јас од усусено лепЧе или ке направам некој тост,па со млеко ако го ајдеме или го рендам на рендалЧе и потоа го употребувам за бело месо
Најчесто си правам тост кога нема некој да ми направи .Инаку мајка ми има еден рецепт колку што сум ја гледала со сега го крши лебот на ситни парчиња и го става во едно за во рерна (го заборавив како с е викаше ) Ааа да и му става пециво и некои зачини за пица и после го јадеме со јогурт или сиренце
ЈАс сувото лепче го правам во неколку комбинации 1. Пржено лепче (сечени кришки потопени во млеко и јајца, кога не се со млеко се помрсни и не ни се допаѓаат) 2. Додаток за во ќофте 3. Тост 4. Лепчиња печени со бешамел сос (Лепчињата сечени на кришки и одозгора им ставаш по една лажица бешамел сос. Сосот го правам по своја рецептура . На тавче ставам обично масло, се загрева, ставам 3-4 лажици брашно, пропржувам, додавам сосема малку пиво или вино, иако може и без тоа. Цело време мешам со дрвена лажица. Додавам сирење, и што имам дома, салама, врат, кулен, маслинки. Може и ништо од сувомеснато, доволно е само сирење. Додавам чубрика и црн бибер. Цело време по малку додавам млеко. Тавчето е тргнато од рингла оти да не се зафати. Млеко се додава додека смесата не стане хомогена, ниту течна нуту ептен густа. Како таква ставам по 1-2 лажици врз кришките леб и ги ставам да се печат во претходно загреана рерна.)
ги правам ко пици,ги редам во тава и врз нив рендам кашкавал салама редам печурки и кечап или правам затворена пица лебот само го отворам и редам се како претходново го затварам се потпеува и прекрасно е
Од сувиот леб се прави најубавата попара со вода да со вода, звучи штуро ама всушност е многу вкусна. Епа вака: ставете вода да зоврие и посолете ја, а лебот издробете го на парчиња, и ставете го во зовриената вода, и промешајте 2-3 минути за да не загори, а и добро да се соединат состојките. Настрана ставете малку зејтин добро да се загрее и чвркосајте ја попарата и измешајте. Препорачувам да ја сервирате со рендано сирење одозгора Ќе го имате најбрзиот и највкусниот појадок Епа наздравје
Лебот се сече на средни парчиња.Секое се мачка со разматени јајца со сол.Се пржи во врел зејтин .Се сервира со јагрут , патлиџанче , сиренце .Ние ги викаме рибанки.Многу се вкусни.
Јас го правам како колач,децава го обожаваат.Значи го ситнам лебот на коцки го ставам во намастена тава,матам неколку јајца во зависност од количината на лебот додавам во јајцата -ако сакам солена варијанта-јогурт,сирење и се што се најде по фрижидерот,сусам ако имам, посипувам одозгора благо промешувам и фрлам во рерна.Варијанта 2 -блага-матам јајца додавам шеќер по вкус,ванила,морско оревче или цимет,во зависност то имам, може и слатка павлака ,посипувам и печам.Многу леб имам спасено вака.
Го сечкам на рибанчиња, ги премачкувам со малку маргарин, па потоа со ќечап. Додавам малку оригано и сусам, рендам кашкавал, додавам шунка, ги потпечувам и пици за мерак
си го дробам (кинам) на парченца колку залак и со загреана тава со зејтин го попржувам со малку сиренце мммм може со јогурт да го послужиш
-си го пржам увалкани парчиња со јајца и во загреано масло -пишав погоре - го кинеш на парченца и го запржуваш со зејтин и сиренце -како додаток во ќофте -сув леб-со манџа -пици-редиш парчиња леб во намрсен плек и одозгора ставаш кечап и се др. -во фурна- редиш во намачкан плех парчиња леб и го јајца и сиренце го пиливаш и потпечуваш не ми текнува повеќе...кога ке ми текне веднаш ќе пишувам
Го сечам на рибанки, им ставам кашкавал, салама, кечап, сирење и ги подпечувам, или Ги мачкам ајвар, одгоре ставам рендан кашкавал и ги подпечувам. преубави се
Мајка ми од исушеното лепче прави лепче пржено бо јајце. Значи си матиш јајца и сол, ги потопуваш лепчињата внатре и ги пржиш во масло. Преубави се со сиренце, чајче, мармаладче.. Јас со исушеното лепче правам french toast. Слично е како ова со јајцава само што му ставаш и млеко, шеќерче, солче, путер и по избор цимет, мед, сладок сируп и сл. И ги пржиш исто, превкусни се.
Мајка ми го прави топеница... (не верувам дека знаете што е тоа) Го сечка на мали, ситни парчиња и со малку зејтин и сирење/ урда го запржува. Исто така некогаш го прави и со јајца, превкусно е.
знаеме,знаеме кога е за јадење да видиш како знаеме ,не не прашувај многу за работа многу е вкусно знаам си го правам и со неисушено лепче ммм ме настрви
За лесен појадок, би било совршено. Се сече на парчиња , се мачка со маргарин или намаз, му се додава на секое парче леб, одозгора врз лепчето, парче салама и парче кашкавал и така подготвени , се ставаат сите кришки во рерна. Може после тоа да се стави вегета или зачин по избор. И после тоа си имате убав и лесен оброк, а и вкусен. Bon apettite!