1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сте во хороскоп?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Carpe_Diem

    Carpe_Diem Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Водолија!:inlove:

    Си го обожавам знакот.
     
    На Aschenputtel и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    И јас ти го обожавам знакот. :inlove:
     
    На Aschenputtel и Carpe_Diem им се допаѓа ова.
  3. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Бииииииик 8)
     
  4. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Рак
     
    На Just.do.it, SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Wallker

    Wallker Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Стрелец
     
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки

    Комуникативни, лабави. За врска не се баш заинтересирани да се "врзат", сакаат да се дружат со повеќе луѓе истовремено.


    Знам еден близнак, така направи, замина на пракса и се плесна таму со школски. Бивша девојка ми е.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Хммм
    А неговиот знак го знаеш?
     
  8. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки

    Не го знам него, а и да го знаев, че го честев пијачка за мајсторилакот. Мене ми требаа 4-5 месеци до првиот секс (при сериозна врска, ваљда од моја страна), а него му требаа ваљда 3-4 недели.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Ти треба да научиш построго со партнерките.
    Ако си рак,сигурно луѓето ја злоупотребуваат твојата добрина.
     
    На *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Како на пример, што да правам?
     
  11. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Jas sum rak,i pokraj emotivnosta sepak i rakot si ima svoi silni strani
     
    На Just.do.it, *Amethyst* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас сум Бик во хороскоп.
     
    На MitMax и Monniy им се допаѓа ова.
  13. Fidorija

    Fidorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2018
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Дупли Лав.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Биковите се супер,јас ги обожувам
     
  15. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Oven podznak lav
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Близнак
    И не верувам.Хороскоп ми е на исто ниво како гатање, баење, тароти и сл. - интересно за следење во слободно време ама most likely лажги со опашки.
     
    На My litle pony, Frosty! и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Реско да поставиш граници шо поминува кај тебе а шо не. И да не си толерантен за секакви каприци и промени во расположение, не попуштај.
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    https://press24.mk/smeshnata-strana-na-horoskopskite-znaci

    Секој хороскопски знак е специфичен на свој начин и остава простор и за онаа другата, смешната страна. Прочитајте го смешниот хороскоп и сигурно ќе се препознаете во некои работи.

    Овен

    Овните ретко кога кажуваат едно, а прават друго. Обично прават нешто погрешно и не зборуваат за тоа. Си го ценат мислењето, горделиви се и без разлика дали живеат во палата или во картонска кутија, до крајот на животот ќе инсистираат дека тоа е токму она кон што се стремеле цел живот. Овенот сите одлуки ги донесува детинесто, лесно стапува во брак, ама лесно и се разведува, а неговиот партнер има склоност кон необични несреќи со смртен исход или со тешки повреди. Овенот има различни веѓи и секогаш самозадоволен израз на лицето.

    Бик

    Биковите се дефиниција за емоционален ролекостер. Во еден момент се среќни, а веќе во следниот се километри под земјата. Бидејќи е земјен знак, Бикот може да ужива во паузите меѓу туширањето, буквално поретко се тушира од останатите знаци бидејќи тоа му е во природата. Биковите сакаат филмови со среќен крај, ама немаат никаков проблем да му се истурат на келнерот ако им доцни со кафето. Без никакво животно искуство им прават стручна психоанализа на пријателите и им даваат замерки за непостоечки работи.

    Близнаци

    Сакаат да мислат дека се половина Сократ, половина Микеланџело, додека во реалноста се половина Џокер, а половина Бетмен. Агресивни се и неподносливи, сакаат како луси. Агресивни се и неподносливи. Во состојба се да се расправаат со сопствените деца за последното парче торта. Ги користат Вагите како вреќа за удирање и ослободување од стресот. Зборуваат гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета бидејќи најчесто си се обраќаат самите себеси. Всушност Близнаците не се ништо друго освен параноична Водолија. Нема некој кој не ги сака Близнаците, бидејќи сите сакаат шизофреничари.

    Рак

    Раковите мора да знаат што се случува во животите на сите живи суштества во галаксијата. Штета што често немаат претстава што се случува во нивниот живот. Тоа обично им го кажуваат пријателите. Се облекуваат само затоа што мораат, а најмногу би сакале да бидат голи цело време. Кога мораат, ја пеглаат облеката, така што ја ставаат под душекот. Тврдат дека се тактични и дека имаат решение за сè, совет за секого. Вистинскиот збор би бил беспомошни, никој не ги сфаќа сериозно. Ако сте Рак и ви се чини дека некој ве зафркава, веројатно сте во право. Но во едно се добри – во носењето на пијаните пријатели дома. Тие пријатели се обично Рибите.

    Лав

    Лавот сака внимание по секоја цена, дури ни самозапалувањето не е надвор од опциите. Често си го бакнува својот одраз во огледалото откако му се воодушевува цел час. Лавовите мора да ги сослушате до крај, зашто ако ги прекинете и тргнете да ја напуштате просторијата, ќе застанат пред вас и ќе го завршат својот монолог, кој секако се однесува на нив. Тешко стапуваат во брак бидејќи никој не им е достоен. Ако и решат да се омажат, Лавиците најчесто го кријат својот партнер заклучен во шпајзот за да не ги срами кога ќе дојдат гости.

