставете малку вегета и многу сусам. И стандартдната процедура за пржени лепчиња. Меѓутоа сусамот му дава толку убав шмек, скрос различно од обичните пржени лепчиња. Со тоа може кисело млеко или сирење.
Најчесто си правам домашен тост со путер, шунка, кашкавал, кечап, мајонез и оригано. Или лепчињата ги ставам во ваков тостер, па потоа ги мачкам со путер и ги комбинирам со нешто по желба.