Суво лепче сечиш на мали коцкички(како кубетите купечки шо се). Релната ја загреваш на 200 степени, а во едно тавче(било какво) ставаш неколку капки зејтинче колку да има за да не запечат. Исечените коцкички ги ставаш во тавчето ги посолуваш со различни зачини(сол, веѓета, чили, сушено лукче, бибер...), какви што сакаш ти. Ги ставаш во релната, ги печеш околу 15-20 минути, а на секои 4-5 минути ги промешуваш. Навистина се прекрасни, изгледаат како купечките кубети, ама се многу, многу повкусни! Не одзимаат многу време, а има да се изнагрицкаш. Поздрав.
Или го правиме со јајца или правиме пирошки. Посебно пирошките се многу убави . Пирошки од стар леб Потребно: 1 леб, 3-4 јајца, 150 гр. рендано сирење, 150 гр. коцкички шунка, 100мл. млеко или јогурт, малку масло (може и оригано да добиете вкус на пица). За поховање: 2 јајца, брашно, презла, масло. Подготовка: Лебот се дроби со раце да дојде како трошки, потоа се додаваат сите преостанати состојки и се меси . Откако убаво се измеси се прават пирошките. Прво се валкаат во брашно, па јајце, па презла и се пржат во загреано масло.
Има тема за кубетиве пробај да ја најдеш. Инаку не знам до што е, јас ги правев и на 170 ми беше релната или така некако, и за помалку од 15 мин беа готови. Среќа што ги промешував па видов инаку ке ги изгорев (додуша беа некои изгоренки). Така да внимавајте.
Лепчиња со јајце - пржени-недопржени, поубаво амин. (вчерашниот леб со маргарин намачкан и, само маргарин ...ми е милион пати повкусен него ли тазе леб. Ха.)
Брускети се премачкува лебчето со путер и се додава оригано,копар и магданос. Се остава да се потпече во рерна. Потоа се додаваат ситно исечкани домати, сол и маслинов зејтин.
Pred nekolku dena napraviv neshto neznam ni jas shto..Zemav edno tavce i staviv puter..Nasecev leb i go staviv vo puterot da se isprzi..Staviv mnogu puter...No namesto da se isprzi vo puterot,lebot beshe pecen Znam deka sum mala i imam samo 14 godini...Hahah taka si go zamisluvav no izleze pechen -.-
Да прашам...Томато Брускетите , се како препечено лепче со коцкички домат многу ситни и мислам дека ситно сечкан магдонос иде...дали може со исушен леб или како ? Некој да знае да правел ?
Правам смеса од белка од јајце, сок од половина портокал, малку екстракт од ванила , цимет, малку сол ( доволна е за три вакви тост лепчиња ). Ги потопувам сосем малку во истата ( само површински, не ги квасам цели ) , и потоа ги " печам " врз тефлонско тавче кое го премачкувам со капка - две масло ( значи не ги пржам стандарно ) , од двете страни по 3 - 4 мин . секоја , колку да заруменат, и потоа дур се уште топли ги попрскувам со малку рум и им рендам одозгора темно чоколадо со портокал што е ( ова најчесто http://www.atlantic.hr/media/images/product/Selection-narandza/selection_narandza.jpg ) . Дека сеуште се топли, чоколадата одма се топи и излегува баш како на сликава, плус се крцкави од надвор, а меки сочни внатре По желба можеш да ги сервираш со парчиња портокал од останатата половина ( мада мене ми се поубави само со чоколадо ) Исто така многу ја сакам и мојата " Нутела " варијанта на истиве. Наместо сок од портокал додавам малку млеко во смесата, а потоа наместо парчиња портокал , врз растопеното чоколадо ставам сецкани лешници
Има две опции,или се пржат со јајца(одличен доручек во комбинација со јогурт),или пак се мачкаат со маргарин,се става кашкавал и салама(или некој друг сувомеснат производ) и се печат 5-10 минути
Го потопувам со вода за да е меко и им го давам на врапчињата и гулапчињата.. Ако имам млеко им го натопувам на маченцата од комшиите.. А, за дома, си го прават како пржени лепчиња, со јајце и малку млеко..
знАам неколку рецепти за исушено лепче 1.Прзжени кришки се сечат кришки , се валкаат во јајца и се пржат 2.се редат кришки лепче во плекче се мачкаат со ајвар.пинџур што сакате и одозгора редите се што имате чајна кулен кашкавал сирење, салама го ставате во рерна неколку минути и бон апетит