    Го сакаат целото внимание само за себе. Сакаат добри расправии и борби, особено со Овенот.

    Девица

    Девицата е најиритантниот знак. Припадниците на овој знак се концентрираат на правилно дишење и редење на гардеробата по боја. Ја чистат секоја површина двапати дневно со четка за заби, а потоа со лупа бараат бактерии. Опсесивно-компулсивното пореметување е еуфемизам за Девиците. Честопати се предизвикувачи на сообраќајни незгоди. Кога ќе ги прашаат зошто, одговорот е обично дека автомобилот на несреќникот бил премногу валкан. За Девиците сè не е црно или бело, туку чисто или валкано. За нив дефиниција за пекол е живот со Водолија. „Сатаната“ Водолија ќе остава ѓубре зад себе и уште ќе се смее за тоа. Толку се луди што омилена занимација им е отворање и затворање на вратата на фрижидерот, обидувајќи се да ја измамат сијаличката.

    Вага

    Толку се елегантни и фини што никој не ги поднесува. Вистинско биполарно пореметување на дело – Вагата не е во состојба да донесе одлука. Нејзиното интересирање за актуелните случувања завршува со новиот моден магазин. Постојано се грижат што мислат другите за нив. Не јадат брза храна и никогаш сами не го фрлаат ѓубрето. Тоа е под нивното ниво. Според легендите, во историјата на постоењето на продавниците за користена гардероба забележани се само две Ваги – предавници на својот знак. Претенциозни и надмени, Вагите се најчестиот холивудски знак.

    Скорпија

    Родените во знакот Скорпија рано почнале да се интересираат за компјутери само за да можат да употребуваат специфична терминологија, па не чуди фактот што хакерите се најчесто од овој знак. Навистина се посебни, Скорпиите се од оние луѓе кои се во состојба да запалат цигара додека се тушираат. Својата животна филозофија ја објаснуваат со пцости. Скорпиите мамат во игрите на среќа. Тешко им е да сфатат дека „Ѕвездени патеки“ е фикција, а тие не се водачот Борг. Затоа не зачудува што Ноќта на вештерките е во периодот на Скорпиите. Само тогаш можат да се маскираат во доктор Ху, а да не бидат уапсени за нарушување на јавниот ред и мир.

    Стрелец

    Стрелците се родени авантуристи. Убиваат пајаци со голи раце и немаат проблем да одат во темница до тоалетот среде ноќ. Повеќе би прифатиле сериозни повреди отколку да направат нешто на полесниот начин. Сакаат да бидат забавувачи, да ги забавуваат семејството и пријателите, но и непознатите. Гласни се и немаат проблем да го навредат соговорникот. Стрелците ги сакаат животните и малите деца, а возрасните апсолутно не ги поднесуваат. Стрелецот никогаш не го запознавајте со родителите.

    Јарец

    Јарците се вредни, поверливи и ужасно здодевни. Добри се во математиката, што има врска со тоа што се најголемите „давежи“ од сите знаци. Повеќето политичари се токму Јарци. На некој начин се наоѓаат меѓу Лавот и Девицата, мислејќи дека тоа ги прави харизматични, а всушност не сфаќаат дека тоа и не е некој комплимент. Способни се. Во случај на нуклеарна катастрофа животот на земјата би го продолжиле само Јарците и лебарките. Немаат пријатели и не се во тек со модата. Го сакаат Трамп. Најголем број од фалсификаторите биле Јарци.

    Водолија

    Водолиите сакаат забави. Нивното мото е „Секогаш и секаде“. Малку се носталгични по шеесеттите бидејќи тогаш можеле да шетаат голи и да не бидат уапсени. Многу сакаат да бидат голи. Уште подобро голи и пијани. Според нив сè е дозволено, зашто еднаш се живее. Поради тоа ги нервираат луѓето во нивната околина, а сметаат дека имаат космичко право за тоа. Веруваат дека ако се потрудат можат дури и да одат по вода. Повеќето рок-ѕвезди се Водолии.

    Риби

    Каде и да одат ги следи смеа. Не затоа што се духовити, туку затоа што се смешни. Лицата родени во овој знак се збунети со целата идеја за сексот. Немаат никаква ориентација во просторот и подобро избегнувајте да ги прашате да ви објаснат каде се наоѓа нешто. Ќе ве пратат со километри далеку во спортивна насока. Најчесто умираат од пад низ прозорец или ги прегазува камион. Додека Лавовите се стремат кон сопствено истакнување и привлекување на вниманието да станат познати, Рибите би сакале тоа да се случи сосема ненадејно. Велат дека сакаат искрена критика, меѓутоа ако им кажете дека нешто што направиле не ви се допаѓа, во состојба се да извршат самоубиство. Кога се расправате со Рибите не се повикувајте на логика, Рибите живеат во Нарнија. Плачат над телата на мртвите животни на патот, ама не би имале проблем со автомобилот да ги покосат неистомислениците. Раковите велат едно, а прават друго. Скорпиите кажуваат една работа и тоа од чист инает, Рибите секако ќе кажат премногу и ќе направат што сакаат во тој момент.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Девица подзнак бик